СТАТИЈА ЗА ПРОУЧУВАЊЕ 31
Дали си спремен да чекаш на Јехова?
Готов сум да го чекам Богот на моето спасение (МИХ. 7:7)
ПЕСНА 128 Да бидеме истрајни!
КРАТОК ПРЕГЛЕД *
1-2. Што ќе разгледаме во оваа статија?
ЗАМИСЛИ дека некој твој пријател треба да ти донесе нешто што ти е многу потребно. Како ќе се чувствуваш ако не пристигне во договореното време? Дали ќе бидеш разочаран? Во Изреки 13:12 пишува: „Од предолго исчекување се разболува срцето“. Но, како ќе се чувствуваш ако дознаеш дека има добри причини зошто пријателот не пристигнал во договореното време? Во тој случај, веројатно ќе ти биде полесно да бидеш стрплив и спремно да чекаш.
2 Во оваа статија ќе разгледаме неколку библиски начела што ќе ни помогнат да научиме стрпливо да чекаме (Мих. 7:7). Потоа ќе разгледаме две подрачја на кои мора стрпливо да чекаме на Јехова. На крајот ќе ги разгледаме благословите што Јехова им ги ветил на оние што се спремни да чекаат на него.
БИБЛИСКИ НАЧЕЛА КОИ НЀ УЧАТ НА СТРПЛИВОСТ
3. Што учиме од начелото запишано во Изреки 13:11?
3 Едно начело кое ни покажува зошто треба да бидеме стрпливи е запишано во Изреки 13:11. Таму стои: „Богатството кое брзо се стекнува, брзо го снемува, но богатството на оној што собира малку по малку, ќе се зголемува“ (Превод Нов свет, ревидирано издание на англиски од 2013). Која е поуката од овој стих? Мудро е да бидеме стрпливи и да ги правиме работите чекор по чекор.
4. Што учиме од начелото кое се наоѓа во Изреки 4:18?
4 Во Изреки 4:18 пишува дека „патеката на праведниците е како блескава светлина, која свети сѐ посилно додека сосема не се раздени“. Овие зборови јасно покажуваат дека Јехова на своите слуги постепено им ја открива својата намера. Во поширока смисла, овој стих може да се примени и на начинот на кој еден христијанин напредува во духовен поглед. Таквиот напредок не се случува преку ноќ. За тоа е потребно време. Ако марливо ја проучуваме Божјата Реч и го применуваме она што го учиме од неа и од Божјата организација, постепено ќе ги развиваме особините што ги има Христос. Исто така, подобро ќе го запознаеме Бог. Да разгледаме една споредба на Исус.
5. Која споредба ја кажал Исус во врска со нечиј духовен раст?
5 Во една споредба, Исус објаснил дека пораката за Царството што ја проповедаме е како мало семе што постепено расте во срцето на оние што се искрени. Тој рекол: „Семето никнува и расте, а тој [сејачот] и не знае како. Земјата сама од себе постепено донесува плод — прво стебленце, потоа клас и, на крајот, полно зрно во класот“ (Мар. 4:27, 28). Што сакал да каже Исус со ова? Исто како што едно растение постепено расте, така и оној што ја прифаќа пораката за Царството постепено расте во духовен поглед. На пример, како што нашите интересенти стануваат сѐ поблиски со Јехова, почнуваме да ги забележуваме убавите промени што ги прават (Еф. 4:22-24). Но, мора да имаме на ум дека Јехова е тој што дава тоа мало семе да расте (1. Кор. 3:7).
6-7. Што учиме од начинот на кој Јехова ја создал Земјата?
6 Јехова секогаш стрпливо одвојува онолку време колку што е потребно за да го заврши она што го започнал. Тој го прави тоа и за да го прослави своето име и за корист на другите. На пример, размисли за тоа како Јехова постепено ја подготвувал Земјата за луѓето.
7 Кога опишува како Јехова ја создал Земјата, Библијата вели дека тој ѝ ги одредил „мерките“, ги поставил „нејзините Јов 38:5, 6). Јехова дури си одвоил време да го провери она што го направил (1. Мој. 1:10, 12). Можеш ли да си замислиш како се чувствувале ангелите додека гледале како Јехова постепено го оформува секое ново создание? Тие биле толку восхитени што воскликнувале од радост (Јов 38:7). Што може да научиме ние? Биле потребни илјадници години за Јехова да ги создаде сите прекрасни творби. Но, кога го погледнал сето она што толку внимателно го создал, рекол дека е „многу добро“ (1. Мој. 1:31).
подножја“ и ѝ го положил „аголниот камен“ (8. Што ќе разгледаме сега?
8 Од примерите што ги разгледавме, видовме дека има многу начела во Божјата Реч што истакнуваат дека треба да бидеме стрпливи. Сега ќе разгледаме две конкретни подрачја на кои е важно спремно да чекаме на Јехова.
КОГА Е ПОТРЕБНО ДА ЧЕКАМЕ НА ЈЕХОВА?
9. На кое подрачје треба да чекаме на Јехова?
9 Можеби ќе треба стрпливо да чекаме Јехова да ни одговори на молитвите. Можеби го молиме Јехова да ни даде сила да се справиме со некој проблем или да ни помогне да надминеме некоја наша слабост, но ни се чини дека поминува доста време, а сѐ уште нема никаква промена. Зошто Јехова не ни одговара веднаш на сите наши молитви?
10. Зошто е потребно стрпливо да чекаме Јехова да ни одговори на молитвите?
10 Јехова внимателно ги слуша нашите молитви (Пс. 65:2). Кога искрено му се молиме, за него тоа е доказ дека имаме вера во него (Евр. 11:6). Исто така, тој сака да види колку сме решени да постапуваме во склад со нашите молитви и да ја вршиме неговата волја (1. Јов. 3:22). Затоа, кога го молиме Јехова да ни помогне да надминеме некоја лоша навика или слабост, можеби ќе треба да бидеме стрпливи и да вложуваме труд да ги правиме потребните промени. Исус укажал дека некои наши молитви можеби нема да бидат одговорени веднаш. Тој рекол: „Молете, и ќе ви се даде. Барајте, и ќе најдете. Чукајте, и ќе ви се отвори. Зашто, секој што моли, добива. Секој што бара, наоѓа. И на секој што чука, ќе му се отвори“ (Мат. 7:7, 8). Кога го следиме овој совет и истрајуваме во молитвата, можеме да бидеме уверени дека нашиот небесен Татко нѐ слуша и дека ќе ни одговори на молитвите (Кол. 4:2).
11. Како ни помагаат зборовите од Евреите 4:16 кога ни се чини дека Јехова премногу чека за да одговори на некоја наша молитва?
11 Можеби си мислиме дека Јехова премногу чека за да одговори на некоја наша молитва. Но во Евреите 4:16, во ревидираното издание на англиски, стои следново ветување: „Затоа, да пристапиме со слобода на говорот кон престолот на незаслужената доброта, за Бог да ни покаже милосрдие и да ни покаже незаслужена доброта во вистинското време“. Значи, Јехова ветува дека ќе ни одговори на молитвите во вистинското време. Затоа, ако немаме одговор онолку брзо колку што ние сме очекувале, никогаш не треба да го обвинуваме Јехова. На пример, многумина со години се молат Божјето Царство да му стави крај на овој свет. И Исус нѐ поттикнал да го правиме тоа (Мат. 6:10). Но, колку неразумно би било да дозволиме да ни ослаби верата затоа што крајот не дошол во времето кога ние сме очекувале дека треба да дојде (Евр. 2:3; Мат. 24:44). Мудро е и понатаму да чекаме на Јехова и да продолжиме да се молиме со вера. Крајот ќе дојде во вистинското време, бидејќи Јехова го одредил точниот „ден и час“. Нема сомнение дека за сите нас тоа ќе биде најдоброто време што Јехова можел да го избере (Мат. 24:36; 2. Пет. 3:15).
12. Кога може да ни е особено тешко да бидеме стрпливи?
12 Можеби ќе треба да бидеме стрпливи додека чекаме да се задоволи правдата. Луѓето честопати се дискриминирани на темел на нивната раса, пол, етничка припадност, култура или националност. Други се малтретирани затоа што имаат некој ментален или физички недостаток. А многу Јеховини сведоци трпат неправди поради своите библиски верувања. Кога некој се однесува лошо со нас, мора да ги имаме на ум зборовите на Исус. Тој рекол: „Кој ќе истрае до крајот, тој ќе биде спасен“ (Мат. 24:13). Но, што ако дознаеш дека некој во собранието направил сериозен грев? Откако старешините дознале за тоа, дали ќе бидеш стрплив и ќе имаш доверба дека тие ќе постапат онака како што сака Јехова? Што можеби ќе треба да направат старешините во таква ситуација?
13. Што треба да преземат старешините кога некој ќе направи сериозен грев?
13 Кога ќе дознаат дека некој направил сериозен грев, старешините го молат Јехова да им ја даде „мудроста одозгора“ за да можат да гледаат на ситуацијата онака како што гледа Тој (Јак. 3:17). Нивна цел е, доколку е можно, да му помогнат на оној што згрешил да се врати „од неговиот крив пат“ (Јак. 5:19, 20). Исто така, тие сакаат да направат сѐ што е во нивна моќ за да го заштитат собранието и да им пружат утеха на оние што се повредени (2. Кор. 1:3, 4). Кога станува збор за сериозен грев, старешините мора најпрво да ги дознаат сите факти, а за тоа можеби ќе биде потребно време. Потоа тие се молат и му даваат на тоа лице промислен совет на темел на Библијата и соодветна дисциплинска мерка (Ерем. 30:11). Од една страна, старешините нема да одолговлекуваат, но од друга страна, нема да донесат избрзана одлука. Кога старешините постапуваат онака како што сака Јехова, тоа е за доброто на целото собрание. Но, и покрај тоа, оние што се засегнати од нечиј грев можеби сѐ уште чувствуваат болка. Ако тоа е случај и со тебе, што би можело да ти ја ублажи болката?
14. Кој пример од Библијата може да те утеши ако некој соверник многу те повредил?
14 Дали ти се случило некој многу да те повреди, можеби дури и некој соверник? Во Божјата Реч можеш да најдеш убави примери од кои учиме стрпливо да чекаме Јехова да ги исправи работите. На пример, Јосиф доживеал голема неправда од своите браќа. Сепак, не дозволил поради тоа да стане огорчен. Тој продолжил да му служи на Јехова најдобро што може, и бил награден за својата стрпливост и истрајност (1. Мој. 39:21). Со текот на времето, Јосиф можел да им прости на своите браќа кои го повредиле и да увиди како Јехова го благословил (1. Мој. 45:5). Слично на него, и ние ќе бидеме утешени ако останеме блиски со Јехова и ако ја оставиме правдата во негови раце (Пс. 7:17; 73:28).
15. Што ѝ помогнало на една сестра стрпливо да поднесе една неправда?
15 Се разбира, сите неправди не се толку сериозни како оние што ги доживеал Јосиф. Сепак, не ни е сеедно кога некој се однесува лошо со нас. Кога имаме проблем со некого, вклучувајќи ги и оние што не му служат на Јехова, многу ќе ни користи ако ги применуваме библиските начела (Фил. 2:3, 4). Размисли за она што ѝ се случило на една сестра. Таа била многу повредена кога дознала дека една колешка кажувала негативни и неточни работи за неа. Наместо да реагира избрзано, нашата сестра си одвоила време да размисли за примерот на Исус. Кога го навредувале, тој не возвраќал со навреди (1. Пет. 2:21, 23). Имајќи го ова на ум, сестрата решила да премине преку она што се случило. Подоцна, таа дознала дека нејзината колешка имала сериозен здравствен проблем и минувала низ стресен период. Затоа дошла до заклучок дека колешката веројатно не го мислела она што го кажала. На нашата сестра ѝ било драго што стрпливо ја поднела таа ситуација, и чувствувала мир.
16. Што може да те утеши ако страдаш поради некоја неправда? (1. Петрово 3:12).
16 Ако страдаш поради некоја неправда или поради нешто друго, не заборавај дека „Јехова е близу до оние што се скршени во Пс. 34:18). Тој те сака затоа што си стрплив и затоа што му ги доверуваш своите грижи (Пс. 55:22, фус.). Тој е Судијата на целата Земја, и ништо не е скриено од неговиот поглед. (Прочитај 1. Петрово 3:12.) Затоа, кога се соочуваш со сериозни проблеми кои не можеш да ги решиш, дали си спремен да чекаш на Јехова?
срцето“ (БЕСКРАЈНИ БЛАГОСЛОВИ ЗА ОНИЕ ШТО ЧЕКААТ НА ЈЕХОВА
17. Според Исаија 30:18, што ни ветува Јехова?
17 Наскоро, под власта на Царството, нашиот небесен Татко ќе ни излее богати благослови. Во Исаија 30:18 пишува: „Јехова ќе чека да ви се смилува и... ќе стане да ви покаже милост. Зашто, Јехова е Бог кој дава правда. Среќни се сите што го чекаат него“. Оние што стрпливо чекаат на Јехова ќе добијат многу благослови — и сега и во новиот свет.
18. Каква иднина нѐ очекува?
18 Кога ќе дојде новиот свет, Божјите слуги никогаш повеќе нема да се измачуваат со проблемите што постојат денес. Повеќе нема да има неправди, ниту болка (Отк. 21:4). Никој нема да чека да бидат задоволени неговите потреби, бидејќи ќе имаме сѐ во изобилство (Пс. 72:16; Иса. 54:13). Колку прекрасна иднина нѐ очекува!
19. За што Јехова постепено нѐ подготвува уште денес?
19 Во меѓувреме, Јехова ни помага да се избориме со лошите навики и да стекнеме убави особини. Со тоа, всушност, уште денес нѐ подготвува за живот под власта на неговото Царство. Затоа, продолжи да му служиш на Јехова и не се обесхрабрувај. Најдоброто допрва доаѓа! А додека да дојде тоа прекрасно време, да продолжиме радосно и стрпливо да чекаме Јехова да го доврши она што го започнал!
ПЕСНА 118 „Дај ни уште вера!“
^ пас. 5 Дали некогаш си слушнал како некој долгогодишен слуга на Јехова вели: „Никогаш не очекував дека ќе дочекам старост во овој свет“? Сите ние едвај чекаме Јехова да му стави крај на овој злобен свет, особено затоа што живееме во вакви тешки времиња. Но, мора да научиме да бидеме стрпливи. Во оваа статија ќе разгледаме некои библиски начела што ќе ни помогнат стрпливо да чекаме. Исто така, ќе разгледаме две подрачја на кои мора стрпливо да чекаме на Јехова. На крајот ќе ги разгледаме благословите што Јехова им ги ветил на оние што се спремни да чекаат.
^ пас. 56 ОПИС НА СЛИКАТА: Една сестра редовно му се моли на Јехова уште од рано детство. Кога била мала, родителите ја научиле како да се моли. Кога била тинејџер, почнала да служи како пионер и често го молела Јехова да ја благословува во службата. Со години подоцна, кога нејзиниот сопруг тешко се разболел, сесрдно го молела Јехова да ѝ дава сила да се носи со таа тешка ситуација. Денес таа е вдовица и продолжува истрајно да му се моли на Јехова, со доверба дека тој ќе ѝ одговори на молитвите, исто како што правел во текот на целиот нејзин живот.