Соработувај со Јехова секој ден
Ние сме Божји соработници (1. КОР. 3:9)
1. На кои начини можеме да соработуваме со Јехова?
ЈЕХОВА сакал совршените луѓе да соработуваат со него во исполнувањето на неговата намера. И покрај тоа што денес луѓето се несовршени, верните Божји слуги сепак можат да соработуваат со Јехова секој ден. На пример, ние сме „Божји соработници“ кога ја проповедаме добрата вест и кога им помагаме на луѓето да станат Божји слуги (1. Кор. 3:5-9). Навистина е голема чест што семоќниот Творец смета дека сме достојни да извршуваме една толку важна задача! Но, проповедањето не е единствениот начин на кој можеме да соработуваме со Јехова. Во оваа статија ќе видиме како го правиме тоа кога им помагаме на членовите на нашето семејство и на соверниците, кога сме гостољубиви, кога се ставаме на располагање да помагаме во организацијата и кога му служиме на Јехова во поголема мера (Кол. 3:23).
2. Зошто не треба да го споредуваме она што го правиме за Јехова со она што го прават другите?
2 Додека ја проучуваме оваа статија, важно е да имаме на ум дека секој од нас е различен. Се разликуваме во однос на возраста, здравјето, околностите и способностите. Затоа, не го споредувај она што ти можеш да го правиш за Јехова со она што другите можат да го прават. Апостол Павле напишал: „Секој нека го испита своето дело, па ќе има причина Гал. 6:4).
за задоволство во самиот себе, а не споредувајќи се со други“ (ПОМАГАЈ ИМ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО И НА СОВЕРНИЦИТЕ
3. Зошто може да се каже дека секој што се грижи за потребите на своето семејство соработува со Бог?
3 Јехова очекува од нас да се грижиме за нашето семејство. На пример, можеби работиш за да го издржуваш семејството. Многу мајки остануваат дома за да се грижат за своите бебиња. А ако нашите родители не се во состојба да се грижат за себе, можеби ние мора да се грижиме за нив. Доколку имаш вакви семејни обврски, веројатно не можеш да правиш за Јехова онолку колку што би сакал. Но не се обесхрабрувај! Овие обврски се многу важни. Тоа го покажува Божјата Реч во која пишува: „Ако некој не се грижи за своите, а посебно за домашните, се одрекол од верата и полош е од неверник“ (1. Тим. 5:8). Јехова се радува кога се грижиш за своето семејство (1. Кор. 10:31).
4. Како можат родителите да го стават Божјето Царство на прво место во животот, и какви резултати може да произлезат од тоа?
4 Родителите соработуваат со Јехова кога им помагаат на своите деца да си поставуваат духовни цели. Многу деца чии родители го правеле тоа, подоцна решиле полновремено да му служат на Јехова, дури и далеку од својот дом. Некои од нив се мисионери, други служат како пионери онаму каде што има поголема потреба од објавители, а некои служат во Бетел. Се разбира, кога децата се далеку од дома, родителите не можат да бидат со нив онолку колку што би сакале. И покрај тоа, тие покажуваат самопожртвуваност со тоа што ги поттикнуваат своите деца да продолжат да му служат на Јехова каде и да се. Зошто? Бидејќи се многу среќни што нивните деца го ставаат Јехова на прво место во животот (3. Јов. 4). Голем број од овие родители се чувствуваат како Ана која рекла дека му го подарила својот син Самоил на Јехова (1. Сам. 1:28). Тие сметаат дека е голема чест што можат на таков начин да соработуваат со Бог.
5. Како би можел да им помагаш на браќата и сестрите во твоето собрание? (Види ја сликата на почетокот од статијата.)
5 Ако немаш премногу семејни обврски, би можел ли да им помагаш на браќата и сестрите кои се болни, остарени или имаат други потреби? Или, би можел ли да им помагаш на оние што се грижат за нив? Размисли кому во твоето собрание му е потребна таква помош. На пример, можеби некоја сестра се грижи за својот остарен родител. Би можел ли понекогаш да останеш со нејзиниот родител за да може таа да заврши други работи? Исто така, некому можеби му треба превоз до салата за состаноци, до продавница или до болница за да посети некого. Би можел ли да му помогнеш така што ќе му понудиш превоз? Ако го правиш ова, можеби соработуваш со Јехова за тој да одговори на нечија молитва. (Прочитај 1. Коринќаните 10:24.)
БИДИ ГОСТОЉУБИВ
6. Што значи да бидеме гостољубиви?
6 Божјите соработници се познати по својата гостољубивост. Во Библијата, грчкиот збор преведен со „гостољубивост“ дословно значи „љубов кон непознати“ (Евр. 13:2). Во Божјата Реч има примери за тоа како да покажуваме таква љубов (1. Мој. 18:1-5). Ние можеме и треба да им помагаме на другите кога ќе ни се пружи прилика за тоа, без разлика дали се наши соверници или не (Гал. 6:10).
7. Какви благослови може да добиеме ако покажеме гостољубивост кон полновремените слуги кои го посетуваат нашето собрание?
7 Можеш ли да соработуваш со Јехова така што ќе покажеш гостољубивост 3. Јованово 5, 8.) Таквите прилики честопати ни овозможуваат „заемно да се охрабриме“ (Рим. 1:11, 12). Размисли за примерот на Олаф. Кога тој бил млад, еден покраински надгледник кој бил самец го посетил неговото собрание. Но, никој од собранието не бил во можност да му понуди сместување. Олаф ги прашал своите родители, кои не биле Сведоци, дали покраинскиот надгледник може да престојува во нивниот дом. Тие се согласиле, но кажале дека Олаф ќе треба да спие на каучот. Иако спиењето не му било удобно, Олаф воопшто не зажалил за таа промена. Тој си поминал многу убаво таа седмица со покраинскиот надгледник. Олаф се сеќава: „Секое утро, јас и покраинскиот надгледник станувавме рано и за време на појадокот разговаравме за многу интересни теми. Тоа многу ме охрабри и роди во мене желба да почнам со полновремена служба“. Во изминативе 40 години, Олаф служел како мисионер во неколку земји.
кон полновремените слуги кои го посетуваат твоето собрание? (Прочитај8. Зошто треба да покажуваме љубов дури и ако другите во почетокот не се благодарни за тоа? Дај пример.
8 Има многу начини на кои можеме да покажеме љубов кон непознати, дури и ако тие во почетокот не се благодарни за тоа. Еве еден пример. Една сестра во Шпанија ја проучувала Библијата со една жена од Еквадор по име Јесика. Еден ден, додека проучувале, Јесика се расплакала. Кога сестрата ја прашала зошто плаче, Јесика рекла дека, пред да дојде во Шпанија, била многу сиромашна. Еден ден немала што да ѝ даде на ќеркичката да јаде. Имала само вода. Додека се трудела да го успие бебето, Јесика го молела Бог за помош. Кратко потоа, две наши сестри ја посетиле и ѝ понудиле списание. Но таа била груба со нив и го искинала списанието. Јесика гневно им рекла: „Ова ли да ѝ го дадам на ќерка ми да го јаде?“ Сестрите се обиделе да ја утешат, но Јесика не ги слушала. Подоцна, сестрите ѝ оставиле кошница со храна пред вратата. Додека проучувала со сестрата во Шпанија, Јесика почнала да плаче бидејќи тогаш сфатила дека не обрнала внимание на тоа како Бог ѝ одговорил на молитвата. Но сега, таа била решена да му служи на Јехова. Дарежливоста на двете сестри навистина дала убав плод! (Проп. 11:1, 6).
СТАВИ СЕ НА РАСПОЛАГАЊЕ ДА ПОМАГАШ ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА
9, 10. а) Наведи некои прилики кога Израелците можеле да се стават на располагање да помогнат. б) На кои начини можат браќата да помагаат во собранието денес?
9 Во минатото, Израелците имале многу прилики да се стават на располагање да помагаат (2. Мој. 36:2; 1. Лет. 29:5; Неем. 11:2). Денес, и ти имаш голем број прилики да ги користиш времето, средствата и вештините за да им помагаш на браќата и сестрите. Ако го правиш тоа, ќе бидеш радосен и Јехова ќе те благослови.
10 Божјата Реч ги поттикнува браќата во собранијата да соработуваат со Јехова така што ќе им служат на другите како слуга-помошници и старешини (1. Тим. 3:1, 8, 9; 1. Пет. 5:2, 3). Ваквите браќа им помагаат на соверниците во службата за Јехова, како и на други начини (Дела 6:1-4). Дали старешините те замолиле да служиш како редар или да помагаш околу литературата, подрачјата, одржувањето на салата или со нешто друго? Браќата што извршуваат вакви задачи велат дека тоа им причинува големо задоволство.
11. Какви благослови добила една сестра која учествува во градежни проекти?
11 Оние кои се пријавуваат како доброволци за да помагаат во градежни Рим. 1:12). Всушност, кога доживеала некои тешки моменти во животот, пријателите што ги стекнала на ваквите проекти многу ја охрабриле. Дали некогаш си учествувал во некој градежен проект на нашата организација? Можеш да се пријавиш како доброволец дури и ако немаш некоја посебна вештина.
проекти стекнуваат нови пријатели. Размисли за примерот на Марџи, една сестра која веќе 18 години учествува во изградба на сали за состаноци. За време на тие проекти, таа посебно се труди да им обрне внимание и да им даде обука на помладите сестри. Марџи вели дека овие проекти се одлична прилика доброволците да се охрабрат едни со други (12. Како би можел им да помогнеш на оние што биле погодени од некоја катастрофа?
12 Можеме да соработуваме со Јехова и така што ќе им помагаме на браќата кои доживеале природна катастрофа. На пример, може да приложиме пари (Јован 13:34, 35; Дела 11:27-30). Освен тоа, може да помагаме во расчистувањето или поправката на оштетените објекти. Габриела, една сестра од Полска чија куќа била речиси уништена од една поплава, многу се израдувала кога браќата од блиските собранија дошле да ѝ помогнат. Таа вели: „Не сакам да зборувам за она што го изгубив — тоа се само материјални работи. Повеќе сакам да зборувам за тоа колку многу добив. Ова искуство ме увери дека тоа што сум дел од христијанското собрание е посебна чест, но и извор на голема радост и задоволство“. Многумина на кои им била укажана помош по некоја катастрофа се чувствуваат исто како оваа сестра. А и оние што соработуваат со Јехова така што помагаат во вакви ситуации, се чувствуваат среќни и исполнети. (Прочитај Дела 20:35; 2. Коринќаните 9:6, 7.)
13. Како расте нашата љубов кон Јехова кога се ставаме на располагање да помагаме? Наведи пример.
13 Една сестра по име Стефани и други објавители соработувале со Бог така што им помагале на Сведоците кои пребегале во САД поради војна во нивната земја. Тие им помагале на овие бегалци да најдат место за живеење и да се снабдат
со мебел. Стефани вели: „Многу нѐ трогна кога видовме колку беа радосни и благодарни поради љубовта што им ја покажа меѓународното братство. Тие семејства мислат дека ние им помогнавме ним но, всушност, тие многу повеќе ни помогнаа нам. Нивната љубов, единство, вера и довербата во Јехова вистински ни ја зајакнаа нашата љубов кон Бог, и нѐ поттикнаа уште повеќе да го цениме сето она што го добиваме преку неговата организација“.СЛУЖИ ВО ПОГОЛЕМА МЕРА
14, 15. а) Каков став имал пророкот Исаија? б) Како можат Божјите слуги денес да покажат ист став како Исаија?
14 Би сакал ли да соработуваш со Јехова во уште поголема мера? Дали си спремен да се преселиш онаму каде што има поголема потреба од објавители? Се разбира, не мора да се преселиме далеку од дома за да покажеме дарежливост. Но околностите на некои браќа и сестри им дозволуваат да служат далеку од својот дом. Тие имаат ист став како пророкот Исаија. Кога Јехова прашал: „Кого да испратам? Кој ќе оди за нас?“, Исаија рекол: „Еве ме мене, испрати ме мене!“ (Иса. 6:8). Дали си спремен и дали си во можност да помагаш за да се задоволат потребите во Јеховината организација? Какви потреби постојат во организацијата?
15 Во врска со проповедничкото дело, Исус го рекол следново: „Жетвата е голема, а работници има малку. Затоа, молете го Господарот на жетвата да испрати работници на својата жетва“ (Мат. 9:37, 38). Можеш ли да служиш како пионер онаму каде што има потреба од повеќе објавители? Или, можеш ли да му помогнеш на некој друг да го стори тоа? Многу браќа и сестри сметаат дека најдобриот начин на кој можат да им покажат љубов на Бог и на ближните е да служат како пионери онаму каде што има поголема потреба од објавители. Можеш ли да се сетиш на кои други начини можеш да служиш во поголема мера? Биди уверен дека тоа ќе ти донесе многу благослови.
16, 17. На кои други начини можеш во поголема мера да му служиш на Јехова?
16 Дали си спремен да служиш во Бетел или да учествуваш во изградбата на некој теократски објект, можеби како привремен доброволец или така што ќе помагаш еден или повеќе денови во седмицата? На Јеховината организација постојано ѝ требаат луѓе кои се спремни да служат секаде каде што има потреба и да ја вршат секоја задача што ќе ја добијат, дури и ако имаат вештини и искуство за друг вид задача. Јехова ја цени самопожртвуваноста на секој што е спремен да служи онаму каде што има потреба (Пс. 110:3).
17 Дали би сакал да добиеш дополнителна обука за да можеш да му служиш на Јехова во поголема мера? Ако да, би можел да поднесеш молба за Школата за полновремени објавители. Преку оваа школа, духовно зрели браќа и сестри кои веќе му служат полновремено на Јехова добиваат обука за да може Божјата организација да ги користи во уште поголема мера. Оние што сакаат да одат на оваа школа треба да бидат спремни да служат секаде каде што ќе бидат испратени по дипломирањето. Дали си спремен на овој начин да правиш повеќе за Јехова? (1. Кор. 9:23).
18. Кои благослови ги добиваме затоа што секој ден соработуваме со Јехова?
18 Како слуги на Јехова, ние сме поттикнати секој ден да бидеме дарежливи кон другите и да им покажуваме добрина и љубов. Ова ни носи радост, мир и задоволство (Гал. 5:22, 23). Без оглед на твоите околности, ќе бидеш среќен сѐ додека се трудиш да бидеш дарежлив како Јехова и да бидеш негов скапоцен соработник! (Изр. 3:9, 10).