СТАТИЈА ЗА ПРОУЧУВАЊЕ 51
Колку добро го познаваш Јехова?
Оние што го знаат твоето име ќе имаат доверба во тебе, зашто ти нема да ги оставиш оние што те бараат тебе, Јехова (ПС. 9:10)
ПЕСНА 56 Нека те води вистината!
КРАТОК ПРЕГЛЕД *
1-2. Според примерот на Ангелито, што треба да прави секој од нас?
ДАЛИ си пораснал во семејство на Јеховини сведоци? Ако да, треба да имаш на ум дека пријателството со Јехова не можеш да го наследиш од своите родители. Без разлика дали нашите родители му служат на Бог или не, секој од нас мора лично да изгради пријателство со Јехова.
2 Размисли за искуството на брат Ангелито. Сите во неговото семејство се Јеховини сведоци. Но, кога бил на тинејџерска возраст, тој не се чувствувал многу близок со Бог. Ангелито признава: „Му служев на Јехова само затоа што сакав да го правам она што го правеа другите во семејството“. Сепак, тој решил да одвојува повеќе време за да ја чита Божјата Реч и да размислува за неа, и почнал многу почесто да му се моли на Јехова. Кој бил резултатот од тоа? Ангелито вели: „Сфатив дека единствениот начин да бидам поблизок со мојот мил Татко, Јехова, е така што самиот ќе се трудам подобро да го запознаам“. Примерот на Ангелито нѐ поттикнува да размислиме за неколку важни прашања: „Која е разликата меѓу тоа само површно да го познаваме Јехова и добро да го познаваме? И што можеме да правиме за добро да го запознаеме Јехова?“
3. Која е разликата меѓу тоа само површно да го познаваме Јехова и добро да го познаваме?
3 Некој може да мисли дека го познава Јехова само затоа
што го знае неговото име и знае некои работи што ги кажал или што ги направил. Но ова не значи дека добро го познава Јехова. За тоа е потребно нешто повеќе. Секој од нас треба да одвои време за да учи за Јехова и за неговите прекрасни особини. Само така ќе можеме да разбереме зошто кажува или зошто прави нешто. А тоа ќе ни помогне да сфатиме дали му се допаѓаат нашите ставови, одлуки и постапки. Откако ќе дознаеме што сака Јехова да правиме, треба да постапуваме во склад со тоа.4. Зошто е корисно да го разгледаме примерот на некои верни Божји слуги од Библијата?
4 Некои можеби ќе ти се потсмеваат затоа што сакаш да му служиш на Јехова, а можеби уште повеќе ќе ти се противат кога ќе почнеш да одиш на собраниските состаноци. Сепак, ако имаш доверба во Јехова, тој никогаш нема да те остави. Така ќе почнеш да градиш пријателство со Бог кое ќе трае засекогаш. Дали е можно толку добро да го познаваме Јехова? Да! Доказ за тоа е примерот што ни го оставиле несовршени луѓе како што биле Мојсеј и цар Давид. Додека го разгледуваме нивниот пример, ќе добиеме одговор на две прашања: Што им помогнало добро да го запознаат Јехова? И што можеме да научиме од нивниот пример?
МОЈСЕЈ ГО „ГЛЕДАЛ“ НЕВИДЛИВИОТ
5. Каква одлука донел Мојсеј?
5 Мојсеј одлучил да му служи на Бог. Кога имал 40 години, Мојсеј повеќе сакал да биде со Божјиот народ отколку да биде познат како „син на фараоновата ќерка“ (Евр. 11:24). Тој се откажал од висока положба во општеството. Мојсеј бил свесен дека, со тоа што застанува на страната на Израелците, кои биле робови во Египет, ќе го разгневи фараонот кој бил моќен владетел и кого Египќаните го сметале за бог. Со тоа Мојсеј покажал навистина голема вера! Тој имал доверба во Јехова. Таквата доверба му овозможила да изгради блиско пријателство со Јехова кое траело целиот негов живот (Изр. 3:5).
6. Што учиме од примерот на Мојсеј?
6 Која е поуката за нас? Исто како Мојсеј, сите ние во некој момент од животот мора да донесеме важна одлука: Дали да му служиме на Бог и да станеме дел од неговиот народ? Можеби ќе треба да правиме жртви за да му служиме на Јехова, и можеби ќе се соочиме со противење од оние што не го познаваат. Но, ако имаме доверба во нашиот небесен Татко, можеме да бидеме сигурни дека ќе нѐ поддржува!
7-8. Што продолжил да учи Мојсеј?
7 Мојсеј продолжил да учи за Јеховините особини и продолжил да ја врши Неговата волја. На пример, кога Јехова побарал од него да ги изведе Израелците од Египет, на Мојсеј му недостигала самодоверба. Затоа неколку пати му кажал на Јехова дека не се чувствува способен за таа задача. Бог покажал сочувство кон него и му помогнал (2. Мој. 4:10-16). Како резултат на тоа, Мојсеј храбро му пренел остри осуди на фараонот. Потоа Мојсеј видел како Јехова ја употребил својата огромна моќ кога ги спасил Израелците, а ги уништил фараонот и неговата војска во Црвеното Море (2. Мој. 14:26-31; Пс. 136:15).
8 Откако Мојсеј ги извел Израелците од Египет, тие постојано се жалеле за нешто. Сепак, тој гледал како Јехова секогаш одново покажува голема стрпливост кон својот народ што го ослободил од ропство (Пс. 78:40-43). Исто така, Мојсеј видел како Јехова покажува извонредна понизност кога се откажал од намерата да ги уништи Израелците откако тој го замолил да не го прави тоа (2. Мој. 32:9-14).
9. Според Евреите 11:27, колку близок бил Мојсеј со Јехова?
9 По излегувањето на Израелците од Египет, Мојсеј станал толку близок пријател со Јехова што во Библијата за него пишува: „Остана постојан како да го гледа Невидливиот“. (Прочитај Евреите 11:27.) Колку било блиско нивното пријателство се гледа и од следниов стих: „Јехова разговараше со Мојсеј лице в лице, како што разговара човек со својот ближен“ (2. Мој. 33:11).
10. Што треба да правиме за добро да го запознаеме Јехова?
10 Која е поуката за нас? За добро да го запознаеме Јехова, не е доволно само да знаеме кои се неговите особини туку треба и да ја извршуваме неговата волја. Денес, Јехова сака „најразлични луѓе да се спасат и добро да ја запознаат вистината“ (1. Тим. 2:3, 4). Еден начин на кој можеме да ја извршуваме волјата на Јехова е да ги поучуваме луѓето за него.
11. Како тоа што ги поучуваме другите за Јехова ни помага уште подобро да го запознаеме?
11 Кога ги поучуваме другите за Јехова, честопати и самите ние го запознаваме уште подобро. На пример, гледаме како Јехова покажува сочувство кон луѓето кога ни помага да ги најдеме оние што сакаат да станат негови пријатели (Јован 6:44; Дела 13:48). Исто така, гледаме колку голема моќ има Божјата Реч кога оние со кои проучуваме се ослободуваат од лошите навики и почнуваат да ја облекуваат новата личност (Кол. 3:9, 10). А доказ за стрпливоста на Бог гледаме во тоа што на многу луѓе на нашето подрачје им дава голем број прилики да го запознаат и да се спасат (Рим. 10:13-15).
12. Според 2. Мојсеева 33:13, што побарал Мојсеј и зошто?
12 Мојсеј го ценел своето пријателство со Јехова. Тоа што Јехова го користел Мојсеј да изврши голем број моќни дела ни покажува дека Мојсеј добро го познавал Бог. Сепак, тој го молел Јехова да му помогне уште подобро да го запознае. (Прочитај 2. Мојсеева 33:13.) Кога го побарал тоа, Мојсеј имал повеќе од 80 години, но знаел дека има уште многу да учи за својот небесен Татко.
13. Кој е еден начин на кој покажуваме дека го цениме нашето пријателство со Бог?
13 Која е поуката за нас? Без разлика колку долго му служиме на Јехова, никогаш не треба да престанеме да го цениме нашиот однос со него. Еден начин на кој покажуваме дека ни значи пријателството со Јехова е така што му се молиме.
14. Зошто молитвата е неопходна за подобро да го запознаеме Бог?
14 Добрата комуникација е неопходна за едно цврсто пријателство. Затоа, зближи се со Бог така што често ќе му се молиш. Никогаш немој да се плашиш да му ги кажеш своите најдлабоки чувства (Еф. 6:18). Криста, која живее во Турција, вели: „Мојата љубов кон Јехова и мојата доверба во него расте секојпат кога му ги кажувам своите чувства во молитва и кога потоа гледам како ми помага. Тоа што гледам како ми одговара на молитвите ми помага да го сметам за мој Татко и мој пријател“.
ЧОВЕК СПОРЕД ЈЕХОВИНОТО СРЦЕ
15. Како Јехова го опишал цар Давид?
15 Цар Давид му припаѓал на еврејскиот народ кој му бил заветуван на Јехова Бог. Дела 13:22). Како Давид станал толку близок со Јехова?
Но Давид не му служел на Јехова само затоа што неговото семејство го правело тоа. Тој самиот си изградил близок однос, односно пријателство со Бог, и Јехова многу го сакал. Јехова го опишал Давид како „човек по [неговото] срце“ (16. Што научил Давид за Јехова додека ги гледал неговите созданија?
16 Давид учел за Јехова од она што Тој го создал. Кога бил млад, Давид минувал многу часови на отворено додека се грижел за овците на својот татко. Можеби токму во тие моменти Давид почнал длабоко да размислува за она што Јехова го создал. На пример, додека го набљудувал ноќното небо, освен што гледал илјадници ѕвезди, тој размислувал и за особините на оној што ги создал тие ѕвезди. Давид бил поттикнат да напише: „Небесата ја објавуваат Божјата слава, небесниот свод зборува за делата на неговите раце“ (Пс. 19:1, 2). Додека размислувал за прекрасниот начин на кој се создадени луѓето, Давид сфатил колку е мудар Јехова (Пс. 139:14). Кога размислувал за Божјите созданија, тој сфатил колку е мал и безначаен во споредба со Јехова (Пс. 139:6).
17. Што можеме да научиме ако размислуваме за Јеховините созданија?
17 Која е поуката за нас? Размислувај за она што Јехова го создал. Одвој си време секој ден да го набљудуваш и да се восхитуваш на прекрасниот свет на природата. Размислувај што можеш да научиш за Јехова од растенијата, животните и луѓето. Така секој нов ден ќе можеш да дознаеш нешто ново за нашиот Татко кој многу нѐ сака (Рим. 1:20). И секој ден ќе гледаш како твојата љубов кон него сѐ повеќе расте.
18. Според Псалм 18, за што бил свесен Давид?
18 Давид бил свесен дека Јехова му помага. На пример, кога убил еден лав и една мечка за да ги заштити овците на својот татко, Давид сфатил дека Јехова му помогнал во тоа. Кога го победил џиновскиот воин Голијат, му било јасно дека Јехова бил заслужен за победата (1. Сам. 17:37). Исто така, кога избегал од љубоморниот цар Саул, Давид бил свесен дека Јехова бил тој што го спасил (Пс. 18, натпис). Доколку бил горд, Давид можел да си мисли дека сето тоа го постигнал со сопствена сила. Но тој бил понизен и затоа можел јасно да види како Јехова му помага во животот (Пс. 138:6).
19. Што можеме да научиме од примерот на Давид?
19 Која е поуката за нас? Не е доволно само да го молиме Јехова за помош. Мора исто така да препознаеме кога и на кој начин ни помага. Ако сме понизни и ако сме свесни за нашите ограничувања, ќе можеме јасно да видиме дека Јехова секогаш одново ни помага да го направиме она што самите не би можеле. Така нашето пријателство со него ќе станува сѐ поцврсто. Ова го доживеал и еден брат од Фиџи по име Ајзак, кој веќе со години му служи на Јехова. Тој вели: „Кога размислувам за мојот живот, сфаќам дека Јехова ми помагаше од времето кога почнав да ја проучувам Библијата па сѐ досега. Поради тоа, моето пријателство со него е многу поцврсто“.
20. Зошто Давид имал добар однос со Јехова, и што можеме да научиме од неговиот пример?
20 Давид ги покажувал особините на Јехова. Јехова нѐ создал со способност да ги покажуваме неговите особини (1. Мој. 1:26). Колку повеќе учиме за особините на Јехова, толку полесно ќе ни биде да се угледаме на него. Давид добро го познавал својот небесен Татко, и затоа се трудел со другите да постапува онака како што би постапувал тој. Да разгледаме еден пример. И покрај тоа што Давид му згрешил на Бог кога извршил прељуба со Витсавеа и потоа го испланирал убиството на нејзиниот сопруг, Јехова одлучил да покаже милост кон него (2. Сам. 11:1-4, 15). Зошто? Затоа што, по примерот на Јехова, Давид и самиот во многу ситуации покажал милост кон другите. Бидејќи имал толку добар однос со Бог, Давид станал еден од омилените цареви во Израел, и Јехова го користел како мерило според кое ги проценувал другите израелски цареви (1. Цар. 15:11; 2. Цар. 14:1-3).
21. Во склад со Ефешаните 4:24 и 5:1, зошто е добро да се угледаме на Бог?
21 Која е поуката за нас? Треба да се угледаме на Бог. Тоа ќе ни користи нам лично и ќе ни помогне подобро да го запознаеме. Исто така, кога се трудиме да ги покажуваме неговите особини, ние докажуваме дека сме негови деца. (Прочитај Ефешаните 4:24; 5:1.)
ПРОДОЛЖИ ДА УЧИШ ЗА ЈЕХОВА
22-23. Што ќе се случи ако го применуваме она што го учиме за Јехова?
22 Како што видовме, за Јехова можеме да учиме од она што го создал, како и од неговата Реч, Библијата. Таа посебна книга е полна со примери од верни Божји слуги на кои можеме да се угледаме, како што се Мојсеј и Давид. Јехова го направил својот дел. На нас останува да го направиме нашиот дел и да учиме колку што е можно повеќе за него.
23 Никогаш нема да престанеме да учиме за Јехова (Проп. 3:11). Но не е најважно колку многу знаеме за него, туку што правиме со тоа знаење. Ако го применуваме она што сме го научиле и ако се трудиме да го следиме примерот на нашиот грижлив Татко, тој ќе станува сѐ поблизок со нас (Јак. 4:8). Преку својата Реч, Јехова нѐ уверува дека никогаш нема да ги напушти оние што сакаат добро да го запознаат.
ПЕСНА 80 „Вкусете и видете колку е добар Јехова!“
^ пас. 5 Голем број луѓе веруваат дека Бог постои, но вистински не го познаваат. Што значи некој добро да го познава Јехова, и што можеме да научиме од Мојсеј и од цар Давид за тоа како да изградиме блиско пријателство со него? Во оваа статија ќе го дознаеме одговорот.