Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

1. Дали Бог е виновен за нашите страдања?

1. Дали Бог е виновен за нашите страдања?

Зошто е важен одговорот

Многу луѓе не сакаат да имаат ништо со Бог бидејќи сметаат дека тој е виновен за страдањата.

Размисли

На директен или индиректен начин, многу верски водачи поучуваат дека Бог е виновен за нашето страдање. На пример, некои го велат следново:

  • Природните катастрофи се казна од Бог.

  • Децата умираат бидејќи на Бог му требаат повеќе ангели на небото.

  • Бог зазема страна во војните, кои се причина за страдањето на многу луѓе.

Но, можно ли е верските водачи да го прикажуваат Бог во погрешно светло? Што ако Бог не ги одобрува нив?

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Гледај го видеоклипот Зошто да ја проучуваш Библијата? на jw.org.

Што вели Библијата

Бог не ги предизвикува нашите страдања.

Ако тој е виновен за страдањата, тоа би било во спротивност со неговите особини кои ги дознаваме од Библијата. На пример:

„Сите [Божји] патишта се правда... Праведен е и вистинољубив“ (5. МОЈСЕЕВА 32:4).

„Не е можно вистинскиот Бог да прави зло, Семоќниот да постапува неправедно!“ (ЈОВ 34:10).

„Семоќниот не ја извртува правдата“ (ЈОВ 34:12).

Бог не ги одобрува религиите кои шират лаги за него.

Во нив спаѓаат религиите кои поучуваат дека Бог ги предизвикува страдањата и религиите кои ги одобруваат војните и насилството.

„Тие пророци пророкуваат лага во мое [Божје] име. Ниту ги испратив, ниту им дадов некаква заповед, ниту им реков нешто. Тие ви пророкуваат од своето срце лажни виденија... и измами“ (ЕРЕМИЈА 14:14).

Исус го осудил лицемерството на верските водачи.

„Не секој што ми вели: ’Господару, Господару‘, ќе влезе во небесното царство, туку оној што ја врши волјата на мојот Татко, кој е на небесата. Мнозина ќе ми речат во оној ден: ’Господару, Господару, не пророкувавме ли во твое име, и не истерувавме ли демони во твое име, и не правевме ли многубројни моќни дела во твое име?‘ Тогаш ќе им речам: ’Никогаш не сум ве познавал! Бегајте од мене, вие што правите беззаконија!‘“ (МАТЕЈ 7:21-23).