Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Прашања од читателите

Прашања од читателите

Дали во Проповедник 5:8 станува збор за човечки владетели или за Јехова?

▪ Овој интересен стих гласи: „Ако видиш дека некаде во земјата го угнетуваат сиромавиот и дека насилно се скратува правдата и праведноста, немој да се чудиш, зашто има и такви што се високо над високите, а оној што е повисок од високите го набљудува тоа“ (Проп. 5:8).

Општо земено, оваа изјава добро ги опишува луѓето кои се на власт. Сепак, таа содржи и една многу утешна вистина за Јехова.

Проповедник 5:8 се однесува на владетел кој ги угнетува сиромасите и им ја скратува правдата. Тој не смее да заборави дека веројатно го набљудува некој што е на повисока положба или кој има поголема власт од него. Всушност, можеби има други што се на уште повисоки положби и од нив. За жал, бидејќи оние што ги сочинуваат човечките влади можат да бидат корумпирани, власта се злоупотребува на разни нивоа, а обичниот народ мора да ги трпи последиците.

Но, дури и кога сѐ изгледа безнадежно, утешно е што знаеме дека Јехова ги набљудува оние што имаат високи положби во човечките влади. Можеме да го молиме Бог за помош и да му кажеме што нѐ загрижува (Пс. 55:22; Фил. 4:6, 7). Знаеме дека „Јехова ја пребарува со своите очи целата земја за да ја покаже својата сила штитејќи ги оние што му се оддадени со цело срце“ (2. Лет. 16:9).

Според тоа, Проповедник 5:8 нѐ потсетува дека во светот во кој живееме секогаш постои некој што има поголема власт од некој друг. Но, што е уште поважно, овој стих нѐ потсетува дека Јехова има највисока, односно врховна власт. Тој сега владее преку својот Син, Исус Христос, кој е Цар на Божјето Царство. Семоќниот Бог, кој гледа сѐ, и неговиот Син се апсолутно праведни.