Предлог за овој месец
Како може да се користи делот „Најново“
Во делот „Најново“ во JW Library® и на jw.org се наоѓаат најновите статии и видеоклипови. Како можеш да го користиш овој дел за да бидеш во тек со најновите информации?
JW Library
Најновите статии се објавуваат така што се ажурира рубриката на која припаѓаат. Значи, кога одредена рубрика ќе се појави во делот „Најново“, можеш да ја преземеш најновата верзија од таа рубрика. Потоа можеш да ја читаш најновата статија која ќе се појави најгоре на списокот статии од таа рубрика, кои се подредени по датум.
Поголемите публикации, како што е едно списание, можеби нема да можеш ги прочиташ наеднаш. Можеш да го додадеш списанието во делот „Омилени“, за да ти биде полесно да го најдеш и да продолжиш со читањето. Откако ќе завршиш со читањето, можеш да го отстраниш списанието од делот „Омилени“.
JW.ORG
Некои информации, како што се вести и некои известувања, излегуваат само на страницата jw.org, а не излегуваат во апликацијата JW Library. Затоа, редовно проверувај го делот „Најново“ на нашата интернет-страница за да ги прочиташ најновите статии.