Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Се сеќаваш ли?

Се сеќаваш ли?

Дали внимателно ги читаше последните неколку броеви од Стражарска кула? Види дали можеш да одговориш на следниве прашања:

На какви гревови мислел Исус кога го дал советот во Матеј 18:15-17?

Тој зборувал за проблеми кои можеле да ги решат насамо оние што биле засегнати. Сепак, причината за проблемите бил посериозен грев поради кој некој би можел да биде исклучен доколку работата не се расчистела. На пример, гревот би можел да биде измама или клевета (w16.05, стр. 7).

Како можеш да извлечеш поголема корист од читањето на Библијата?

Читај со отворен ум, барајќи поуки што би можел да ги примениш. Поставувај си прашања како, на пример, како можам да ги искористам овие информации за да им помагам на другите? Истражувај нешто повеќе за материјалот што си го прочитал (w16.05, стр. 24-26).

Дали е погрешно еден христијанин да тагува иако верува во воскресение?

Верата во воскресение не ја отстранува големата загуба што можеби ја чувствува христијанинот. И Авраам тагувал поради смртта на Сара (1. Мој. 23:2). Сепак, со текот на времето, болката ќе се ублажи (wp16.3, стр. 4).

Кого го претставуваат човекот со писарски прибор и шесте мажи со погубно оружје, кои се спомнати во видението на Езекиел?

Тие ги претставуваат небесните војски кои учествувале во уништувањето на Ерусалим и кои ќе бидат вклучени во уништувањето на злобниот свет на Сатана во Армагедон. Во нашево време, човекот со писарски прибор го претставува Исус Христос кој ќе ги обележи оние што ќе преживеат (w16.06, стр. 16-17).

Какви закани преживеала Библијата?

Таа опстанала и покрај тоа што 1) била пишувана на распадливи материјали, како папирус и пергамент; 2) политичките и верските водачи пробале да ја уништат; и 3) некои се обидувале да ја изменат нејзината порака (wp16.4, стр. 4-7).

Како можеш да си го поедноставиш животот?

Направи список на она што ти е потребно и не купувај непотребни работи. Одреди што ќе купиш во склад со домашниот буџет. Ослободи се од работите што не ги користиш и врати ги долговите. Размисли дали можеш да работиш помалку време и да ја зголемиш службата (w16.07, стр. 10).

Според Библијата, што е повредно од злато или сребро?

Јов 28:12, 15 покажува дека Божјата мудрост е поскапоцена од злато или сребро. Додека ја бараш, дај сѐ од себе да останеш понизен и да имаш цврста вера (w16.08, стр. 18-19).

Дали е во ред еден Јеховин сведок да носи брада?

Во некои култури е прифатливо мажите да имаат уредно потстрижена брада, и тоа воопшто не ги одвраќа луѓето од нашата порака. И покрај тоа, некои браќа можеби ќе одлучат да се бричат (1. Кор. 8:9). Но, во други култури се смета дека на еден Јеховин сведок не му прилега да носи брада (w16.09, стр. 21).

Дали извештајот за Давид и Голијат е вистински настан?

Библијата вели дека Голијат бил само 15 сантиметри повисок од највисокиот човек за кого има документирани податоци во поново време. Давид бил вистинска личност. Тоа го потврдува еден стар натпис во кој се спомнува „куќата на Давид“. Освен тоа, и Исус зборувал за Давид. Географските податоци наведени во библискиот извештај се во склад со познатите факти (wp16.5, стр. 13).

Како се разликува мудроста од знаењето и разбирањето?

Оној што има знаење собира информации или факти. Оној што има разбирање сфаќа како информациите се поврзани меѓу себе. Но, оној што има мудрост ги применува знаењето и разбирањето во пракса, и извлекува корист од нив (w16.10, стр. 18).