Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

3. Како да се носиш со проблемите

3. Како да се носиш со проблемите

Некои проблеми сега-засега не можеме ниту да ги избегнеме ниту да ги решиме. На пример, ако си изгубил некој од најблиските или имаш хроничен здравствен проблем, можеби не ти преостанува ништо друго освен да најдеш начин да се носиш со својата болка. Може ли Библијата да ти помогне во такви тешки ситуации?

ХРОНИЧЕН ЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ

Роза вели: „Имам генетско нарушување поради кое постојано сум во силни болки. Здравјето сѐ повеќе ми се влошува и тоа влијае врз мојот живот“. Таа била многу загрижена затоа што понекогаш не можела да се сконцентрира на она што го проучувала од Библијата и на други духовни работи. Но, многу ѝ помогнале зборовите на Исус запишани во Матеј 19:26: „За Бог сѐ е возможно“. Роза сфатила дека може да проучува и на други начини. Бидејќи понекогаш не можела да чита поради болките, почнала да слуша снимки од Библијата и од библиската литература. * Таа вели: „Да не беше тоа, не знам како ќе успеев да го задржам моето пријателство со Бог“.

Кога Роза е тажна затоа што повеќе не може да прави некои работи што порано ги правела, наоѓа утеха во зборовите од 2. Коринќаните 8:12: „Давањето е особено добредојдено ако човек има желба да даде. Од секого се очекува да го даде она што го има, а не она што го нема“. Тие зборови ѝ помагаат да не заборави дека Бог е задоволен со она што таа може да го прави, бидејќи дава сѐ од себе во склад со своите ограничувања.

СИЛНА ТАГА

Делфина, која веќе ја спомнавме, вели: „Кога на 18 години почина ќерка ми, болката беше толку силна што мислев дека повеќе нема живот за мене. Ништо не беше како порано“. Но, многу ја утешиле зборовите што псалмистот му ги кажал на Бог, според Псалм 94:19: „Кога во мене се намножија немирни мисли, утехите од тебе ми ја милуваа душата“. Делфина вели: „Го молев Јехова да ми помогне да бидам зафатена со работи што ќе ми ја олеснат болката“.

Таа се посветила на корисна волонтерска работа. По некое време, на себе почнала да гледа како на скршена боичка. Со една мрсна боичка можеш да боиш дури и ако е скршена. Слично на тоа, иако Делфина била скршена, сфатила дека сепак може да им помага на другите. Таа вели: „Кога ги користев библиските начела и вистини за да ги тешам оние на кои им помагав да ја разберат Библијата, всушност, Јехова ме тешеше мене“. Таа си направила список со библиски личности кои во одреден период од својот живот чувствувале силна емоционална болка. „Сите до еден биле луѓе кои му се молеле на Бог“, вели таа. Исто така, сфатила дека Библијата може да ти помогне само ако ја читаш.

Делфина научила уште нешто од Библијата — да не мисли на минатото, туку да гледа напред. Голема утеха ѝ дава ветувањето од Дела 24:15: „Бог ќе ги воскресне и праведните и неправедните“. Дали Делфина е уверена дека Јехова ќе ја воскресне нејзината ќерка? Таа вели: „Кога ќе помислам на иднината, таму е и ќерка ми. Знам дека повторно ќе се сретнеме во времето што Бог го одредил. Можам да видам како си седиме во дворот, и тоа ми е исто толку реално како моментот кога таа се роди“.

^ пас. 4 На интернет-страницата jw.org се достапни многу такви снимки на разни јазици.

Библијата може да ти помогне да најдеш утеха и во најцрните мигови