Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Регионален конгрес во 2012 во Нижња Апша (Украина)

Богата жетва!

Богата жетва!

ИСУС прорекол дека неговите ученици во времето на крајот ќе учествуваат во голема жетва (Мат. 9:37; 24:14). Да разгледаме како неговите зборови се исполнуваат на посебен начин во едно подрачје во Закарпатската област во Украина. Само во три соседни града во тоа подрачје има 50 собранија со повеќе од 5.400 објавители. * Замисли — секој четврти жител во трите града заедно е Јеховин сведок!

Какви се луѓето на тоа подрачје? Еве што вели еден брат од тој крај, по име Василе: „Луѓето тука ја почитуваат Библијата, ја ценат правдата, многу се блиски со роднините и сакаат да си помагаат еден на друг“. Тој додава: „Иако не се согласуваат секогаш со нашите верувања, тие внимателно слушаат кога им читаме нешто од Библијата“.

Се разбира, нашите браќа и сестри се соочуваат со некои необични предизвици кога проповедаат во оваа област која има висок сооднос меѓу објавители и жители. На пример, едно собрание со 134 објавители има само 50 домови на своето подрачје! Како објавителите се справуваат со оваа ситуација?

Многу браќа и сестри вложуваат голем труд за да проповедаат на места каде што има поголема потреба од објавители. Еден 90-годишен брат по име Јонаш вели: „На подрачјето на нашето собрание просечно има само по две куќи на објавител. Проповедам во едно блиско село, но до неодамна, кога здравјето ми се влоши, патував и околу 160 километри до едно необработено подрачје каде што проповедав на унгарски“. Објавителите мораат да прават жртви за да проповедаат на други подрачја. Јонаш вели: „За да го фатам возот, станував во 4 часот наутро и проповедав до 18 часот, кога возот тргнуваше за назад. Тоа го правев два-три пати седмично“. Дали смета дека неговиот труд бил залуден? Тој вели: „Наоѓав голема радост во овој вид служба. Многу ми е мило што му помогнав на едно семејство, кое живееше во зафрлено место, да ја дознае вистината“.

Се разбира, не може секој од тие собранија да патува толку далеку. Но сите, вклучувајќи ги и постарите објавители, се трудат темелно да го обработуваат подрачјето на нивното собрание. Како резултат на тоа, на Спомен-свеченоста во 2017 год., во овие три града заедно имаше двојно повеќе присутни отколку што има објавители — а тоа е половина од целото население. Без сомнение, каде и да служиме, сѐ уште има многу работа во „делото на Господарот“ (1. Кор. 15:58).

^ пас. 2 Имињата на градовите се Глибоки Потик, Середне Водјане и Нижња Апша.