Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Вовед

Вовед

12 тајни за среќно семејство

Сѐ поголем е бројот на семејствата кои се распаѓаат. Но, во што се крие тајната на успехот на среќните семејства?

  • Во периодот од 1991 до 2015 год., бројот на разводи во Македонија се зголеми за повеќе од четири пати.

  • Родителите се збунети. Некои стручњаци препорачуваат децата да се опсипуваат со пофалби, а други, пак, сметаат дека родителите ќе им помогнат на децата само доколку се строги со нив.

  • Младите влегуваат во светот на возрасните неподготвени да се соочат со предизвиците што ги носи животот.

Сепак, факт е дека...

  • Бракот може да биде траен и среќен.

  • Родителите можат да научат да ги воспитуваат своите деца на урамнотежен начин.

  • Младите можат да стекнат особини и вештини кои ќе им помогнат да станат зрели и одговорни личности.

Во овој број на Разбудете се! се зборува за 12 работи кои се потребни за едно семејство да биде среќно.