Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Што вели Библијата?

Што вели Библијата?

Кој или што е Ѓаволот?

ШТО МИСЛИШ, дали Ѓаволот е...

  • Духовна личност?

  • Симбол за злото во самите луѓе?

  • Плод на човечката фантазија?

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Ѓаволот зборувал со Исус и го искушал (Матеј 4:1-4). Според тоа, Ѓаволот не е плод на човечката фантазија ниту, пак, е симбол за злото. Тој е злобна духовна личност.

ШТО ДРУГО УЧИМЕ ОД БИБЛИЈАТА

  • Во почетокот, Ѓаволот бил ангел и му бил верен на Бог, но не останал таков (Јован 8:44). Станал лажливец и се побунил против Бог.

  • И други ангели му се придружиле на Сатана Ѓаволот во побуната (Откровение 12:9).

  • Ѓаволот успеал да ги заслепи луѓето за да мислат дека тој не постои (2. Коринќаните 4:4).

Дали Ѓаволот има контрола врз луѓето?

НЕКОИ ЛУЃЕ МИСЛАТ дека е смешно да веруваме во такво нешто, додека други живеат во страв од зли духови. Што мислиш ти, влијае ли Ѓаволот врз луѓето?

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

„Целиот свет е под власта на Злобниот“ (1. Јованово 5:19). Ѓаволот има големо влијание врз луѓето, но тоа не значи дека има контрола над секој човек.

ШТО ДРУГО УЧИМЕ ОД БИБЛИЈАТА

  • Ѓаволот се служи со измама и така успева сѐ повеќе да влијае врз луѓето (2. Коринќаните 11:14).

  • Понекогаш и злите духови можат да влијаат врз луѓето (Матеј 12:22).

  • Со помош на Бог, можеш да успееш да му се спротивставиш на Ѓаволот (Јаков 4:7).