Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Се сеќаваш ли?

Се сеќаваш ли?

Можеш ли да одговориш на овие прашања кои се темелат на информациите од Стражарска кула за 2019?

Јехова ветил: „Никакво оружје направено против тебе нема да успее“? (Иса 54:17). Што значат овие зборови?

Можеме да имаме доверба дека Јехова ќе нѐ штити од нападите на насилниците, кои се „како бура што удира в ѕид“ (Иса. 25:4, 5). Нашите непријатели никогаш нема да успеат да ни нанесат трајна штета (w19.01, стр. 6-7).

Како начинот на кој Бог постапувал со Ханаанците и непослушните Израелци ја одразува неговата правда?

Јехова ги казнил оние што учествувале во одвратни сексуални ритуали и лошо постапувале со жените и децата. Од друга страна, тој ги благословувал оние кои му биле послушни и кои постапувале праведно еден со друг (w19.02, стр. 22-23).

Што да правиме ако сме присутни кога се моли некој неверник?

Може да одлучиме да не приговараме и да покажеме почит кон другите. Нема да кажеме „амин“ и нема да се држиме со другите за раце. Можеби ќе одлучиме да се помолиме во себе (w19.03, стр. 31).

Колку е сериозна злоупотребата на деца?

Злоупотребата на деца е тежок грев кој носи последици за жртвата и срам за собранието, и со кој се прекршува законот. Но пред сѐ, тоа е грев против Бог. Кога законите во државата бараат од луѓето да го пријават кај властите секое обвинение за злоупотреба на дете, старешините ги почитуваат таквите закони (w19.05, стр. 9-10).

Како можеме да правиме промени во начинот на кој размислуваме?

Треба да направиме неколку основни чекори: да се молиме, длабоко да размислуваме со цел да се преиспитаме и да избереме добри пријатели (w19.06, стр. 11).

Како можеме да се подготвиме за прогонство?

Треба да го зајакнеме нашето пријателство со Јехова. Биди уверен дека Јехова те сака и дека никогаш нема да те напушти. Читај ја Библијата секој ден и моли се редовно. Биди уверен дека Божјето Царство навистина ќе ги донесе ветените благослови. Научи ги напамет твоите омилени библиски стихови и теократски песни (w19.07, стр. 2-4).

Како можеме да им помогнеме на нашите роднини да се спасат?

Важно е да покажеме разбирање за нивните чувства, да дадеме добро сведоштво со нашето однесување и да бидеме стрпливи и тактични (w19.08, стр. 15-17).

Зошто се чувствуваме убаво додека ја извршуваме задачата што ни ја дал Исус?

Имаме грижливи надгледници, а ги имаме и најдобрите пријатели и најдобрата задача (w19.09, стр. 23).

Како Јехова може да ни даде желба и сила да му служиме? (Фил. 2:13)

Додека ја читаме Божјата Реч и размислуваме за неа, Бог може да ни даде желба да ја вршиме неговата волја и да ни даде сила да му служиме. Светиот дух може да ни помогне да ги развиеме нашите вродени способности (w19.10, стр. 21).

Кои чекори треба да ги преземеме пред да донесеме некоја важна одлука?

Тоа се следниве пет чекори: да се молиме за мудрост, темелно да истражуваме, да ги преиспитаме своите мотиви, да си поставиме конкретни цели и да бидеме реални (w19.11, стр.  27-29).

Дали верувањето во бесмртност на душата потекнува од она што Сатана ѝ го кажал на Ева?

По сѐ изгледа не. Сатана не ѝ рекол на Ева дека ќе умре само нејзиното тело, туку дека таа ќе умре. Ниту едно лажно религиозно учење не останало по Потопот. Верувањето во бесмртност на душата веројатно се појавило пред Бог да ги распрсне луѓето кои ја граделе Вавилонската кула (w19.12, стр. 15).