Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Се сеќаваш ли?

Се сеќаваш ли?

Дали внимателно ги читаше последните неколку броеви од Стражарска кула? Види дали можеш да одговориш на следниве прашања:

Како треба да се однесуваме со помазаните христијани?

Иако многу ги цениме поради нивната вера, не им укажуваме претерано внимание и не им ласкаме (Јуда 16). И не им поставуваме лични прашања во врска со нивната надеж (w20.01, стр. 29).

Што те уверува дека Јехова ти обрнува внимание тебе лично?

Библијата покажува дека Јехова те забележал уште пред да се родиш. Тој ги слуша твоите молитви. Знае што имаш во срцето, и знае како размислуваш. На Јехова му е важно како постапуваш (1. Лет. 28:9; Изр. 27:11). Тој те привлекол кон себе (w20.02, стр. 12).

Наведи пример кога треба, а кога не треба да зборуваме?

Ние со радост им зборуваме на другите за Јехова. Зборуваме и кога гледаме дека некој тргнал во погрешен правец. Старешините зборуваат кога треба некому да му се даде совет. Не зборуваме со цел да дознаеме или да откриеме детали за тоа како се извршува нашето дело во земји каде што тоа е забрането. И не откриваме доверливи работи (w20.03, стр. 20-21).

Како скакулците кои се спомнати во Јоил поглавје 2 се разликуваат од оние што се спомнати во Откровение поглавје 9?

Во Јоил 2:20-29 пишува дека Бог ги протерува скакулците и ветува дека ќе ја надомести штетата што ја направиле. Подоцна, Бог го излева својот свет дух. Овие аспекти се исполниле кога Вавилонците го нападнале Израел и подоцна. Во Откровение 9:1-11 се опишани помазаните христијани од нашево време кои се слични на скакулци и кои ги објавуваат Божјите осуди против овој злобен свет, а тоа воопшто не им е пријатно на сите што го поддржуваат (w20.04, стр. 3-6).

Кој е северниот цар денес?

Русија и нејзините сојузници. Тие го нападнаа Божјиот народ така што го забранија проповедничкото дело. Со тоа покажуваат дека ги мразат Јеховините сведоци. Северниот цар води борба за превласт со јужниот цар (w20.05, стр. 13).

Дали особините наведени во Галатите 5:22, 23 се единствените плодови на духот?

Не. Светиот дух ни помага да развиваме и други убави особини, како што е праведноста (Еф. 5:8, 9; w20.06, стр. 17).

Зошто е опасно да ставаме некои работи за себеси на социјалните мрежи?

Она што го ставаш таму може да остави впечаток дека се фалиш, а не дека си понизен (w20.07, стр. 6-7).

Што можат да научат христијаните од добрите рибари?

Тие ловат онаму каде што знаат дека има риба и кога е најдоброто време да се лови. Освен тоа, имаат соодветна опрема и знаат како да ја користат. Храбро ловат и покрај променливите околности. И ние можеме да правиме така додека ја извршуваме нашата служба (w20.09, стр. 5).

На кои начини можеме да им помогнеме на интересентите да ја продлабочат својата љубов кон Јехова?

Може да ги поттикнеме редовно да ја читаат Библијата и да размислуваат за она што го прочитале. И може да ги научиме да се молат (w20.11, стр. 4).

Што сакал да каже Павле кога рекол: „Во Христос сите ќе оживеат“? (1. Кор. 15:22).

Апостол Павле не сакал да каже дека секој човек ќе биде воскреснат. Тој зборувал за помазаните христијани кои се посветени „во единство со Христос Исус“ (1. Кор. 1:2; 15:18; w20.12, стр. 5-6).

Што ќе прават помазаните христијани откако ќе се преобразат „за миг, при звукот од последната труба“? (1. Кор. 15:51-53).

Заедно со Христос, тие ќе управуваат со народите со железна палка (Отк. 2:26, 27; w20.12, стр. 12-13).