Што мислиш?
Може ли Библијата да ти помогне да станеш пријател со Бог?
НЕКОИ ВЕРУВААТ...
дека не можат да бидат пријатели со Бог бидејќи се сметаат недостојни и грешни. Други велат дека Бог не се грижи за нас. Што мислиш ти?
ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА
Бог е близок со справедливите (Изреки 3:32). Ако сме му послушни на Бог, може да бидеме негови пријатели.
ШТО ДРУГО УЧИМЕ ОД БИБЛИЈАТА?
Бог сака да биде пријател со нас (Јаков 4:8).
Како наш пријател, Бог е спремен да ни помогне и да ни прости (Псалм 86:5).
Пријателите на Бог го сакаат она што тој го сака и го мразат она што тој го мрази (Римјаните 12:9).