Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Најважната споредба што можеш да ја направиш

Најважната споредба што можеш да ја направиш

ДАЛИ СИ христијанин? Ако да, тогаш и ти се вбројуваш во преку двете милијарди луѓе на Земјата што се изјаснуваат како следбеници на Христос. Денес постојат илјадници религии што се нарекуваат христијански, но имаат спротивни учења и различни гледишта. Затоа, твоите верувања можеби многу се разликуваат од верувањата на другите христијани. Но, важно ли е во што точно веруваш? Да, важно е — доколку сакаш да бидеш онаков христијанин каков што се бара во Библијата.

Првите следбеници на Исус Христос биле наречени „христијани“ (Дела 11:26). Немало потреба да имаат и некој друг назив по кој ќе се разликуваат од другите бидејќи во тоа време постоела само една христијанска религија. Сите христијани обединето ги следеле учењата и упатствата на основачот на христијанството, Исус Христос. А како е со твојата религија? Дали нејзините учења се истите што ги кажал Исус и истите во кои верувале неговите први следбеници? Како можеш да го испиташ тоа? Постои само еден начин — да ги споредиш учењата на твојата религија со она што е запишано во Библијата.

Исус Христос многу ги почитувал светите списи и ги сметал за Божја Реч. Тој ги осудил оние што повеќе ги следеле човечките традиции отколку библиските учења (Марко 7:9-13). Според тоа, јасно е дека вистинските следбеници на Исус треба да ги темелат своите верувања на Библијата. Затоа, секој христијанин треба да се праша: „Дали учењата на мојата религија се во склад со Библијата?“ За да дојдеш до одговорот на ова прашање, најдобро ќе биде да ги споредиш учењата на твојата религија со она што стои во Библијата.

Исус рекол дека нашата вера во Бог мора да се темели на вистината — вистината што се наоѓа во Библијата (Јован 4:24; 17:17). А апостол Павле рекол дека Бог сака „најразлични луѓе да се спасат и добро да ја запознаат вистината“ (1. Тимотеј 2:4). Значи, многу е важно нашите верувања да бидат во склад со вистината од Библијата. Од тоа зависи нашето спасение!

КАКО ДА ГИ СПОРЕДИМЕ НАШИТЕ ВЕРУВАЊА СО БИБЛИЈАТА

Прочитај ги шесте прашања подолу и забележи каков одговор дава Библијата. Ако имаш Библија, побарај ги стиховите што се дополнително наведени и размисли за одговорите. Потоа прашај се: „Дали учењата на мојата религија се во склад со она што стои во Библијата?“

Прашањата и одговорите можат да ти помогнат да ја направиш најважната споредба во твојот живот. Дали би сакал да споредиш и други учења од твојата религија со она што го вели Библијата? Јеховините сведоци со задоволство ќе ти помогнат да дојдеш до вистинитите библиски одговори. Слободно замоли некој од нив за бесплатен библиски курс или посети ја нашата интернет-страница jw.org/mk.