Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Предлог за овој месец

Предлог за овој месец

Дали извлекуваш корист од објаснувањата за библиските стихови во Прирачникот за истражување на публикациите на Јеховините сведоци?

Овие објаснувања можат да ти помогнат подлабоко да ја истражуваш Божјата Реч. Тие можат да содржат детали за околностите во кои се случувале настаните од некој стих, зошто бил напишан стихот и на кого се однесува. А можат да содржат и детали за значењето на конкретни зборови или фрази од стихот.

Преку ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКАТА Watchtower и апликацијата JW Library® можеш директно од некој стих да ги отвориш референците во Прирачникот за истражување. Овие референци можеш да ги најдеш во полето од десната страна во кој и да било превод на Библијата што е достапен.

Кога ги користиш овие референци, обрни внимание на датумот. Најновите статии се појавуваат најгоре. Постарите статии што се наведени подолу во списокот можат да содржат објаснувања за кои подоцна биле направени промени во разбирањето.

  • Во ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКАТА Watchtower можеш да имаш директен пристап до референците за библиските стихови од Прирачникот за истражување.

  • За да можеш да имаш пристап до референците за библиските стихови во JW Library, треба да го преземеш Прирачникот за истражување и секогаш да ја имаш најновата верзија. За да го преземеш Прирачникот за истражување, оди во Библиотека, потоа во Индекс, а потоа кликни на последната верзија од Прирачникот за истражување.