Кој е Царот на Божјето Царство?
Бог поттикнал неколку библиски писатели да запишат детали во врска со оној што ќе станел Цар на Божјето Царство. Тие запишале дека тој владетел ќе бил:
-
Избран од Бог. „Јас го поставив својот цар... Ќе ти ги дадам народите во наследство и краиштата на земјата во твоја сопственост“ (Псалм 2:6, 8).
-
Наследник на цар Давид. „Ни се роди дете, добивме син... Неговата кнежевска власт ќе се простира надалеку, и на мирот на Давидовиот престол и во неговото царство ќе му нема крај“ (Исаија 9:6, 7).
-
Роден во Витлеем. „Витлееме... Од тебе ќе ми излезе оној што ќе биде владетел... Неговата величина ќе се протега до краиштата на земјата“ (Михеј 5:2, 4).
-
Отфрлен од луѓето и погубен. „За нас беше презрен и безвреден. Тој беше прободен за нашиот престап, беше здробен за нашите гревови“ (Исаија 53:3, 5).
-
Воскреснат од мртвите и прославен. „Нема да ја оставиш мојата душа во гробот. Нема да дозволиш твојот лојален слуга да ја види јамата... Во твојата десница е вечното блаженство“ (Псалм 16:10, 11).
Исус Христос — најдобриот владетел
Низ целата човечка историја, само една личност ги исполнува условите за да биде совршен владетел, а тоа е Исус Христос. Всушност, еден ангел ѝ рекол на неговата мајка, Марија: „Бог ќе му го даде престолот на Давид, неговиот татко... и неговото царство ќе нема крај“ (Лука 1:31-33).
Додека бил на Земјата, Исус не станал владетел. Наместо тоа, тој ќе владее со човештвото од небото, како Цар на Божјето Царство. Зошто Исус ќе биде совршен владетел? Размисли што правел тој кога бил на Земјата.
-
Матеј 9:36; Марко 10:16). Кога еден лепрозен го молел: „Ако сакаш, можеш да ме исчистиш“, Исус се сожалил на него и го излекувал (Марко 1:40-42).
Исус покажувал грижа за луѓето. Тој им помагал и на мажи и на жени, без оглед на нивната возраст, потекло или статус во општеството ( -
Исус нѐ поучил како да го радуваме Бог. Тој рекол: „Не можете да му робувате и на Бог и на богатството“. Исто така, кажал дека мора да постапуваме со другите онака како што сакаме тие да постапуваат со нас. Исус истакнал и дека на Бог му е важно не само како постапуваме туку и како размислуваме и што чувствуваме. Затоа, за да го радуваме Бог, мора да внимаваме какви чувства развиваме во нашето срце (Матеј 5:28; 6:24; 7:12). Исус нагласил дека, за да бидеме вистински среќни, мора да дознаеме кои се Божјите мерила и да живееме според нив (Лука 11:28).
-
Исус нѐ поучил како да покажуваме љубов. Неговите зборови и постапки имале силно влијание врз оние што го слушале. Во Библијата пишува: „Мноштвата беа восхитени од неговото поучување, зашто ги поучуваше како некој зад чии зборови стои Бог“ (Матеј 7:28, 29). Исус им кажал: „Сакајте ги своите непријатели“. Тој се молел дури и за некои од оние што учествувале во неговото погубување. На Бог му рекол: „Татко, прости им, зашто не знаат што прават!“ (Матеј 5:44; Лука 23:34).
Исус може успешно да владее со човештвото. Под негова власт луѓето ќе бидат вистински среќни, бидејќи тој ги сака и се грижи за нив. Но, кога Исус почнува да владее?