Што вели Библијата?
Што е Божјето Царство?
НЕКОИ ЛУЃЕ ВЕРУВААТ дека Божјето Царство е во срцето на луѓето, додека други мислат дека тоа е резултат на човечките напори за светски мир и единство. Што мислиш ти?
ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА
„Небесниот Бог ќе подигне царство, кое нема никогаш да пропадне... Тоа ќе ги сотре и ќе ги уништи сите [човечки] царства“ (Даниел 2:44). Божјето Царство е вистинска влада.
ШТО ДРУГО УЧИМЕ ОД БИБЛИЈАТА
Божјето Царство владее од небото (Матеј 10:7; Лука 10:9).
Преку ова Царство, Бог ќе направи неговата волја да се врши како на небото така и на Земјата (Матеј 6:10).
Кога ќе дојде Божјето Царство?
ШТО БИ ОДГОВОРИЛ?
Никој не знае
Наскоро
Никогаш
ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА
„Оваа добра вест за царството ќе биде проповедана по целиот свет, за сведоштво на сите народи, и тогаш ќе дојде крајот“ (Матеј 24:14). Штом добрата вест ќе биде проповедана до онаа мера до којашто е потребно, Царството ќе дојде за да му стави крај на злобното општество во кое живееме.
ШТО ДРУГО УЧИМЕ ОД БИБЛИЈАТА
Ниту еден човек не знае кога точно ќе дојде Божјето Царство (Матеј 24:36).
Библиските пророштва покажуваат дека Божјето Царство ќе дојде наскоро (Матеј 24:3, 7, 12).