Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ИСТА ПОРАКА НА СТОТИЦИ ЈАЗИЦИ

Премостување една вековна бариера

Премостување една вековна бариера

ВО МОМЕНТОВ, низ светот се зборуваат околу 7.000 јазици! Тоа во голема мера ги отежнува патувањата, бизнисот, образованието и политичките односи. Но, овој проблем постоел и во старо време. На пример, некаде околу 475 год. пр.н.е, Персијците под власта на цар Ахасвер (веројатно Ксеркс I) требало да пренесат некои законски одредби низ целото царство од Индија до Етиопија, односно во „над сто дваесет и седум покраини, на секоја покраина со нејзиното писмо и на секој народ на неговиот јазик“. *

Денес, ретко која организација, па дури и влада, би се осмелила на еден таков чекор. Сепак, организацијата на Јеховините сведоци успеала да го направи тоа. Тие издаваат списанија, аудио и видео материјали, како и многу книги меѓу кои и Библијата, на повеќе од 750 јазици. Тука спаѓаат и околу 80 знаковни јазици. Освен тоа, Јеховините сведоци издаваат и публикации на Брајово писмо на повеќе јазици, наменети за слепи лица.

Но, од целата таа работа Јеховините сведоци не заработуваат ништо. Всушност, оние што преведуваат и другите што им помагаат сето тоа го прават доброволно. Зошто вложуваат толку многу за да преведуваат на толкав број јазици, и како го прават тоа?

^ пас. 3 Види во Библијата, во Естира 8:9.