Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Предлог за овој месец

Предлог за овој месец

Постави си приоритети

Сите имаме ограничено време што можеме да го користиме за проучување. Како можеме најдобро да го искористиме тоа време? Како прво, немој да брзаш додека проучуваш. Всушност, ќе извлечеш поголема корист ако внимателно проучиш помалку материјал отколку ако само набрзина прелеташ преку материјалот.

Потоа, постави си приоритети (Еф. 5:15, 16). Еве неколку предлози:

  • Читај ја Библијата секој ден (Пс. 1:2). Би можел да почнеш со помош на распоредот за читање на Библијата од состанокот Нашиот живот и служба.

  • Подготвувај се за состанокот Проучување на Стражарска кула и за состанокот Нашиот живот и служба. Биди спремен за да коментираш (Пс. 22:22).

  • Исто така, колку што ти дозволува времето, биди во тек со останатата духовна храна во која спаѓаат списанијата за јавност, видеоклиповите и материјалот што се објавува на jw.org.

  • Проучувај за некоја тема што те интересира. Би можел да истражуваш во врска со некој проблем со кој се соочуваш, за некое прашање што го имаш или за некоја библиска тема што би сакал подобро да ја разбереш. За повеќе идеи, разгледај го делот „Оживеј си ги библиските настани“ на jw.org.