Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Ветувања кои сигурно ќе се исполнат

Ветувања кои сигурно ќе се исполнат

Како што прорекол Исус, добрата вест за Божјето Царство се проповеда низ целиот свет (Матеј 24:14). Од библиската книга Даниел дознаваме дека ова Царство е влада од Бог. Во второто поглавје од оваа книга е запишано едно пророштво за подемот и падот на некои од најмоќните светски сили, или царства, од времето на древниот Вавилон па сѐ до денес. Во 44. стих од истото поглавје е проречено нешто што ќе се случи во иднина. Таму стои:

„Небесниот Бог ќе подигне царство, кое нема никогаш да пропадне. И тоа царство нема да премине на некој друг народ. Тоа ќе ги сотре и ќе ги уништи сите други царства, а самото ќе стои довека.“

Ова и други библиски пророштва укажуваат дека Божјето Царство ќе ги замени сите човечки влади и дека ќе донесе мир и стабилност на Земјата. Каков ќе биде животот под власта на Божјето Царство? Да наведеме некои прекрасни ветувања кои наскоро ќе станат реалност.

  • НЕМА ДА ИМА ВОЈНИ

    Псалм 46:9: „[Бог] ги прекинува војните до крајот на земјата. Го крши лакот, го здробува копјето, со оган ја пали колата.“

    Замисли си каков би бил светот кога сите пари и сето знаење кои сега се вложуваат за да се произведе оружје би се насочиле на работи кои се за доброто на човештвото! Ветувањето дека нема да има војни ќе се исполни под власта на Божјето Царство.

  • НЕМА ДА ИМА БОЛЕСТИ

    Исаија 33:24: „Никој од жителите нема да рече: ’Болен сум‘.“

    Замисли си свет во кој никој нема да страда од срцеви заболувања, рак, дијабетес или други болести, свет во кој нема да има потреба од болници и лекарства. Во иднина, жителите на Земјата ќе имаат совршено здравје.

  • ЌЕ ИМА ДОВОЛНО ХРАНА ЗА СИТЕ

    Псалм 72:16: „На земјата житото богато ќе роди, по планинските врвови ќе го има во изобилство.“

    Земјата ќе раѓа доволно храна за секој човек, и таа ќе биде достапна за сите. Гладот и неисхранетоста ќе бидат минато.

  • НЕМА ДА ИМА БОЛКА, ТАГА И СМРТ

    Откровение 21:4: „[Бог] ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка. Сѐ што беше порано, помина.“

    Луѓето ќе бидат совршени и ќе живеат вечно на Земјата, која ќе биде рај. Тоа ни го ветил нашиот грижлив Творец, Јехова Бог.

БОГ НЕ МОЖЕ ДА ЛАЖЕ

Дали овие ветувања ти се чинат премногу добри за да бидат вистинити? Иако повеќето луѓе би сакале да живеат во таков свет каков што ветува Библијата, од различни причини, на многумина им е тешко да сфатат дека навистина е можно да живеат вечно. Ова е разбирливо бидејќи ниту еден човек досега не живеел вечно во такви совршени услови.

Човештвото е под ропството на гревот и смртта и трпи болки, страдања и неволји веќе толку долго што повеќето луѓе сметаат дека ваквиот начин на живот е нешто сосема нормално и природно. Но, нашиот Творец, Јехова Бог, немал намера луѓето да живеат на ваков начин.

За да нѐ увери дека сето она што го ветил ќе се исполни, Бог јасно кажал: „Мојата реч што излегува од мојата уста... нема да се врати кај мене без плод, туку ќе го направи она што го сакам и ќе го изврши она поради кое сум ја испратил“ (Исаија 55:11).

Во Библијата пишува дека Јехова е Бог „кој не може да лаже“ (Тит 1:2). Бидејќи тој ветил дека во иднина ќе се случат сите прекрасни работи што ги спомнавме, добро е сериозно да размислиме за следниве прашања: Дали навистина е можно луѓето да живеат вечно во рајот на Земјата што го ветил Бог? Што мора ние да правиме за да го доживееме исполнувањето на ова ветување? Одговорите на овие прашања ќе ги најдеш во следните статии од ова списание.