Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Само поради една насмевка!

Само поради една насмевка!

ЕДНА сестра по име Хелен проповедала со количка за сведочење во деловниот дел од градот Багујо на Филипините. Додека стоела, покрај неа поминале две девојки на кои таа срдечно им се насмевнала. Тие ја забележале количката, но не застанале. Сепак, голем впечаток им оставила топлата насмевка на Хелен.

Подоцна, кога оделе со автобус накај дома, девојките виделе голем знак jw.org кој бил поставен на една сала за состаноци. Се сетиле дека истиот знак го виделе на количката за сведочење. Веднаш слегле од автобусот, дошле до портата на салата и ги виделе термините во кои собранијата ги одржуваат состаноците.

Набрзо, двете девојки дошле на еден од нашите состаноци. А кого виделе кога влегле во салата? Токму Хелен! Тие веднаш се сетиле на нејзината широка насмевка. Хелен вели: „Кога ми пристапија, малку се исплашив. Си помислив нешто да не сум згрешила“. Но, тие ѝ кажале дека ја виделе кај количката и ѝ објасниле што се случило потоа.

Девојките уживале во состанокот и во пријатното друштво на браќата и сестрите. Кога виделе дека другите ја чистат салата по состанокот, прашале дали можат и тие да помогнат. Една од девојките повеќе не живее на Филипините, но другата почнала да доаѓа на состаноците и да ја проучува Библијата — и тоа само поради една насмевка!