Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Се сеќаваш ли?

Се сеќаваш ли?

Дали внимателно ги читаше последните неколку броеви од Стражарска кула? Види дали можеш да одговориш на следниве прашања:

Кои работи можат да ни помогнат подобро да пееме?

Треба да стоиме исправено така што песнарката ќе ја држиме високо. Треба исправно да дишеме, широко да ја отвориме устата и да пееме со силен глас (w17.11, стр. 5).

Што е особено впечатливо во врска со местоположбата на градовите-прибежишта и патиштата што воделе до нив?

Во древниот Израел имало шест такви градови. Патиштата што воделе до нив биле добро одржувани. Поради тоа, еден бегалец можел релативно брзо и лесно да побегне во нив (w17.11, стр. 14).

Зошто можеме да кажеме дека откупнината е најдобриот можен подарок?

Бидејќи ќе нѐ ослободи од гревот и смртта и ќе ја задоволи нашата природна желба да живееме вечно. Бог многу нѐ сака, и затоа ја дал откупнината уште додека сме биле грешници (wp17.6, стр. 6-7).

Како Псалм 118:22 укажувал на воскресението на Исус?

Евреите не го прифатиле Исус како Месија и го убиле. Тој можел да стане „аголен камен“ само ако воскреснел (w17.12, стр. 9-10).

Дали некој морал да има право на првородство за да биде предок на Месијата?

Некои првородени синови биле дел од семејната лоза на Исус. Но, тоа не било случај секогаш. На пример, Давид не бил првороден син на Јесеј, а сепак бил предок на Месијата (w17.12, стр. 14-15).

Кои се некои начела кои се во склад со современата медицина, а се запишани во Библијата?

Мојсеевиот закон пропишувал оние што биле болни од одредени болести да бидат одвоени од другите луѓе. Секој што ќе допрел мртво тело морал да се искапе во вода. Било пропишано човечкиот измет да се отстранува на соодветен начин. Машките деца требало да се обрежат на осмиот ден од раѓањето, а тоа било најдобро време бидејќи крвта почнува нормално да се згрутчува после првата седмица (wp18.1, стр. 7).

Зошто е соодветно еден Божји слуга да се сака себеси до одредена мера?

Треба да ги сакаме ближните како себеси (Мар. 12:31). Мажите треба „да ги сакаат своите жени како своите тела“ (Еф. 5:28). Но, мора да внимаваме бидејќи може да почнеме претерано да се сакаме себеси (w18.01, стр. 23).

Како можеме духовно да напредуваме?

Треба да ја проучуваме Божјата Реч, да размислуваме за нејзините поуки и потоа да ги примениме. Мора и да го прифатиме водството од светиот дух и со благодарност да ја прифатиме помошта од другите (w18.02, стр. 26).

Зошто астролозите и гатачите не можат да ја предвидат иднината?

Главната причина е тоа што Библијата ги осудува овие форми на претскажување на иднината (wp18.2, стр. 4-5).

Каков став треба да имаме доколку сме прифатиле нечија покана за ручек?

Ако сме прифатиле нечија покана, треба да си стоиме на зборот (Пс. 15:4). Не треба да му откажеме на домаќинот, освен ако навистина мораме. Тој можеби вложил многу труд за да нѐ угости (w18.03, стр. 18).

Што можат да научат именуваните браќа од Тимотеј?

Тимотеј вистински се грижел за луѓето и духовните работи му биле на прво место. Трудољубиво ги извршувал теократските активности и го применувал она што го учел. Не престанувал да учи и се потпирал на Јеховиниот дух. Неговиот пример можат да го следат и старешините и другите Божји слуги (w18.04, стр. 13-14).