Кога животот ќе ти стане претежок товар
Сели, a која живее во САД и која изгубила речиси сѐ што имала во еден ураган, вели: „Со денови чувствував дека сум на работ на силите. Не знаев уште колку долго ќе издржам“.
А што ако ти умрел некој близок? Џенис од Австралија вели: „Кога ми починаа и двата сина, се чувствував скршено, како животот да ми се распадна на милион парчиња. Требаше повторно да ги составам и да продолжам таму каде што застанав. Го преколнував Бог: ’Те молам, само сакам да заспијам и повеќе да не се разбудам. Ова е неподносливо!‘“
Даниел, пак, се чувствувал очајно кога дознал дека жена му го изневерила. Тој објаснува: „Кога жена ми ми призна дека направила прељуба, како да ме прободе со остар нож во срцето. Чувствував дословна болка која не поминуваше со месеци“.
Во овој број на Стражарска кула ќе разгледаме зошто вреди да живееш дури и
Да видиме најпрво што може да ни помогне ако сме доживеале некоја катастрофа.
a Некои имиња во овие статии се сменети.