Како гледа Бог на твоите страдања?
Некои луѓе мислат дека Бог ниту забележува ниту, пак, дека му е важно кога некој страда.
РАЗМИСЛИ ЗА ОНА ШТО ГО КАЖУВА БИБЛИЈАТА
Бог забележува кога страдаш и не му е сеедно
„Јехова виде дека лошотијата на човекот на земјата е голема... и го доболи во срцето“ (1. Мојсеева 6:5, 6).
Бог ќе му стави крај на сето страдање
„Уште малку, и злиот ќе го снема. Ќе го побараш на местото негово, а него ќе го нема. А кротките ќе ја поседуваат земјата и ќе уживаат во изобилен мир“ (Псалм 37:10, 11).
Што ти посакува Бог
„’Зашто, јас добро знам какви се моите намери со вас,‘ вели Јехова, ’намери за мир, а не за неволја, за да ви дадам иднина и надеж. Вие ќе ме повикувате, ќе доаѓате кај мене и ќе ми се молите, а јас ќе ве слушам‘“ (Еремија 29:11, 12).
„Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам!“ (Јаков 4:8).