Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Предлог за овој месец

Предлог за овој месец

Проекти за деца

Родителите имаат голема одговорност да ги поучуваат своите деца за Јехова (Еф. 6:4). За да им помогне на родителите, Јеховината организација има објавено многу статии, видеоклипови и песни. Како можеш да ги користиш за да ги поучиш своите деца?

  • Оди на JW.ORG. Таму можеш да го најдеш целиот материјал што е наменет за деца, како на пример видеоклипови и работни листови на кои децата можат да пишуваат или да цртаат. a За да го најдеш овој материјал, во полето за пребарување внеси „Деца“ или „Тинејџери“.

  • Избери го она што е најсоодветно за твоето дете. Во делот „Деца“, можеш да најдеш видеоклипови, песни и работни листови што можат да бидат корисни за твоето дете. Некои од тие работи има во делот „Проекти за Семејната вечер“.

  • Поминувај време со децата. Целта на нашите видеоклипови и работни листови не е само децата да имаат со што да се занимаваат. Треба да разговараш за нив со децата и да им помогнеш да станат пријатели со Јехова.

a Во апликацијата JW Li­brary® моментално се наоѓаат сите видеоклипови, но само некои од проектите за деца.