Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Свет во хаос — како да опстанеме

Свет во хаос — како да опстанеме

Дали проблемите што го мачат светот те погодуваат тебе лично повеќе од кога и да било порано? Дали и ти си засегнат од некој од следниве проблеми?

  • вооружени конфликти

  • епидемии

  • природни катастрофи

  • сиромаштија

  • предрасуди

  • криминал

Кога ќе ги снајде некоја трагедија, мнозина доживуваат шок и се чувствуваат безнадежно. Некои толку се потресени што запаѓаат во емоционална затапеност, стануваат рамнодушни кон сѐ. Но, ако ваквата состојба потрае, работите може само уште повеќе да се влошат.

Во овие хаотични времиња, направи сѐ што можеш за да ги заштитиш своите блиски, да си ги зачуваш здравјето и внатрешниот мир, како и материјалните работи неопходни за опстанок.

Што можеш да правиш сега за полесно да се справиш со хаосот што владее во светот?