Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Ќе биде уништено сето воено оружје

Што вели Библијата?

Што вели Библијата?

Ќе има ли некогаш мир на Земјата?

Што мислиш ти?

  • Да

  • Не

  • Можеби

Што вели Библијата

Кога ќе завладее Исус Христос, „ќе има голем мир сѐ додека постои месечината“, што значи засекогаш (Псалм 72:7).

Што друго учиме од Библијата

  • На Земјата повеќе нема да има злобни луѓе, а добрите „ќе уживаат во изобилен мир“ (Псалм 37:10, 11).

  • Бог ќе им стави крај на сите војни (Псалм 46:8, 9).

Можно ли е уште денес да имаме внатрешен мир?

Некои луѓе мислат... дека не е можно да имаме внатрешен мир сѐ додека во светот постојат толку многу страдања и неправди. Што мислиш ти?

Што вели Библијата

Оние што се блиски со Бог можат уште денес да го имаат „мирот Божји, кој ја надминува секоја мисла“ (Филипјаните 4:6, 7).

Што друго учиме од Библијата

  • Бог ветува дека ќе ги отстрани сите страдања и неправди. Тој рекол: „Правам сѐ ново“ (Откровение 21:4, 5).

  • Ќе стекнеме внатрешен мир ако се грижиме за нашите „духовни потреби“ (Матеј 5:3).