Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Кенет Кук со својата жена, Џејми

Нов член на Водечкото тело

Нов член на Водечкото тело

ВО СРЕДА наутро, на 24 јануари 2018 год., на бетелските семејства во САД и во Канада им беше прочитано едно посебно известување. Беше објавено дека брат Кенет Кук е нов член на Водечкото тело на Јеховините сведоци.

Брат Кук се родил и пораснал во Пенсилванија (САД). Тој ја дознал вистината од еден соученик кратко пред да заврши средно училиште, и се крстил на 7 јуни 1980 год. Започнал да служи како општ пионер на 1 септември 1982 год., а по две години бил повикан во Бетел. Започнал со својата бетелска служба на 12 октомври 1984 год., во Волкил (Њујорк).

Следните 25 години, брат Кук имал различни задачи во печатницата и во помошните одделенија во Бетел. Се оженил со Џејми во 1996 год., и заедно продолжиле да служат во Бетелот во Волкил. Во декември 2009 год., брат и сестра Кук беа префрлени во Образовниот центар Патерсон (Њујорк), каде што брат Кук служеше во Одделот што одговара на прашања од читателите. Во април 2016 год., откако кратко се вратија во Волкил, брат и сестра Кук беа префрлени во Бруклин (Њујорк). Пет месеци подоцна се преселија во главното седиште во Ворвик (Њујорк). Во јануари 2017 год., брат Кук беше именуван да служи како помошник на Одборот за пишување при Водечкото тело.