СТРАЖАРСКА КУЛА — ИЗДАНИЕ ЗА ПРОУЧУВАЊЕ јуни 2020

Во овој број се наоѓаат статиите што ќе се проучуваат од 3 до 30 август 2020.

„Да се свети името твое“

3-9 август 2020, статија за проучување бр. 23. Кое спорно прашање ги засега сите суштества обдарени со разум? Зошто тоа е толку важно, и каков удел има секој од нас во неговото разрешување? Ако го разбереме одговорот на овие прашања, ќе можеме уште повеќе да си го зацврстиме пријателството со Јехова.

„Дај ми неподелено срце за да се бои од твоето име!“

10-16 август 2020, статија за проучување бр. 24. Во оваа статија ќе ги разгледаме зборовите од Псалм 86:11, 12, каде што е запишан дел од една молитва на цар Давид. Што значи да се боиме од Јеховиното име? Зошто треба да имаме стравопочит кон тоа величествено име? И како може стравот од Бог да нѐ заштити кога ќе се најдеме на искушение да постапиме погрешно?

Прашања од читателите

Дали особините наведени во Галатите 5:22, 23 се единствените плодови на духот?

„Јас ќе ги побарам своите овци“

17-23 август 2020, статија за проучување бр. 25. Зошто некои што со години верно му служеле на Јехова стануваат неактивни? Што чувствува Бог кон нив? Во оваа статија ќе го дознаеме одговорот на овие прашања. Освен тоа, ќе видиме што може да научиме од начинот на кој Јехова им помогнал на некои свои слуги во минатото.

„Вратете се кај мене“

24-30 август 2020, статија за проучување бр. 26: Јехова сака оние што престанале да проповедаат или да одат на состаноци повторно да се вратат кај него. Можеме да направиме многу за да ги охрабриме таквите браќа и сестри кои би сакале да ја прифатат поканата на Јехова: „Вратете се кај мене“. Во оваа статија, ќе видиме како можеме да им помогнеме да го сторат тоа.