Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ДАЛИ ПОСТОЈАТ АНГЕЛИ?

Вистината за ангелите

Вистината за ангелите

Сакаш ли да ја дознаеш вистината за ангелите — кои се тие, како настанале и што прават? Најдобриот одговор на овие прашања може да ни го даде Божјата Реч — Библијата (2. Тимотеј 3:16). Што вели таа?

  • Исто како што Бог е дух, така и ангелите се невидливи духови кои немаат „месо и коски“. Верните ангели живеат на небото и се во непосредна близина на Бог (Лука 24:39; Матеј 18:10; Јован 4:24).

  • Во минатото, понекогаш ангелите се појавувале во човечки облик за да извршат некоја задача од Бог. Откако ќе ја извршеле задачата, повторно се враќале во духовен облик (Судиите 6:11-23; 13:15-20).

  • Иако за ангелите во Библијата се зборува во машки род и на Земјата секогаш се појавувале како мажи, тие немаат пол. Ангелите не стапуваат во брак и немаат свое потомство. Освен тоа, ангелите не се луѓе кои претходно живееле на Земјата па умреле — сеедно дали како бебиња, деца или возрасни. Секој од нив бил создаден од Јехова, и затоа во Библијата се наречени синови на вистинскиот Бог (Јов 1:6; Псалм 148:2, 5).

  • Во Библијата се спомнуваат „човечки и ангелски јазици“, што покажува дека духовните суштества имаат свој јазик и начин на комуникација. Иако Бог понекогаш користел ангели за да комуницира со луѓето, тој забранува да ги обожаваме ангелите и да им се молиме (1. Коринќаните 13:1; Откровение 22:8, 9).

  • Постојат миријади миријади ангели — можеби дури и милијарди * (Даниел 7:10; Откровение 5:11).

  • Ангелите се „моќни во силата“, односно многу помоќни од луѓето, и имаат натчовечка интелигенција. Очигледно, можат да патуваат со неверојатна брзина која ги надминува ограничувањата на физичките закони (Псалм 103:20; Даниел 9:20-23).

  • Иако имаат огромни умствени способности и голема моќ, ангелите имаат свои ограничувања и не знаат сѐ (Матеј 24:36; 1. Петрово 1:12).

  • Ангелите биле создадени како личности со особини како Божјите и со слободна волја. Затоа, исто како луѓето, и тие можат да одберат меѓу доброто и лошото. За жал, некои ангели одбрале да го прават она што е лошо и се побуниле против Бог (Јуда 6).

^ пас. 8 Една миријада е 10.000. Една миријада по една миријада е 100 милиони. Тоа што во Откровение се спомнуваат „миријади миријади“ ангели покажува дека постојат милиони, а можеби и милијарди духовни суштества!