СТАТИЈА ЗА ПРОУЧУВАЊЕ 3
Како можеш да си го чуваш срцето?
Од сѐ што треба да се чува, најмногу чувај си го срцето (ИЗР. 4:23)
ПЕСНА 36 Да си го чуваме срцето!
КРАТОК ПРЕГЛЕД *
1-3. а) Зошто Јехова го сакал Соломон, и како го благословил? б) Кои прашања ќе бидат одговорени во оваа статија?
СОЛОМОН станал цар на Израел уште како млад. Кога почнал да владее, Јехова му се појавил во сон и му рекол: „Барај што сакаш да ти дадам!“ Соломон одговорил: „Јас сум уште дете и уште немам искуство... Затоа, дај му на својот слуга послушно срце за да може да му суди на твојот народ“ (1. Цар. 3:5-10). „Послушно срце“ — колку скромно барање! Ништо чудно што Јехова многу го сакал Соломон! (2. Сам. 12:24). Нашиот Бог многу се израдувал што младиот цар му одговорил така, и затоа му дал „мудро и разумно срце“ (1. Цар. 3:12).
2 Сѐ додека Соломон бил верен, Јехова го благословувал на многу начини. На пример, овој цар имал чест да му изгради „дом на името на Јехова, Богот на Израел“ (1. Цар. 8:20). Тој станал познат по мудроста што му ја дал Бог. Освен тоа, под водство на Божјиот свет дух, тој кажал многу работи што се запишани во три библиски книги. Една од нив е книгата Мудри изреки.
3 Во книгата Мудри изреки зборот „срце“ се појавува околу 100 пати. На пример, во Изреки 4:23 пишува: „Од сѐ што треба да се чува, најмногу чувај си го срцето“. На што се однесува зборот „срце“ во овој стих? Ова прашање ќе биде одговорено во оваа статија. А ќе го разгледаме и одговорот на две други прашања: Како Сатана се обидува да го зарази, или расипе нашето срце? И што ќе ни помогне да си го чуваме срцето? За да му останеме верни на Бог, мора да го разбереме одговорот на овие важни прашања.
ШТО Е „СРЦЕТО“?
4-5. а) Како Псалм 51:6 ни помага да сфатиме на што се однесува зборот „срце“? б) Како потребата да се грижиме за нашето здравје ни помага да сфатиме колку е важно да си го чуваме симболичното срце?
4 Во Изреки 4:23, зборот „срце“ се однесува на тоа какви сме однатре, „длабоко во себе“. (Прочитај Псалм 51:6.) Со други зборови, „срцето“ ги вклучува нашите најдлабоки мисли, чувства, мотиви и желби. Значи, укажува на тоа какви сме навистина однатре, а не само како однадвор им изгледаме на другите.
5 Да видиме како потребата да се грижиме за нашето здравје ни помага да сфатиме колку е важно да си го чуваме симболичното срце. Прво, за да бидеме во добра физичка состојба, мора да јадеме здрава храна и редовно да вежбаме. Слично на тоа, за да бидеме во добра духовна состојба, мора да земаме здрава духовна храна и постојано да покажуваме вера во Јехова, така што ќе го применуваме она што го учиме и ќе им зборуваме на другите за она што го веруваме (Рим. 10:8-10; Јак. 2:26). Второ, судејќи според надворешниот изглед, би можеле да си мислиме дека сме здрави иако кај нас можеби веќе се развила некоја болест. Слично на тоа, судејќи според уделот што го имаме во духовните активности, би можеле да заклучиме дека имаме силна вера, но во нас можеби се развиваат погрешни желби (1. Кор. 10:12; Јак. 1:14, 15). Не смееме да заборавиме дека Сатана сака да нѐ „зарази“ со своето размислување. На кои начини би можел да се обиде да го направи тоа? И како може да се заштитиме?
КАКО САТАНА СЕ ОБИДУВА ДА НИ ГО „ЗАРАЗИ“ СРЦЕТО
6. Која е целта на Сатана, и како се обидува да ја оствари?
6 Сатана сака да станеме како него. Тој е бунтовник со себични мотиви кому воопшто не му е гајле за Јеховините мерила. Но, Сатана не може да нѐ присили да размислуваме и да постапуваме како него. Затоа се обидува да ја постигне својата цел на други начини. На пример, нѐ опкружува со луѓе кои веќе успеал да ги расипе (1. Јов. 5:19). Тој се надева дека ќе сакаме да поминуваме време со нив, иако знаеме дека лошото друштво ќе ги расипе нашето размислување и постапување (1. Кор. 15:33). Таа тактика му успеала кај цар Соломон. Тој се оженил со многу туѓинки, кои извршиле силно влијание врз него. На крајот му го завеле срцето и го оддалечиле од Јехова (1. Цар. 11:3).
7. На кои други начини Сатана го шири своето размислување, и зошто треба да бидеме претпазливи?
7 Денес Сатана го шири своето размислување преку разни филмови и телевизиски емисии. Свесен е дека на тој начин не само што им нуди забава на луѓето туку и ги учи како да размислуваат, што да чувствуваат и како да постапуваат. Исус честопати користел споредби или приказни за да им помогне на другите да извлечат некоја поука. На пример, таква е споредбата за добриот Самарјанин, како и споредбата за расипничкиот син (Мат. 13:34; Лука 10:29-37; 15:11-32). Но, и оние што се заразени со размислувањето на Сатана можат да ни раскажуваат прикаски за да нѐ расипат. Затоа, многу е важно да бидеме урамнотежени. Факт е дека некои филмови или емисии можат да бидат интересни и поучни, и да не влијаат лошо врз нашето размислување. Сепак, мора да бидеме претпазливи. Кога избираме што ќе гледаме, добро е да се прашаме: „Дали од овој филм или емисија учам дека е сосема нормално да им се препуштам на неисправните телесни желби?“ (Гал. 5:19-21; Еф. 2:1-3). Што треба да направиш ако забележиш дека некоја емисија го одразува размислувањето на Сатана? Немој да ја гледаш — чувај се од таквите емисии како што би се чувал од заразна болест!
8. Како можат родителите да им помогнат на своите деца да си го чуваат срцето?
8 Родители, вие имате посебна одговорност да ги заштитите вашите деца од Сатана, кој се обидува да го „зарази“ нивното срце. Сигурно правите сѐ што можете за да ги заштитите Изр. 1:8; Еф. 6:1, 4). Затоа, не колебајте се да поставите правила во семејството кои се темелат на библиските начела. Кажете им на вашите дечиња што смеат, а што не смеат да гледаат, и помогнете им да разберат од кои причини сте одлучиле да биде така (Мат. 5:37). Како што вашите деца растат, поучувајте ги сами да увидат што е добро а што лошо од Јеховина гледна точка (Евр. 5:14). И не заборавајте дека тие учат многу од она што им го зборувате, но ќе научат уште повеќе од она што го правите (5. Мој. 6:6, 7; Рим. 2:21).
од дословни болести. Го одржувате својот дом чист и го фрлате сето она што би можело да ве разболи вас или вашите деца. На сличен начин, треба да ги заштитите вашите деца од секакви филмови, емисии, видеоигри и интернет-страници кои најверојатно ќе ги изложат на размислувањето на Сатана и ќе го „заразат“ нивниот ум. Јехова ви дал одговорност да се грижите за духовното здравје на вашите деца (9. Кој е еден став што го шири Сатана, и зошто таквиот став е опасен?
9 Сатана се обидува да ни го „зарази“ срцето и така што се труди да нѐ наведе да имаме поголема доверба во човечката мудрост отколку во Јеховиното размислување (Кол. 2:8). Размисли за само еден став кој го шири Ѓаволот — дека најважно во животот треба да ни биде да се збогатиме. Оние што размислуваат вака можеби ќе станат богати, а можеби и не. Како и да е, тие се во опасност. Зошто? Бидејќи желбата да се збогатат може да им стане толку силна што ќе бидат спремни да си го жртвуваат здравјето, семејството, па дури и своето пријателство со Бог само за да ја постигнат таа цел (1. Тим. 6:10). Многу сме благодарни што нашиот мудар небесен Татко ни помага да имаме исправен став кон парите (Проп. 7:12; Лука 12:15).
ШТО ЌЕ НИ ПОМОГНЕ ДА СИ ГО ЧУВАМЕ СРЦЕТО?
10-11. а) Што мора да правиме за да се заштитиме? б) Што правеле стражарите во минатото, и како може совеста да ни послужи како стражар?
10 За да си го зачуваме срцето, мора да ги препознаваме опасностите и брзо да преземаме мерки за да се заштитиме. Зборот што во Изреки 4:23 е преведен со „чува“ нѐ потсетува на задачата што ја има еден чувар, или стражар. Во времето на цар Соломон, стражарите чувале стража на ѕидините околу градот и давале предупредување кога се приближувала некоја опасност. Ова ни помага да сфатиме што мора да правиме за да не му дозволиме на Сатана да ги расипе нашите мисли.
11 Во минатото, стражарите на ѕидините тесно соработувале со вратарите (2. Сам. 18:24-26). Тие заедно придонесувале да се заштити градот така што воделе сметка портите да бидат затворени секогаш кога наближувале непријатели (Неем. 7:1-3). Нашата совест која е обликувана според Библијата * може да дејствува како стражар и да нѐ предупреди кога Сатана ќе се обиде да ни го нападне срцето, односно кога ќе се обиде да влијае врз нашите мисли, чувства, мотиви или желби. Секогаш кога нашата совест ќе нѐ предупреди за некаква опасност, треба да ја слушаме. Мора да реагираме брзо и веднаш да ги затвориме „портите“, односно да направиме сѐ што можеме за да се заштитиме од опасноста.
12-13. На какво искушение би можеле да се најдеме, но како треба да реагираме?
12 Да разгледаме еден пример за тоа како Еф. 5:3). Но, што ќе правиме ако колегите или соучениците почнат да зборуваат за неморални работи? Ние знаеме дека треба „да се откажеме од безбожноста и од световните желби“ (Тит 2:12). Стражарот, односно нашата совест, можеби ќе крене тревога (Рим. 2:15). Но дали ќе ја послушаме или, пак, ќе се најдеме на искушение да ги слушаме тие околу нас, па дури и да гледаме некои слики што ги споделуваат преку мобилен? Всушност, тогаш е време да ги затвориме симболичните „градски порти“ така што ќе го свртиме разговорот во друг правец или ќе си заминеме.
може да се заштитиме од размислувањето на Сатана. Јехова нѐ поучува дека „блуд и секаква нечистотија“ не треба дури ни да се спомнуваат меѓу нас (13 Потребна е храброст за да се спротивставиме на притисокот од оние кои нѐ тераат да размислуваме или да постапуваме неисправно. Може да бидеме уверени дека Јехова го гледа трудот што го вложуваме. Тој ќе ни ги даде потребната сила и мудрост за да се спротивставиме на сатанското размислување (2. Лет. 16:9; Иса. 40:29; Јак. 1:5). Што друго може да правиме за да си го зачуваме срцето?
ОСТАНИ БУДЕН
14-15. а) На што треба да го изложиме нашето срце, и како може да го правиме тоа? б) Како она што е запишано во Изреки 4:20-22 може да ни помогне да извлечеме најголема корист од читањето на Библијата? (Види ја и рамката „ За што би можел да размислуваш“.)
14 За да си го чуваме срцето, не е доволно само да го заштитиме од погрешно влијание туку треба да го изложиме на добро влијание. Да се вратиме на споредбата со утврдениот град. Вратарот ги затвора портите за да го спречи непријателот да влезе внатре. Сепак, во друго време ги отвора за да бидат внесени храна и други работи кои им се неопходни на жителите. Ако портите никогаш не се отворени, на крајот во градот ќе завладее глад. Слично на тоа, и ние треба секојдневно да ги отвораме симболичните порти на нашето срце и да внесуваме Божји мисли во него.
15 Бидејќи Библијата ги содржи Јеховините мисли, секогаш кога ја читаме, ние дозволуваме тие да влијаат врз нашите мисли, чувства и постапки. Како може да извлечеме најголема корист од нашето читање на Божјата Реч? Неопходно е да се молиме. Една христијанка вели: „Пред да ја читам Библијата, му се обраќам во молитва на Јехова. Го молам да ми помогне ’да ги видам убавините‘ во неговата Реч“ (Пс. 119:18). Треба и длабоко да размислуваме за она што го читаме. Кога се молиме, читаме и размислуваме, Божјата Реч продира длабоко во нашето срце и Јеховините мисли ни стануваат скапоцени. (Прочитај Изреки 4:20-22; Пс. 119:97).
16. Како нашата интернет-телевизија им користи на многу наши браќа и сестри?
16 Може да дозволиме Божјето размислување да влијае врз нас и така што ќе ги гледаме емисиите на нашата интернет-телевизија. Една брачна двојка вели: „Месечните емисии се вистински одговор на нашите молитви! Тие нѐ зајакнуваат и нѐ охрабруваат кога сме тажни или се чувствуваме осамено. Кога сме дома, многу често ги слушаме и песните кои се дел од месечните емисии. Ги пуштаме додека готвиме, додека чистиме или додека си пиеме чај“. Овие емисии ни помагаат да си го чуваме срцето. Тие нѐ учат да размислуваме како Јехова и да се спротивставиме на притисокот да размислуваме како Сатана.
17-18. а) Како што се гледа од 1. Царевите 8:61, каков е резултатот кога го применуваме она што го учиме од Јехова? б) Што учиме од цар Езекија? в) Според молитвата на Давид запишана во Псалм 139:23, 24, за што може да се молиме?
17 Секогаш кога ги гледаме добрите резултати од исправното постапување, нашата Јак. 1:2, 3). Се чувствуваме убаво бидејќи Јехова се гордее со нас и нѐ нарекува свои деца, и затоа уште повеќе сакаме да го радуваме (Изр. 27:11). На секој испит гледаме како на можност да му покажеме на нашиот грижлив Татко дека му служиме со неподелено срце (Пс. 119:113). Му докажуваме дека го сакаме со сета душа, и дека сме цврсто решени да ги држиме неговите заповеди и да ја вршиме неговата волја. (Прочитај 1. Царевите 8:61.)
вера се зајакнува (18 Дали ќе правиме грешки? Да, затоа што сме несовршени. Кога ќе згрешиме, да се сетиме на цар Езекија. И тој направил грешки, но се покајал и продолжил да му служи на Јехова „со цело срце“ (Иса. 38:3-6; 2. Лет. 29:1, 2; 32:25, 26). Затоа, да му се спротивставиме на Сатана, кој се обидува да нѐ „зарази“ со своето размислување. Да се молиме да стекнеме „послушно срце“ (1. Цар. 3:9; прочитај Псалм 139:23, 24). Но, ќе му останеме верни на Јехова ако најмногу од сѐ си го чуваме срцето.
ПЕСНА 54 „Тој е патот!“
^ пас. 5 Дали ќе му останеме верни на Јехова или, пак, ќе му дозволиме на Сатана да нѐ измами и да нѐ оддалечи од нашиот Бог? Одговорот не зависи од тоа со колку тешки испити ќе се соочиме, туку од тоа колку добро си го чуваме срцето. На што укажува зборот „срце“? Како Сатана се обидува да ни го расипе срцето, и што ќе ни помогне да си го чуваме? Во оваа статија ќе го разгледаме одговорот на овие важни прашања.
^ пас. 11 ПОЈАСНУВАЊЕ: Јехова нѐ обдарил со способност да си ги преиспитуваме мислите, чувствата и постапките, и потоа самите да се просудуваме. Во Библијата, оваа способност е наречена совест (Рим. 2:15; 9:1). Оној чија совест е обликувана според Библијата ги применува Јеховините мерила за да просуди дали неговите мисли, зборови или постапки се добри или лоши.
^ пас. 56 ОПИС НА СЛИКАТА: Додека еден брат гледа телевизија, на екранот се појавува неморална сцена. Тој мора да одлучи што ќе направи.
^ пас. 58 ОПИС НА СЛИКАТА: Еден стражар во старо време здогледува опасност надвор од градските ѕидини. Тој им го кажува тоа на вратарите, а тие веднаш ги затвораат портите и го ставаат резето од внатрешната страна.