Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

КАКО ДА СЕ ПРЕКИНЕ КРУГОТ НА ОМРАЗАТА

1 | Биди непристрасен

1 | Биди непристрасен

Библиско учење:

„Бог не е пристрасен, туку во секој народ го прифаќа оној што се бои од него и го прави она што е праведно“ (ДЕЛА 10:34, 35).

Што значи ова:

Јехова a Бог не ни суди според нашата националност, раса, боја на кожа или култура. Тој се концентрира на она што е навистина важно — какви сме однатре. Во Библијата пишува дека „човекот го гледа она што го гледаат очите, а Јехова го гледа она што е во срцето“ (1. Самоилова 16:7).

Како може ова да ти помогне:

Ние не можеме да видиме што има некој во срцето, но можеме да се трудиме да го следиме примерот на Бог и да бидеме непристрасни. Труди се да ги гледаш луѓето како поединци, а не како група. Ако забележиш дека имаш негативни чувства кон другите — можеби кон оние од друга раса или националност — моли го Бог да ти помогне да ги искорениш тие чувства (Псалм 139:23, 24). Ако искрено го молиш Јехова да ти дава сила да бидеш непристрасен, биди уверен дека тој ќе те чуе и ќе ти помогне (1. Петрово 3:12).

a Јехова е името на Бог (Псалм 83:18).

„Никогаш порано не сум седел во мир со белец... Сега припаѓам на едно вистинско меѓународно братство“ (ТАЈТУС)