Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Сѐ додека Бог владеел со човештвото, сите Божји созданија биле обединети и меѓу нив владеел мир

Зошто ни е потребно Божјето Царство?

Зошто ни е потребно Божјето Царство?

На почетокот на човечката историја, нашиот Творец, чие име е Јехова, бил единствениот Владетел. Тој владеел со љубов. Направил една прекрасна рајска градина во која луѓето можеле да живеат. Освен тоа, им дал изобилство храна и работа која ги исполнувала (1. Мојсеева 1:28, 29; 2:8, 15). На Земјата сѐ уште би имало мир ако луѓето не го отфрлеле Бог како свој Владетел.

Првите луѓе го отфрлиле Бог како свој Владетел

Од Библијата дознаваме дека еден бунтовен ангел, кој подоцна бил наречен Сатана Ѓаволот, го оспорил правото на Бог да владее. Тој на индиректен начин кажал дека луѓето ќе бидат посреќни без Божјето водство. За жал, нашите прародители, Адам и Ева, застанале на страната на Сатана и се побуниле против Бог (1. Мојсеева 3:1-6; Откровение 12:9).

Бидејќи го отфрлиле Бог како свој Владетел, Адам и Ева повеќе не можеле да живеат во рајот, и ја изгубиле можноста да имаат совршено здравје и да живеат вечно (1. Мојсеева 3:17-19). Нивната одлука негативно се одразила и врз децата што подоцна ги имале. Библијата вели дека поради тоа што Адам згрешил, „гревот влезе во светот и преку гревот смртта“ (Римјаните 5:12). Но, гревот водел до уште еден сериозен проблем кој е запишан во Библијата: „Човек владее над човек на негова штета“ (Проповедник 8:9). Со други зборови, кога луѓето владеат едни над други, секогаш има лоши последици.

ПОЧЕТОК НА ЧОВЕЧКОТО ВЛАДЕЕЊЕ

Нимрод се побунил против Јехова

Првиот владетел кој се спомнува во Библијата бил Нимрод. Тој се побунил против Бог. Уште од времето на Нимрод, многумина ги злоупотребувале власта и моќта што ги имале. Пред околу 3.000 години, цар Соломон напишал: „Гледај, солзи на угнетуваните, а нема кој да ги утеши. Моќта е во рацете на нивните угнетувачи“ (Проповедник 4:1).

И денес не е ништо подобро. Во една публикација издадена од Обединетите Нации во 2009 год. се вели дека лошиот начин на владеење сѐ повеќе се смета за „една од главните причини за лошите работи што се случуваат во светот“.

ПОТРЕБНА Е ПРОМЕНА!

На светот му се потребни подобри владетели и подобар облик на владеење. Нашиот Творец ни го ветил токму тоа!

Дури ни најдобрите влади не успеале да ги решат сериозните проблеми на човештвото

Бог воспоставил Царство или влада која ќе ги замени сите човечки влади и која „ќе стои довека“ (Даниел 2:44). Ова е Царството за кое се молат милиони луѓе (Матеј 6:9, 10). Но, Бог нема да биде тој што ќе владее со оваа влада. Наместо тоа, тој поставил за владетел некој што живеел на Земјата како човек. Кој е тој што Бог го избрал?