Омраза на секој чекор
Човечкиот род е погоден од пандемија на омраза.
На вестите и на социјалните мрежи сѐ почесто се зборува за говор на омраза, заканувачки писма и злосторства мотивирани од омраза. Луѓето се сѐ почесто жртви на предрасуди, стереотипи, исмевање, навреди, закани и вандализам. Човечкото достоинство се гази на секој чекор.
Ова списание објаснува како може да се прекине кругот на омразата. Тоа не е само сон. Милиони луѓе низ целиот свет успеале да ја искоренат омразата од своето срце. Дознај како.