СТАТИЈА ЗА ПРОУЧУВАЊЕ 2
Поуки од ученикот кого Исус особено го сакал
Да се сакаме еден со друг, бидејќи љубовта е од Бог (1. ЈОВ. 4:7)
ПЕСНА 105 „Бог е љубов“
КРАТОК ПРЕГЛЕД *
1. Како се чувствуваш поради тоа што знаеш дека Бог те сака?
АПОСТОЛ Јован напишал: „Бог е љубов“ (1. Јов. 4:8). Оваа едноставна изјава нѐ потсетува на една основна вистина — освен што е извор на животот, Јехова е извор и на љубовта. Тоа значи дека тој многу нѐ сака. Поради тоа, се чувствуваме сигурно, среќно и исполнето.
2. а) Според Матеј 22:37-40, кои се двете најголеми заповеди? б) Зошто понекогаш не ни е лесно да бидеме послушни на втората заповед?
2 Како христијани, ние сме должни да покажуваме љубов. Тоа не е прашање на избор, туку е заповед. (Прочитај Матеј 22:37-40.) Кога добро ќе го запознаеме Јехова, не ни е тешко да покажуваме љубов кон него. Зошто? Затоа што тој е совршен. Јехова постапува добро и обѕирно со нас. Но, можеби не ни е лесно да покажуваме љубов кон ближните, во кои спаѓаат и нашите браќа и сестри. Зошто? Затоа што тие се несовршени. Понекогаш може да кажат или да направат нешто со кое ќе нѐ повредат. Бидејќи е свесен за ова, Јехова се погрижил некои библиски писатели да запишат зошто треба да покажуваме љубов еден кон друг и како може да го правиме тоа. Еден од нив бил Јован (1. Јов. 3:11, 12).
3. Што истакнал Јован?
3 Во книгите што ги напишал, Јован истакнал дека христијаните мора да покажуваат љубов. Всушност, во своето евангелие Јован ги користи зборовите „љубов“ и „сака“ повеќе отколку другите тројца писатели на евангелијата заедно. Тој имал околу сто години кога, под водство 1. Јов. 4:10, 11). Сепак, требало да помине време за Јован да го сфати тоа.
на светиот дух, ги напишал евангелието и трите писма. Од нив дознаваме дека љубовта мора да нѐ води во сѐ што правиме (4. Дали Јован секогаш покажувал љубов кон другите?
4 Кога бил млад, Јован не покажувал секогаш љубов. На пример, во една прилика кога Исус и неговите ученици патувале кон Ерусалим низ Самарија, жителите на едно самариско село не им покажале гостопримство. Како реагирал Јован? Тој сакал да повика оган од небото за да ги уништи луѓето од тоа село (Лука 9:52-56). Во друга прилика, Јован не покажал љубов кон останатите апостоли. По сѐ изгледа, тој и неговиот брат Јаков ѝ рекле на мајка им да побара од Исус да им даде високи положби во Царството. Кога другите апостоли дознале за тоа, многу се налутиле (Мат. 20:20, 21, 24). Сепак, Исус го сакал Јован и покрај неговите маани (Јован 21:7).
5. Што ќе разгледаме во оваа статија?
5 Во оваа статија ќе го разгледаме примерот на Јован, како и некои работи што тој ги напишал за љубовта. Ќе видиме како и ние може да покажуваме љубов кон браќата и сестрите. Исто така, ќе разгледаме и еден важен начин на кој еден сопруг и татко може да покаже дека го сака своето семејство.
ЉУБОВТА СЕ ПОКАЖУВА СО ДЕЛА
6. Како Јехова покажал дека нѐ сака?
6 Честопати, љубовта ја поврзуваме со пријатно чувство кое се пренесува преку убави зборови. Но, за да биде вистинска, љубовта мора да се покажува и со дела. (Спореди со Јаков 2:17, 26.) Како Јехова покажува дека нѐ сака? (1. Јов. 4:19). Тој ја изразува својата љубов кон нас преку убавите зборови запишани во Библијата (Пс. 25:10, фус.; Рим. 8:38, 39). Сепак, ние сме уверени дека Бог нѐ сака не само поради она што го кажува туку и поради она што го прави. Јован напишал: „Божјата љубов се покажа на нас во ова: Бог го испрати својот единороден Син во светот, за да добиеме живот преку него“ (1. Јов. 4:9). Јехова дозволил неговиот сакан син да страда и да умре за нас (Јован 3:16). Зарем ова не те уверува дека Јехова навистина нѐ сака?
7. Како Исус покажал дека нѐ сака?
7 И Исус ги уверил своите ученици дека ги сака (Јован 13:1; 15:15). Тој покажал колку многу ги сака, а и колку многу нѐ сака нас, не само со своите зборови туку и со своите постапки. Исус рекол: „Никој нема поголема љубов од оваа: да го даде својот живот за своите пријатели“ (Јован 15:13). На што сме поттикнати кога размислуваме за сето она што Јехова и Исус го направиле за нас?
8. Според 1. Јованово 3:18, што треба да правиме?
8 Покажуваме дека ги сакаме Јехова и Исус така што сме им послушни (Јован 14:15; 1. Јов. 5:3). Исус ни заповедал да се сакаме еден со друг (Јован 13:34, 35). Не е доволно само да им кажеме на нашите браќа и сестри дека ги сакаме туку треба да им го покажеме тоа и со нашите постапки. (Прочитај 1. Јованово 3:18.) На кои конкретни начини може да покажеме дека ги сакаме?
САКАЈ ГИ БРАЌАТА И СЕСТРИТЕ
9. Што правел Јован поттикнат од љубов?
9 Јован можел да остане со татко му и да се посвети на рибарењето кое им било семеен бизнис. Наместо тоа, тој го посветил речиси целиот свој живот за да им помага на другите да ја дознаат вистината за Јехова и за Исус. Начинот на живот што го избрал Јован не бил лесен. Тој бил прогонуван и, при крајот на првиот век кога веќе бил остарен, бил протеран на островот Патмос (Дела 3:1; 4:1-3; 5:18; Отк. 1:9). Дури и кога бил затворен затоа што проповедал за Исус, Јован покажал дека мисли на другите. На пример, додека бил на Патмос, тој го запишал откровението кое го добил и го испратил до собранијата за и тие да знаат што наскоро требало да се случи (Отк. 1:1). Потоа, веројатно откако бил ослободен од островот Патмос, Јован го напишал евангелието за животот и за службата на Исус. Освен тоа, напишал и три писма за да ги охрабри и за да ги зајакне браќата и сестрите. Како можеш и ти да покажеш слична самопожртвуваност?
10. Како можеш да покажеш дека ги сакаш луѓето?
10 Светот на Сатана сака да ги трошиш целото свое време и сила на себеси за да заработиш многу пари или за да станеш некој и нешто. Можеш да покажеш дека ги сакаш луѓето со начинот на живот што ќе го избереш. Низ целиот свет, многу самопожртвувани браќа и сестри трошат голем дел од своето време за да ја проповедаат добрата вест и за да им помагаат на луѓето да се зближат со Јехова. Некои дури проповедаат и ги поучуваат другите за Библијата полновремено.
11. Како многу верни браќа и сестри покажуваат дека ги сакаат Јехова и своите соверници?
11 Многу браќа и сестри мора да работат полновремено за да се издржуваат себеси и своето семејство. И покрај тоа, тие верно ја поддржуваат Божјата организација на секој можен начин. На пример, некои учествуваат во акции за помош при катастрофи, други работат на градежни проекти, а секој има можност да дава прилози за меѓународното дело. Сето ова го прават бидејќи го сакаат Бог и ги сакаат своите ближни. Покажуваме дека ги сакаме нашите браќа и сестри и со тоа што секоја седмица присуствуваме на состаноците и учествуваме во нив. Одиме на состаноците дури и кога сме уморни. Се трудиме да коментираме дури и кога имаме трема. И ги храбриме другите пред и по состаноците дури и кога самите имаме проблеми (Евр. 10:24, 25). Многу сме благодарни за сето она што го прават нашите драги браќа и сестри!
12. На кој друг начин Јован покажал дека ги сака своите браќа и сестри?
12 Апостол Јован покажал дека ги сака 1. Јов. 1:8 — 2:1, 13, 14). И ние треба да ги пофалуваме нашите браќа и сестри за добрите работи што ги прават. Но, ако некој почне да развива лош став или да прави нешто со што би можел да си го наруши пријателството со Јехова, ќе покажеме љубов со тоа што на тактичен начин ќе му дадеме совет. Точно, потребна ни е храброст за да му дадеме совет на некој наш пријател. Но, Библијата вели дека вистинските пријатели се исправаат, односно си даваат совети еден на друг (Изр. 27:17).
браќата и сестрите не само со тоа што ги пофалувал туку и со тоа што им давал совети. На пример, во своите писма Јован ги пофалил браќата и сестрите за нивната вера и за добрите дела што ги правеле, но исто така им дал и директен совет за тоа како да гледаат на гревот (13. Што не треба да правиме?
13 Понекогаш покажуваме љубов кон браќата и сестрите со тоа што не правиме некои работи. На пример, не се навредуваме лесно кога ќе ни кажат нешто. Размисли за нешто што се случило при крајот на Исусовиот живот на Земјата. Исус им кажал на учениците дека, за да добијат живот, треба да го јадат неговото тело и да ја пијат неговата крв (Јован 6:53-57). Иако многу од учениците се запрепастиле од овие зборови и го напуштиле, неговите вистински пријатели, меѓу кои бил и Јован, останале со него. И тие не го разбрале она што го кажал Исус и веројатно биле изненадени. Сепак, верните пријатели на Исус не мислеле дека она што го кажал е погрешно и не се навредиле. Наместо тоа, тие имале доверба во него и знаеле дека ја зборува вистината (Јован 6:60, 66-69). Од ова гледаме колку е важно да не се навредуваме лесно поради она што го кажуваат нашите браќа и сестри. Кога ќе дојде до некое недоразбирање, треба да им дадеме можност да објаснат што мислеле со она што го кажале (Изр. 18:13; Проп. 7:9).
14. Зошто не треба да чувствуваме омраза кон нашите браќа и сестри?
14 Исто така, Јован рекол дека не смееме да ги мразиме нашите браќа и сестри. Ако не сме послушни на тој совет, му дозволуваме на Сатана да влијае врз нас (1. Јов. 2:11; 3:15). Ова им се случило на некои христијани при крајот на првиот век. Сатана правел сѐ што може за да шири омраза и да го разедини Божјиот народ. До времето кога Јован ги напишал своите писма, во собранието се вовлекле луѓе кои, исто како Сатана, сакале да создадат поделби. Еден од нив бил Диотреф кој предизвикувал сериозни поделби во едно собрание (3. Јов. 9, 10). Тој не покажувал почит кон браќата кои патувале како претставници на водечкото тело. Дури се обидел да ги исфрли од собранието оние кои покажувале гостопримство кон луѓето што тој не ги сакал. Колку бил вообразен Диотреф! Сатана сѐ уште очајно се труди да го разедини Божјиот народ. Никогаш да не дозволиме омразата да создаде поделби меѓу нас.
САКАЈ ГО СЕМЕЈСТВОТО
15. Што треба да има на ум еден сопруг и татко?
15 Еден важен начин на кој еден сопруг и татко покажува љубов кон членовите на семејството е така што се грижи за нивните материјални потреби (1. Тим. 5:8). Сепак, тој треба да има на ум дека материјалните работи не можат да ги задоволат духовните потреби на неговото семејство (Мат. 5:3). Исус оставил добар пример во овој поглед. Од Евангелието по Јован дознаваме дека, додека бил на маченичкиот столб, Исус сѐ уште мислел на своето семејство. Во таа прилика, Јован стоел покрај Марија, мајката на Исус. Иако бил во страшни болки, Исус му рекол на Јован да се грижи за Марија (Јован 19:26, 27). Исус имал браќа и сестри кои сигурно ќе се грижеле за материјалните потреби на Марија, но по сѐ изгледа во тоа време тие сѐ уште не биле негови ученици. Од ова се гледа дека нему му било важно Марија да биде згрижена и во духовен поглед.
16. Какви одговорности имал Јован?
16 Јован имал многу одговорности. Како апостол, тој предводел во проповедничкото дело. Исто така, Јован можеби бил во брак и затоа требало да се грижи и за материјалните и за духовните потреби на своето семејство (1. Кор. 9:5). Што можат да научат семејните поглавари од ова?
17. Зошто е важно еден сопруг и татко да се грижи за духовните потреби на своето семејство?
17 Еден брат кој е сопруг и татко може да има голем број важни одговорности. На пример, треба да биде вреден работник за да може со својата работа да му носи слава на Јехова (Еф. 6:5, 6; Тит 2:9, 10). Тој може да има многу одговорности и во собранието. На пример, можеби треба да прави пастирски посети и да предводи во проповедничкото дело. Но, исто така, многу е важно редовно да ја одржува семејната вечер со жената и со децата. Негова одговорност е да се грижи членовите на семејството да бидат здрави во физички, емоционален и духовен поглед. Тие многу ќе го ценат трудот што го вложува (Еф. 5:28, 29; 6:4).
„ОСТАНЕТЕ ВО МОЈАТА ЉУБОВ“
18. Во што бил уверен Јован?
18 Јован имал долг и исполнет живот. Но, се соочил и со различни тешкотии кои можеле да му ја ослабнат верата. Сепак, тој секогаш давал сѐ од себе за да им биде послушен на Исусовите заповеди, меѓу кои била и заповедта да ги сака браќата и сестрите. Поради тоа, Јован бил уверен дека Јехова и Исус го сакаат и дека ќе му дадат сила да истрае во секоја неволја со која ќе се соочи (Јован 14:15-17; 15:10; 1. Јов. 4:16). Ниту Сатана ниту светот не го спречиле Јован да покажува љубов кон своите соверници, и со зборови и со постапки.
19. На што нѐ поттикнува 1. Јованово 4:7, и зошто?
19 И ние се наоѓаме во слична ситуација како Јован. Светот во кој живееме е под власта на Сатана, кој е полн со омраза (1. Јов. 3:1, 10). Тој не сака да покажуваме љубов кон нашите соверници. Сепак, не може да нѐ спречи во тоа освен ако ние самите не му дозволиме. Да бидеме решени да ги сакаме нашите браќа и сестри и да го покажуваме тоа и со зборови и со дела. Ако го правиме тоа, ќе бидеме радосни што сме дел од Јеховиното семејство и ќе водиме исполнет живот. (Прочитај 1. Јованово 4:7.)
ПЕСНА 88 Научи ме за твоите патеки
^ пас. 5 Најверојатно апостол Јован е ученикот за кого во Библијата пишува дека Исус особено го сакал (Јован 21:7). Значи, дури и како млад човек, тој сигурно имал многу убави особини. Кога остарел, Јехова во голема мера го користел да пишува за љубовта. Во оваа статија ќе разгледаме некои од работите што ги запишал Јован и ќе видиме што можеме ние да научиме од неговиот пример.
^ пас. 59 ОПИС НА СЛИКАТА: Еден сопруг и татко кој е многу зафатен учествува во акции за помош при катастрофи, дава прилози за меѓународното дело и кани други браќа и сестри на Семејната вечер.