Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Може да ја победиме омразата!

Може да ја победиме омразата!

Дали некогаш си бил жртва на омраза?

Дури и да не ти се случило тебе лично, сигурно си бил сведок на некој вид омраза. Постојано слушаме вести за расизам, хомофобија и ксенофобија — омраза темелена на расна, сексуална или национална основа. Како резултат на ова, во многу земји се носат закони кои предвидуваат построги казни за оние кои вршат злосторства од омраза.

Омразата раѓа омраза. Оној што бил жртва на омраза обично сака да се одмазди, и така само се продолжува кругот на омразата.

Можеби си бил жртва на предрасуди, стереотипи, исмевање, навреди и закани. Но, омразата обично не застанува тука. Често прераснува во агресија, малтретирање, вандализам, физички напади, силувања, убиства, па дури и геноцид.

Во ова списание ќе видиме како може да се победи омразата, а ќе добиеме одговор и на следниве прашања:

  • Зошто постои толку многу омраза?

  • Како може да се прекине кругот на омразата?

  • Ќе живееме ли некогаш во свет без омраза?