РАЗБУДЕТЕ СЕ! Бр. 1, 2018 | Кој е патот до среќата?
КАДЕ ДА НАЈДЕМЕ ДОБРИ СОВЕТИ ЗА СРЕЌЕН ЖИВОТ?
Библијата вели: „Среќни се оние што се непорочни на својот пат“ (Псалм 119:1).
Во овие седум статии се зборува за начела за кои времето и искуството потврдиле дека водат до среќа.
Како да го пронајдеш
Дали се сметаш за среќен човек? Што те прави среќен?
Исправен став кон парите и дарежливост
Многу луѓе ја мерат среќата по она што го поседуваат. Но дали парите и материјалните поседи носат трајна среќа? Што покажува искуството?
Здравје и приспособливост
Ако имаме лошо здравје, дали сме осудени на несреќен живот?
Љубов
За да бидеме среќни, многу е важно да сакаме и да бидеме сакани.
Простување
Ако животот ни е исполнет со лутина и огорченост, нема да бидеме ни среќни ни здрави.
Смисла во животот
За да бидеме среќни, многу е важно да ги дознаеме одговорите на важните животни прашања.
Надеж
На многумина им е тешко да бидат среќни доколку не знаат каква иднина ги очекува нив и нивните блиски.
Дознај повеќе
Голем број фактори влијаат врз тоа дали некој ќе биде среќен. Дознај повеќе за оваа интернет-страница која може да ти помогне во различни аспекти од животот.