Што можеш да правиш ако твојот сопружник гледа порнографија
-
„Се чувствував како мојот сопруг одново и одново да прави прељуба.“
-
„Се чувствував понижено, непривлечно и безвредно.“
-
„Не можев да зборувам со никого во врска со тоа. Се измачував во себеси.“
-
„Мислев дека на Јехова воопшто не му е грижа за мене.“
Од овие изјави се гледа колку многу страда една жена кога нејзиниот сопруг гледа порнографија. И, ако тој го прави тоа тајно, можеби со месеци или години, може да се случи таа да ја изгуби довербата во него. Една жена рекла: „Се чувствував како да не го познавам мојот сопруг и се прашував дали крие и други работи од мене“.
Оваа статија е наменета за жени чии сопрузи гледаат порнографија. a Во неа се објаснети библиски начела кои можат да им пружат утеха, да ги уверат во Јеховината грижа и да им помогнат во емоционален и во духовен поглед. b
ШТО МОЖЕ ДА ПРАВИ НЕВИНИОТ СОПРУЖНИК?
Иако не можеш да имаш контрола врз сѐ што прави твојот сопруг, сепак, можеш да преземеш некои чекори за да ја намалиш твојата болка и да почнеш да чувствуваш поголем внатрешен мир. Размисли за следниве предлози.
Немој да се обвинуваш себеси. Една жена чиј сопруг гледа порнографија може да си мисли дека на некој начин таа е виновна за тоа. Алиса c сметала дека сигурно не го задоволува својот сопруг како жена. Таа се прашувала: „Зошто мојот сопруг сака да гледа други жени наместо мене?“ Некои сопруги се обвинуваат дека со својата реакција придонесуваат да се влоши ситуацијата. Даниела вели: „Сметав дека, поради мојот претеран гнев само ја влошувам ситуацијата и го доведувам во опасност нашиот брак“.
Ако и ти имаш слични чувства, биди уверена дека пред Јехова ти не си виновна за постапките на твојот сопруг. Во Јаков 1:14 пишува: „Секого го искушува неговата желба, така што го привлекува и го мами“ (Рим. 14:12; Фил. 2:12). Јехова не те обвинува, туку те цени поради твојата верност кон него (2. Лет. 16:9).
Исто така, може да ти помогне тоа што ќе го земеш предвид фактот дека, ако некој сопруг гледа порнографија, тоа не значи дека неговата сопруга не може да го задоволи како жена. Експертите кои се занимаваат со оваа проблематика велат дека кај оној што гледа порнографија се создава незаситна желба за сексуални односи кои ниту една жена не може да ги задоволи.
Труди се да не бидеш претерано загрижена. Кетрин вели дека не можела да мисли на ништо друго освен на тоа дека нејзиниот сопруг гледа порнографија. Франческа вели: „Секогаш кога не знам каде е маж ми, многу се вознемирувам. Цел ден сум под голем стрес“. Други жени кажале дека се чувствуваат многу посрамено кога се заедно со други браќа и сестри кои можеби знаат за проблемот на нивниот сопруг. А некои признале дека се чувствуваат осамено бидејќи мислат дека никој не ја разбира нивната ситуација.
Сосема е нормално ако имаш вакви чувства. Но, ако постојано размислуваш на таков начин, само ќе си ја зголемиш вознемиреноста. Наместо тоа, труди се да се концентрираш на твоето пријателство со Јехова. Ако го правиш ова, со текот на времето, ќе имаш поголема внатрешна сила (Пс. 62:2; Еф. 6:10).
Може да ти помогне и тоа што ќе читаш и ќе размислуваш за некои жени кои се спомнати во Библијата, а кои исто така се измачувале поради некој свој проблем. Тие успеале да најдат утеха така што му се молеле на Јехова. Тој не ги отстранувал секогаш нивните проблеми, но им давал мир. На пример, Ана била „огорчена во душата“ поради ситуацијата во која се наоѓала. Но, таа долго време му се молела на Јехова и почувствувала мир иако не знаела како ќе се реши нејзиниот проблем (1. Сам. 1:10, 12, 18; 2. Кор. 1:3, 4).
Побарај помош од старешините во собранието. Тие можат да бидат „како засолниште од ветар и како прибежиште од бура“ (Иса. 32:2). Тие можеби дури и ќе ти препорачаат некоја сестра со која ќе можеш насамо да зборуваш и која ќе те утеши (Изр. 17:17).
ДАЛИ МОЖЕШ ДА МУ ПОМОГНЕШ?
Дали е можно да му помогнеш на твојот сопруг да прекине со навиката да гледа порнографија? Можеби. Библијата истакнува дека, кога ќе треба да се реши некој проблем или да се совлада некој моќен непријател, „подобро им е на двајца отколку на еден“ (Проп. 4:9-12). Истражувањата покажуваат дека честопати има добри резултати кога мажот и жената заедно соработуваат за тој да ја надмине својата зависност од порнографија и за да се обнови довербата во нивниот брак.
Се разбира, многу е важно дали твојот сопружник има вистинска желба да се избори со склоноста да гледа порнографија и дали е решен да даде сѐ од себе за да успее во тоа. Дали сесрдно го молел Јехова за сила и дали побарал помош од старешините? (2. Кор. 4:7; Јак. 5:14, 15). Дали презел чекори кои ќе му помогнат да не се доведе во искушение да гледа порнографија — на пример, дали си поставил граници кога и како ќе ги користи своите електронски уреди и дали избегнува ризични ситуации? (Изр. 27:12). Дали ја прифаќа твојата помош и дали е целосно искрен со тебе? Ако е така, тогаш можеби ќе успееш да му помогнеш.
Како? Да разгледаме еден пример. Фелиција стапила во брак со Итан кој станал зависен од порнографија уште од раното детство. Таа му помага слободно да зборува со неа кога ќе му се појави желба да гледа порнографија. Итан објаснува: „Зборувам отворено и искрено со жена ми. Таа со љубов ми помага да си поставам граници и редовно ме прашува дали успевам да постапувам во склад со тоа. Исто така, ми помага да го ограничам мојот пристап до интернет“. Се разбира, Фелиција се чувствува повредено затоа што Итан сака да гледа порнографија. „Сепак,“ вели таа, „свесна сум дека мојот гнев и мојата болка не му помагаат да се ослободи од оваа ужасна зависност. Откако ќе зборуваме за неговите предизвици, тој е спремен да ми помогне да се справам со мојата болка“.
Ваквите разговори му помагаат на сопругот да се ослободи од порнографијата, но ѝ помагаат и на неговата жена повторно да му верува. Всушност, кога мажот отворено ѝ кажува на својата жена какви склоности има, каде оди и што прави, тогаш меѓу нив повеќе нема тајни.
Што мислиш, дали би можела да му помогнеш на твојот сопруг на сличен начин? Ако да, дали би можеле да ја прочитате оваа статија и заедно да разговарате за неа? Негови цели треба да бидат да престане да гледа порнографија и да ти даде основа да му веруваш. Наместо да ти се лути бидејќи сакаш да зборувате за проблемот, тој треба да се обиде да разбере како се чувствуваш. Твоја цел треба да биде да го поддржуваш во неговиот напор да престане да гледа порнографија и да му овозможиш повторно да ја стекне твојата доверба. И двајцата треба да ги разберете причините поради кои луѓето подлегнуваат на желбата да гледаат порнографија, и како може да се надмине тој проблем. d
Ако се плашиш дека разговорот ќе се претвори во жестока расправија, би можела да замолиш двајца старешини, со кои ти и твојот сопруг се чувствувате Проп. 7:8; 1. Кор. 13:4).
слободно, некое време да седат заедно со вас и да ви помагаат разговорот да тече смирено. Биди свесна дека, дури и ако твојот сопруг се избори со зависноста да гледа порнографија, сепак можеби ќе ти треба подолго време за повторно да стекнеш доверба во него. Но, немој да се откажуваш. Труди се да ги забележиш дури и малите знаци дека односот меѓу вас се подобрува. Не губи надеж дека ако сте стрпливи, со текот на времето, вашата брачна врска повторно ќе стане цврста (ШТО АКО ТВОЈОТ СОПРУГ ПРОДОЛЖУВА ДА ГЛЕДА ПОРНОГРАФИЈА?
Ако твојот сопруг некое време прекинал да гледа порнографија, но потоа повторно подлегнал на таа желба, дали тоа значи дека тој не се кае и дека ситуацијата е безнадежна? Не мора да значи. Ако тој е зависен од порнографија можеби ќе мора да се бори со оваа навика целиот свој живот. Дури и ако неколку години се воздржувал да не гледа порнографија, повторно би можел да се врати на старата навика. За да избегне тоа да му се случува во иднина, можеби ќе треба да преземе построги заштитни мерки и да се држи за нив дури и ако се чини дека го надминал проблемот (Изр. 28:14; Мат. 5:29; 1. Кор. 10:12). Тој ќе треба потполно да го смени начинот на размислување и да научи да го мрази злото — во кое е вклучена порнографијата, како и сите други нечисти постапки, како на пример мастурбирањето (Еф. 4:23; Пс. 97:10; Рим. 12:9). Дали тој е спремен да го вложи сиот овој труд? Ако да, тогаш неговата ситуација можеби не е безнадежна. e
Но, што ако твојот сопружник не сака да се бори со својот проблем? Сосема е разбирливо дека често ќе се чувствуваш разочарано, гневно и изневерено. Остави ги работите во Јеховини раце бидејќи тоа ќе ти помогне да чувствуваш внатрешен мир (1. Пет. 5:7). И понатаму зближувај се со Јехова така што ќе се молиш, ќе ја проучуваш Библијата и ќе размислуваш за неа. Додека го правиш тоа, биди уверена дека Јехова ќе се зближи со тебе. Како што пишува во Исаија 57:15, тој живее со оние што имаат „скршен и понизен дух“ и им помага да си ја вратат радоста. Продолжи да му служиш на Јехова најдобро што можеш. Барај помош од старешините. Не губи надеж дека во иднина твојот сопруг можеби ќе се смени (Рим. 2:4; 2. Пет. 3:9).
a Поради едноставност, во оваа статија ќе зборуваме дека сопругот е оној што гледа порнографија. Сепак, многу од начелата што ќе бидат разгледани во оваа статија ќе им користат и на сопрузите чии сопруги гледаат порнографија.
c Имињата се сменети.
d Корисни информации може да се најдат на jw.org и во нашите публикации. На пример, види ги статиите „Порнографијата може да ти го уништи бракот“ на jw.org, „Можеш да му одолееш на искушението!“, која излезе во Стражарска кула од 1 април 2014, страници 10-12 и „Порнографијата — безопасна или отровна?“, која излезе во Стражарска кула од 1 август 2013, страници 3-7.
e Бидејќи гледањето порнографија може да создаде голема зависност, некои брачни парови, освен што побарале духовна помош од старешините, одлучиле да побараат и додатна помош од стручни лица.