Прашања од читателите
Дали користењето спирала (интраутеринска контрацепција) е во склад со библиските начела?
Во врска со ова, брачните парови треба да донесат одлука со која ќе задржат чиста совест пред Бог. За таа цел, мажот и жената мора добро да се информираат како функционира оваа метода на контрацепција и да размислат кои библиски начела треба да ги земат предвид.
Јехова им ја дал следнава заповед на Адам и Ева, а подоцна и на Ное и на неговото семејство: „Плодете се и множете се“ (1. Мој. 1:28; 9:1). Во Библијата не пишува дека христијаните треба да ја држат оваа заповед. Затоа, кога размислуваат за тоа дали да имаат деца, колку деца да имаат и кога, мажот и жената мора заедно да одлучат дали ќе користат некој вид на контрацепција. Притоа, кои фактори треба да ги земат предвид?
Кога размислуваат кој начин на контрола на раѓањето ќе го користат, христијаните треба да ги земат предвид библиските начела. Токму затоа, тие не го прифаќаат абортусот како начин на контрола на раѓањето. Намерниот абортус ја прекинува бременоста која, доколку би продолжела, би водела до раѓање на едно бебе. Од Библијата дознаваме дека животот е скапоцен и дека треба да го цениме. Абортусот се коси со тоа библиско гледиште (2. Мој. 20:13; 21:22, 23; Пс. 139:16; Ерем. 1:5). А како треба да гледаме на користењето спирала?
Оваа тема беше разгледана во англиското издание на Стражарска кула од 15 мај 1979 год., на страници 30-31. * Повеќето спирали кои се користеа во тоа време беа пластични без биоактивни супстанции и се вметнуваа во матката за да се спречи бременост. Во статијата пишуваше дека не е сосема јасно како функционира спиралата. Многу научници сметаа дека спиралата ги спречува сперматозоидите да стигнат до јајце-клетката на жената и да ја оплодат. А доколку јајце-клетката не се оплоди, не започнал нов живот.
Пс. 36:9).
Сепак, постоеја докази дека понекогаш би можело да дојде до оплодување на јајце-клетката. Оплодената јајце-клетка може да расте во јајцеводот (вонматерична бременост) или да патува до матката. Ако стигне до матката, спиралата може да ја спречи оплодената јајце-клетка да се вгнезди во ѕидот на матката, и на тој начин бременоста ќе се прекине. Тоа би било како абортус. Во заклучокот од статијата пишуваше: „Христијаните кои не се сигурни дали е исправно да користат спирала како контрацептивно средство треба сериозно да размислат за ваквите информации и притоа да го земат предвид библиското начело за светоста на животот“ (Но, од 1979 год., кога беше издадена статијата, постигнат е голем напредок во медицината и науката.
Сега се достапни други два вида спирали. Едниот вид спирала, која содржи бакар, до 1988 год. стана широко распространета во САД. Другиот вид спирала, која испушта хормон, почна да се продава во 2001 год. Како функционираат овие два вида спирали?
Бакарна спирала: Како што спомнавме, спиралата ги попречува сперматозоидите да поминат низ матката за да стигнат до јајце-клетката. Освен тоа, бидејќи оваа спирала испушта бакар, кој е токсичен за сперматозоидите, таа дејствува и како спермицид. * Исто така, оваа спирала предизвикува промени во слузницата, односно во внатрешната обвивка на матката.
Хормонска спирала: Овој вид спирала содржи хормон кој се испушта во матката и е сличен на оној што најчесто се користи во контрацептивните таблети. Изгледа дека ваквите спирали ја спречуваат овулацијата кај некои жени. Се разбира, ако не се ослободи јајце-клетка, не може да дојде до оплодување. Се смета дека овој вид спирала исто така ја истенчува внатрешната обвивка на матката. * Освен тоа, ја згуснува слузта што се создава во грлото на матката и така ги спречува сперматозоидите да преминат од вагината во матката. За разлика од спиралите кои се користеле порано, овие спирали ги имаат и овие дополнителни дејства.
Како што веќе спомнавме, изгледа дека двата вида спирали предизвикуваат промени во слузницата на матката. Тоа значи дека, доколку дошло до овулација и јајце-клетката била оплодена, таа може да влезе во матката, но да не се вгнезди поради промените во обвивката. Ова би ја прекинало бременоста во рана фаза. Сепак, научниците сметаат дека ова се случува ретко, исто како што понекогаш може да се случи и со контрацептивните таблети.
Затоа, никој не може со сигурност да тврди дека при користењето на бакарна или хормонска спирала никогаш не може да дојде до оплодување на една јајце-клетка. Сепак, истражувањата покажуваат дека, поради начинот на кој овие спирали спречуваат да дојде до оплодување на јајце-клетката, ретко се случува една жена да забремени.
Брачните парови кои размислуваат дали жената да користи спирала можат да разговараат со стручно медицинско лице. Тоа може да им каже кои спирали се достапни во нивното место, како и да им ги наведе можните предности и ризици за жената. Брачниот пар не треба да очекува ниту, пак, да дозволи некој друг, дури ни лекарот да донесе одлука наместо нив (Рим. 14:12; Гал. 6:4, 5). Тоа е лична одлука која мажот и жената треба да ја донесат заедно. Нивна цел треба да биде да му угодат на Бог и да задржат чиста совест. (Спореди со 1. Тимотеј 1:18, 19; 2. Тимотеј 1:3.)
^ пас. 4 На хрватски оваа статија излезе во Стражарска кула од 1 септември 1987 год., на страници 30-31.
^ пас. 4 Во еден прирачник издаден од Националната здравствена служба на Англија пишува: „Спиралите кои содржат повеќе бакар имаат ефикасност поголема од 99 отсто. Тоа значи дека од 100 жени кои користат спирала во текот на една година, нема да забремени ниту една жена или, пак, ќе забремени најмногу една жена. Спиралите кои содржат помалку бакар се помалку ефикасни“.
^ пас. 5 Бидејќи содржат хормон кој ја истенчува внатрешната обвивка на матката, лекарите понекогаш им ги препорачуваат овие спирали на жени што се во брак, но и на жени што не се во брак, за да го регулираат обилниот менструален циклус.