Зошто треба да продолжиме да донесуваме плод
Мојот Татко се прославува ако донесувате многу плод и ако сте мои ученици (ЈОВАН 15:8)
1, 2. а) За што разговарал Исус со своите ученици ноќта пред својата смрт? (Види ја сликата на почетокот од статијата.) б) Зошто е важно да имаме на ум од кои причини проповедаме? в) Што ќе разгледаме во оваа статија?
НОЌТА пред својата смрт, Исус долго разговарал со своите апостоли. Тој ги уверил дека многу ги сака. Исто така, им ја кажал споредбата за лозата, која беше спомната во претходната статија. Тој сакал да ги поттикне своите ученици да продолжат да донесуваат плод, * односно истрајно да ја проповедаат пораката за Царството (Јован 15:8).
2 Но, освен што им кажал што треба да прават, Исус им рекол и зошто да го прават тоа. Тој им кажал од кои причини треба да продолжат да проповедаат. Зошто е важно да ги разгледаме овие причини? Бидејќи, ако размислуваме за нив, ќе можеме истрајно да им даваме „сведоштво на сите народи“ (Мат. 24:13, 14). Во оваа статија ќе разгледаме кои четири причини ни ги дава Библијата за да проповедаме. Исто така, ќе разгледаме четири дарови кои ни ги дава Јехова за да ни помогне да продолжиме да донесуваме плод.
ГО СЛАВИМЕ ЈЕХОВА
3. а) Според Јован 15:8, која е најважната причина од која проповедаме? б) Што претставуваат гроздовите од споредбата на Исус, и зошто тоа е соодветно?
3 Најважната причина од која проповедаме е тоа што сакаме да го славиме Јехова и да го посветиме неговото име. (Прочитај Јован 15:1, 8.) Во споредбата за лозата, Исус го споредил Јехова со лозарот, себеси со лозата, а своите ученици со прачките (Јован 15:5). Според тоа, соодветно е што гроздовите го претставуваат плодот што го даваат Исусовите ученици, односно нивното проповедање. Исус им рекол на апостолите: „Мојот Татко се прославува ако донесувате многу плод“. Лозата што раѓа убаво грозје му носи чест на лозарот. Слично на тоа, кога даваме сѐ од себе за да ја проповедаме пораката за Царството, му носиме чест на Јехова (Мат. 25:20-23).
4. а) Како го посветуваме Божјето име? б) Што мислиш за честа што ја имаш да го посветуваш Божјето име?
4 Божјето име веќе е свето. Ние не можеме да го направиме уште посвето. Тогаш, во која смисла го посветуваме Божјето име кога проповедаме? Забележи што рекол пророкот Исаија: „Јехова над војските — само тој нека ви биде свет“ (Иса. 8:13). Ние го посветуваме Божјето име така што самите го сметаме за највеличествено од сите имиња и така што им помагаме на другите да разберат дека тоа е свето (Мат. 6:9). На пример, кога ги поучуваме луѓето за Јеховините прекрасни особини и за неговата намера со човештвото, им помагаме да сфатат дека сите лоши работи што ги кажал Сатана за Јехова се чиста лага (1. Мој. 3:1-5). Божјето име го посветуваме и кога им помагаме на луѓето да дознаат дека Јехова ја заслужува „славата и честа и моќта“ (Отк. 4:11). Рун, кој служи како пионер веќе 16 години, вели: „Кога размислувам за можноста што ми е дадена да сведочам за Творецот на универзумот, чувствувам голема благодарност. Тоа ми дава желба да продолжам да проповедам“.
ГИ САКАМЕ ЈЕХОВА И НЕГОВИОТ СИН
5. а) Според Јован 15:9, 10, која е една причина зошто проповедаме? б) Како Исус им помогнал на своите ученици да сфатат зошто треба да бидат истрајни?
5 (Прочитај Јован 15:9, 10.) Втората причина од која ја проповедаме пораката за Царството е нашата љубов кон Јехова и кон Исус (Мар. 12:30; Јован 14:15). Исус им кажал на своите ученици дека треба да останат во неговата љубов. Зошто? Бидејќи знаел дека ќе им треба истрајност за да живеат како вистински христијани. Всушност, во Јован 15:4-10, Исус го употребил зборот „останете“ повеќе пати за да им помогне на учениците да сфатат дека треба да бидат истрајни.
6. Како покажуваме дека сакаме да останеме во Исусовата љубов?
6 Како покажуваме дека сакаме да го радуваме Исус и да останеме во неговата љубов? Така што сме му послушни. Исус го бара од нас само она што и самиот го правел. Тој рекол: „Јас ги држев заповедите на Таткото и останувам во неговата љубов“ (Јован 15:10). Со тоа ни дал добар пример (Јован 13:15).
7. Како послушноста е поврзана со љубовта?
7 Исус јасно дал до знаење дека послушноста е поврзана со љубовта кога Јован 14:21). Што е уште поважно, кога ја извршуваме неговата заповед да проповедаме, покажуваме дека го сакаме и Јехова бидејќи заповедите на Исус доаѓаат од неговиот Татко (Мат. 17:5; Јован 8:28). А кога им покажуваме на Јехова и на Исус дека ги сакаме, остануваме во нивната љубов.
рекол: „Кој ги има моите заповеди и ги држи, тој ме сака“ (ГИ ПРЕДУПРЕДУВАМЕ ЛУЃЕТО
8, 9. а) Која е уште една причина зошто проповедаме? б) Зошто Јеховините зборови запишани во Езекиел 3:18, 19 и 18:23 нѐ поттикнуваат да продолжиме да проповедаме?
8 Третата причина од која проповедаме е тоа што сакаме да ги предупредиме другите за доаѓањето на Јеховиниот ден. Во Библијата, Ное е наречен „проповедникот“. (Прочитај 2. Петрово 2:5.) Пред Потопот, кога им проповедал на другите, Ное сигурно ги предупредувал за претстојното уништување. Зошто го велиме тоа? Бидејќи Исус рекол: „Како што во тие денови пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и се мажеа, сѐ до денот кога Ное влезе во арката, и не обрнуваа внимание додека не дојде потопот и ги однесе сите, таква ќе биде и присутноста на Синот човечки“ (Мат. 24:38, 39). Иако повеќето луѓе не го слушале, Ное истрајно ги предупредувал дека Јехова ќе му стави крај на тој злобен свет.
9 Денес, ја проповедаме добрата вест за Царството за да им дадеме можност на луѓето да дознаат која е Божјата намера со човештвото. Како Јехова, и ние од срце сакаме луѓето да ја послушаат таа порака и секој од нив да живее вечно (Езек. 18:23). Кога проповедаме од куќа до куќа и на јавни места, се трудиме да предупредиме колку што е можно повеќе луѓе дека Божјето Царство ќе дојде и ќе го уништи овој злобен свет (Езек. 3:18, 19; Дан. 2:44; Отк. 14:6, 7).
ГИ САКАМЕ ЛУЃЕТО
10. а) Според Матеј 22:39, од која причина треба да проповедаме? б) Како Павле и Сила му помогнале на затворскиот чувар во Филипи?
10 Четврта причина зошто продолжуваме да проповедаме е тоа што ги сакаме луѓето (Мат. 22:39). Оваа љубов ни помага да истраеме во проповедничкото дело бидејќи знаеме дека луѓето можат да го сменат својот став кога ќе им се сменат околностите. Да видиме што доживеале апостол Павле и Сила. Во градот Филипи, нивните противници ги фрлиле в затвор. Но во текот на ноќта се случил силен земјотрес и вратите од затворот се отвориле. Чуварот се исплашил дека затворениците побегнале и сакал да се убие. Во тој момент Павле извикал: „Не прави си никакво зло!“ Чуварот прашал: „Што морам да правам за да бидам спасен?“ Павле и Сила му рекле: „Верувај во Господарот Исус и ќе бидеш спасен“ (Дела 16:25-34).
11, 12. а) Што учиме за нашата служба од извештајот за затворскиот чувар? б) Зошто сакаме да продолжиме да проповедаме?
11 Што учиме за проповедничкото дело од извештајот за затворскиот чувар? Забележи дека тој си го сменил
ставот и побарал помош дури откако се случил земјотресот. Слично на тоа, оние што не ја слушаат библиската порака можеби ќе си го сменат ставот и ќе побараат помош кога ќе доживеат некоја трагедија. На пример, некои на нашето подрачје можеби се шокирани бидејќи неочекувано останале без работа или, пак, се развеле. Други можеби се многу тажни бидејќи дознале дека се тешко болни или бидејќи им умрел некој од најблиските. Кога ќе се случат такви работи, луѓето може да почнат да си поставуваат прашања за животот за кои порано не размислувале. Дури можеби се прашуваат: „Што морам да правам за да бидам спасен?“ Кога ќе отидеме кај нив, можеби за прв пат во својот живот ќе сакаат да ја слушнат нашата порака на надеж.12 Затоа, ако истрајно проповедаме, ќе можеме да им дадеме утеха на луѓето кога ќе бидат спремни да ја прифатат (Иса. 61:1). Еве што вели Шарлот, која служи како пионер веќе 38 години: „Луѓето денес се збунети. Затоа треба ја чујат добрата вест“. Ејвор, која 34 години служи како пионер, вели: „Денес, повеќе од кога и да било порано, голем број луѓе се обесхрабрени. Многу сакам да им помогнам. Тоа ме поттикнува да проповедам“. Јасно, љубовта кон луѓето е важна причина поради која треба да продолжиме да проповедаме!
ДАРОВИ КОИ НИ ПОМАГААТ ДА ИСТРАЕМЕ
13, 14. а) Кој дар е спомнат во Јован 15:11? б) Како можеме да ја имаме радоста на Исус? в) Како радоста ни помага во службата?
13 Ноќта пред својата смрт, во разговорот со своите апостоли Исус спомнал и дарови кои ќе им помогнеле да продолжат да донесуваат плод. Кои се тие дарови, и како можат да ни помогнат нам денес?
14 Радост. Дали проповедањето за нас е товар? Воопшто не. Откако ја кажал споредбата за лозата, Исус рекол дека, секогаш кога ќе проповедаме, ќе ја имаме неговата радост. (Прочитај Јован 15:11.) Како е можно тоа? Претходно спомнавме дека Исус се споредил себеси со една лоза, а своите ученици со прачки. Прачките добиваат вода и хранливи состојки само ако останат на лозата. Слично на тоа, сѐ додека остануваме во единство со Исус и тесно ги следиме неговите стапки, ние ќе ја чувствуваме истата радост што ја чувствува тој бидејќи ја врши Божјата волја (Јован 4:34; 17:13; 1. Пет. 2:21). Хане, која служи како пионер повеќе од 40 години, вели: „Радоста што ја чувствувам секогаш кога ќе се вратам од служба ме поттикнува да продолжам да му служам на Јехова“. Радоста ни дава сила да продолжиме да проповедаме дури и кога повеќето луѓе не сакаат да нѐ слушаат (Мат. 5:10-12).
15. а) Кој дар е спомнат во Јован 14:27? б) Како мирот ни помага да продолжиме да донесуваме плод?
15 Мир. (Прочитај Јован 14:27.) Нешто порано истата вечер, Исус им го кажал и следново на апостолите: „Мирот свој ви го давам“. Како може мирот на Исус да ни помогне да продолжиме да проповедаме? Кога проповедаме, чувствуваме мир бидејќи знаеме дека ги радуваме Јехова и Исус. Благодарение на тој мир, имаме сила да истраеме во проповедничкото дело (Пс. 149:4; Рим. 5:3, 4; Кол. 3:15). Улф, кој служи како пионер 45 години, вели: „Службата на проповедање ме уморува, но истовремено ми носи големо задоволство и ми дава смисла во животот“. Многу сме благодарни што сме нашле мир што трае!
16. а) Кој дар е спомнат во Јован 15:15? б) Што морале да прават апостолите за да останат негови пријатели?
Јован 15:11-13). Потоа рекол: „Ве нарекувам пријатели“. Пријателството со Исус е навистина скапоцен дар! Но што морале да прават апостолите за да останат негови пријатели? Исус објаснил: „Ве одредив да одите и да донесувате плод“. (Прочитај Јован 15:14-16.) Ова не било првпат Исус да им каже да одат и да проповедаат. Две години претходно, тој им рекол на апостолите: „Додека одите, проповедајте: ’Се приближи царството небесно‘“ (Мат. 10:7). Сега, ноќта пред својата смрт, Исус ги поттикнува и понатаму да донесуваат плод. Значи, требало да продолжат да проповедаат, односно да истраат во тоа дело (Мат. 24:13; Мар. 3:14). Се разбира, тој знаел дека ова нема да биде лесно. Но тие ќе можеле да успеат во тоа и да останат негови пријатели. Како? Со помошта на уште еден дар.
16 Пријателство со Исус. Откако им кажал на своите апостоли дека сака да бидат радосни, Исус им објаснил зошто е важно да покажуваат несебична љубов (17, 18. а) Каков дар е спомнат во Јован 15:7? б) Како тој дар им помогнал на Исусовите ученици? в) Кои дарови ни помагаат денес?
17 Одговор на нашите молитви. Исус рекол: „Замолете за што и да сакате, и ќе ви се случи“ (Јован 15:7, 16). Ова ветување сигурно многу ги зајакнало апостолите! * Тие не сфатиле дека Исус наскоро ќе умре, но тоа немало да значи дека ќе бидат препуштени сами на себе. Јехова бил спремен да им одговори на молитвите и да им помага додека ја проповедале добрата вест. И навистина, кратко потоа апостолите го молеле Јехова да им даде храброст, а тој одговорил на нивните молитви (Дела 4:29, 31).
18 Истото важи и денес. Кога истрајуваме во проповедничкото дело, остануваме пријатели на Исус. А можеме да бидеме сигурни дека Јехова со задоволство ќе ни одговори на молитвите и ќе ни помогне кога ни е тешко да проповедаме (Фил. 4:13). Многу сме благодарни што Јехова ни одговара на молитвите и што Исус е наш пријател. Овие дарови од Јехова нѐ зајакнуваат да продолжиме да донесуваме плод (Јак. 1:17).
19. а) Зошто продолжуваме да проповедаме? б) Што ни помага да го довршиме делото што ни го доверил Бог?
19 Во оваа статија разгледавме четири причини зошто треба да продолжиме да проповедаме: 1) така го славиме Јехова и го посветуваме неговото име, 2) покажуваме љубов кон Јехова и кон Исус, 3) ги предупредуваме луѓето и 4) покажуваме љубов кон нив. Освен тоа, разгледавме и четири дарови: радоста, мирот, пријателството со Исус и тоа што Бог ни одговара на молитвите. Тие дарови нѐ зајакнуваат да го довршиме делото што ни го доверил Бог. Јехова многу се радува кога гледа колку се трудиме истрајно да донесуваме плод.