Продолжи духовно да напредуваш!
Живејте според духот (ГАЛ. 5:16)
1, 2. Што сфатил еден брат за себеси, и што направил во врска со тоа?
РОБЕРТ се крстил како тинејџер, но вистината не ја сфаќал сериозно. Тој вели: „Не правев ништо погрешно, но му служев на Јехова само механички. Сите мислеа дека сум духовно јак бидејќи бев редовен на состаноците и служев како помошен пионер неколку пати во годината. Сепак, нешто не беше во ред“.
2 Како Роберт сфатил во што е проблемот? Откако се оженил, тој и жена му понекогаш играле библиски игри во кои си поставувале прашања еден на друг. Жена му добро ја познавала Библијата и лесно можела да одговори на прашањата. Но, Роберт не знаел многу од одговорите и често се чувствувал засрамено. Тој вели: „Ми се чинеше дека ништо не знаев. Си помислив: ’Ако сакам да ѝ пружам добро духовно водство на жена ми, морам да преземам нешто‘“. Што направил Роберт? Тој кажува: „Сѐ повеќе ја проучував Библијата, и полека почнав да си ги поврзувам информациите. Научив многу работи, но што е уште поважно, станав близок со Јехова“.
3. а) Што можеме да научиме од искуството на Роберт? б) Кои важни прашања ќе ги разгледаме?
3 Од искуството на Роберт можеме да извлечеме важни поуки. Можеби имаме одредено познавање на Библијата и Фил. 3:16). Во оваа статија ќе добиеме одговор на три важни прашања: 1) Што ќе ни помогне да се преиспитаме дали сме духовни личности? 2) Како можеме да продолжиме да напредуваме во духовен поглед? 3) Како може тоа што ќе бидеме духовно зрели личности да ни помогне во секојдневниот живот?
редовно одиме на состаноците и во служба на проповедање. Сепак, тоа само по себе не значи дека сме духовни личности. Или, можеби веќе до одредена мера сме напредувале во духовен поглед, но кога се преиспитуваме гледаме дека има полиња на кои можеме да се подобриме (КАКО ДА СЕ ПРЕИСПИТАМЕ
4. На кого се однесува советот од Ефешаните 4:23, 24?
4 Кога сме почнале да му служиме на Бог, сме направиле големи промени кои влијаеле врз секој аспект од нашиот живот. Но, тој процес на менување не завршил со нашето крштавање. Библијата нѐ поттикнува да се обновуваме во силата што го задвижува нашиот ум (Еф. 4:23, 24). Изразот „да се обновуваме“ укажува на трајно дејство. Тоа значи дека треба да продолжиме да правиме промени. Ова е особено важно бидејќи сме несовршени. Дури и ако веќе со години му служиме на Јехова, мора да се трудиме да ја зачуваме нашата духовност (Фил. 3:12, 13).
5. Кои прашања можат да ни помогнат да се преиспитаме?
5 За да станеме духовно позрели личности и за да останеме блиски со Јехова, треба искрено да се преиспитаме. Без разлика дали сме млади или стари, секој од нас може да си ги постави следниве прашања: „Дали забележувам промени кај себеси кои покажуваат дека сѐ повеќе гледам на работите како Јехова? Дали станувам сѐ посличен на Исус? Што откриваат за мене моето однесување на состаноците и мојот став кон нив? Што откриваат моите разговори за она што ми е најважно во животот? Што откриваат за мене моите навики на проучување, начинот на кој се облекувам и изгледам, како и начинот на кој реагирам кога ќе добијам совет? Како реагирам кога ќе се најдам во искушение? Дали сум станал зрел христијанин?“ (Еф. 4:13). Овие прашања можат да ни помогнат да дознаеме колку сме напредувале во духовен поглед.
6. Што друго може да ни помогне да се преиспитаме дали сме духовни личности?
6 За да провериме каква е нашата духовност, понекогаш може да ни биде потребна помош од некој друг. Апостол Павле рекол дека телесниот човек не сфаќа дека неговиот начин на живот не го радува Бог. Од друга страна, духовниот човек сфаќа како Бог гледа на работите. Тој знае дека Јехова не го одобрува начинот на кој живеат телесните луѓе (1. Кор. 2:14-16; 3:1-3). Бидејќи старешините го имаат „Христовиот ум“, тие честопати брзо можат да забележат кога некој ќе почне да постапува како телесен човек, и се трудат да му помогнат. Доколку старешините видат такво нешто кај нас и се обидат да ни помогнат, дали ќе го прифатиме нивниот совет и ќе ги направиме потребните промени? Ако постапиме така, ќе покажеме дека навистина сакаме да станеме духовно позрели личности (Проп. 7:5, 9).
ЗАЈАКНУВАЈ ЈА СВОЈАТА ДУХОВНОСТ
7. Од каде знаеме дека духовно зрела личност не е некој што само добро ја познава Библијата?
7 За да станеш духовно зрела личност, не е доволно само добро да ја познаваш Библијата. Цар Соломон знаел многу за Јехова. Неговите мудри зборови подоцна станале дел од Библијата. Но, со текот на времето се оддалечил од Јехова и не му останал верен (1. Цар. 4:29, 30; 11:4-6). Според тоа, што друго ни е потребно освен библиско знаење? Треба да продолжиме да ја зацврстуваме нашата вера (Кол. 2:6, 7). Како можеме да го направиме тоа?
8, 9. а) Што ќе ни помогне да си ја зацврстиме верата? б) Со која цел треба да проучуваме и длабоко да размислуваме? (Види ја сликата на почетокот од статијата.)
8 Апостол Павле ги поттикнал христијаните во првиот век да напредуваат кон зрелост (Евр. 6:1). Како можеш да го примениш тој совет? Еден важен начин е така што ќе ја проучуваш книгата Зачувај ја Божјата љубов. Тоа ќе ти помогне да разбереш како да ги применуваш библиските начела во твојот живот. Ако веќе си ја проучувал оваа книга, можеш да проучуваш некоја друга публикација која ќе ти помогне да си ја зацврстиш верата (Кол. 1:23). Освен тоа, треба длабоко да размислуваш за она што го учиш и да го молиш Јехова да ти помогне да видиш како можеш да го применуваш.
9 Додека проучуваме и длабоко размислуваме, целта треба да ни биде да развиеме силна желба да го радуваме Јехова и да му бидеме послушни (Пс. 40:8; 119:97). Исто така, треба да ги отфрлиме работите кои можат да нѐ спречат духовно да напредуваме (Тит 2:11, 12).
10. Како можат младите да напредуваат во духовен поглед?
10 Ако си млад, дали имаш конкретни духовни цели? За време на покраинските собири, еден брат кој служи во Бетел, има навика пред програмата да зборува со младите кои се кандидати за крштавање. Тој ги прашува кои се нивните духовни цели. Одговорите што ги даваат многу од младите покажуваат дека имаат јасна слика што сакаат да прават во службата за Јехова. Некои сакаат да служат полновремено или да се преселат на место каде што има поголема потреба од објавители. Но, има и млади кои не знаат што да одговорат на прашањето. Дали тоа значи дека можеби си мислат дека не е потребно да си постават духовни цели? Ако си млада личност, прашај се: „Дали учествувам во теократските активности само бидејќи моите родители го очекуваат тоа од мене или имам личен однос со Јехова?“ Се разбира, сите треба да си поставуваме духовни цели, без разлика дали сме млади или стари. Тоа ќе ни помогне да станеме духовно позрели личности (Проп. 12:1, 13).
11. а) Што треба да правиме за да станеме духовно зрели личности? б) Кој библиски пример можеме да го следиме?
11 Откако ќе увидиме на кои полиња можеме да се подобриме, треба да почнеме да правиме промени. Ова е многу важно бидејќи нашиот живот зависи од тоа дали ќе станеме духовно зрели личности (Рим. 8:6-8). Се разбира, тоа не значи дека треба да бидеме совршени. За да можеме духовно да напредуваме, Јехова ни помага со својот свет дух. Сепак, и ние самите мора да вложиме труд. Во врска со стихот од Лука 13:24, брат Џон Бар, кој служеше како член на Водечкото тело, во една прилика изјави: „Многумина не успеваат да влезат низ тесната врата бидејќи не вложуваат доволно труд за да станат духовно зрели личности“. Треба да бидеме како Јаков кој се борел со еден ангел и не се откажал сѐ додека не добил благослов (1. Мој. 32:26-28). Иако проучувањето на Библијата може да ни носи задоволство, не треба да очекуваме таа да биде лесна за читање како некој роман напишан за забава. Напротив, додека ја читаме треба да вложиме труд за да откриеме скапоцени вистини кои ќе ни користат.
12, 13. а) Што ќе ни помогне да размислуваме како Исус? б) Како можат да ни помогнат примерот и советот на апостол Петар? в) Што можеш да правиш за да ја зајакнеш својата духовност? (Види ја рамката „ Како можеш духовно да напредуваш“.)
12 Кога се трудиме да растеме духовно, светиот дух ни помага да го менуваме начинот на размислување. Малку по Рим. 15:5). Светиот дух може да ни помогне да ги отфрлиме погрешните желби и да развиеме особини кои му се допаѓаат на Бог (Гал. 5:16, 22, 23). Ако откриеме дека сме преокупирани со материјални работи или телесни задоволства, не треба да се обесхрабруваме. Треба да продолжиме да го молиме Јехова да ни помага со светиот дух да размислуваме за она што е исправно (Лука 11:13). Да се сетиме на апостол Петар. Тој не размислувал секогаш како Исус (Мат. 16:22, 23; Лука 22:34, 54-62; Гал. 2:11-14). Сепак, не се обесхрабрил. Постепено, со помош од Јехова, научил да размислува како Исус. И ние можеме да успееме во тоа.
малку, учиме да размислуваме како Исус (13 Петар спомнал конкретни особини кои можат да ни помогнат. (Прочитај 2. Петрово 1:5-8.) Треба да вложиме многу труд за да развиеме самосовладување, истрајност, братска љубов и други добри особини. Добро е секој ден да се прашаме: „На која особина можам да работам денес за духовно да напредувам?“
ПРИМЕНУВАЈ ГИ БИБЛИСКИТЕ НАЧЕЛА
14. Како духовноста ќе влијае врз нашиот живот?
14 Ако размислуваме како Исус, тоа ќе влијае врз начинот на кој зборуваме, начинот на кој се однесуваме на работа и на училиште и врз одлуките што ги носиме секој ден. Од нашите одлуки ќе се гледа дека се трудиме да го следиме примерот на Исус. Како духовни личности, не сакаме ништо да ни го загрози односот со нашиот небесен Татко, Јехова. Кога ќе се најдеме во ситуација да направиме нешто погрешно, духовноста ќе ни помогне да му се спротивставиме на искушението. Пред да донесеме некоја одлука, ќе размислиме за овие прашања: „Кои библиски начела можат да ми помогнат? Што би направил Исус во оваа ситуација? Со која одлука ќе го израдувам Јехова?“ Треба да ни стане навика да размислуваме на ваков начин. Затоа да разгледаме неколку ситуации. За секоја од нив ќе видиме по едно библиско начело кое може да ни помогне да донесеме мудра одлука.
15, 16. Како тоа што ќе размислуваме како Исус може да ни помогне а) при изборот на брачен другар? б) при изборот на пријатели?
15 Избор на брачен другар. Едно библиско начело кое важи за оваа ситуација е запишано во 2. Коринќаните 6:14, 15. (Прочитај.) Павле јасно кажал дека духовната личност не гледа на работите на ист начин како телесната личност. Како може ова начело да ти помогне при изборот на брачен другар?
16 Избор на пријатели. Забележи го библиското начело од 1. Коринќаните 15:33. (Прочитај.) Оној што е духовно зрел нема да се дружи со луѓе кои можат да му ја ослабнат верата. Размисли како можеш да го примениш ова начело во различни ситуации. На пример, како може да ти помогне кога станува збор за користење социјални мрежи? Како може да ти помогне да одлучиш дали ќе играш онлајн игри со непознати лица?
17-19. Како тоа што си духовна личност ти помага а) да избегнуваш безвредни активности? б) да си поставуваш цели? в) да решаваш несогласувања?
17 Активности кои го спречуваат духовниот напредок. Зборовите што апостол Евреите 6:1.) Кои се „мртвите дела“ што треба да ги избегнуваме? Тоа се активности од кои немаме никаква корист во духовен поглед. Ова начело може да ни помогне кога размислуваме за следниве прашања: „Дали оваа активност е корисна или безвредна? Дали да ја прифатам оваа бизнис зделка? Зошто да не се вклучам во некое движење чија цел е да направи промени во светот?“
Павле им ги кажал на своите соверници содржат важно предупредување. (Прочитај18 Духовни цели. Во Проповедта на гората, Исус дал добар совет во врска со поставувањето цели (Мат. 6:33). Оној што е духовно зрел го става Царството на прво место во животот. Ова начело ќе ни помогне да добиеме одговор на следниве прашања: „Дали да одам на факултет по завршување на средното образование? Дали да ја прифатам оваа понуда за работа?“
19 Несогласувања. Советот што Павле им го напишал на христијаните во Рим може да ни помогне кога имаме несогласувања со другите. Како следбеници на Исус, се трудиме да бидеме „во мир со сите луѓе“ (Рим. 12:18). Како реагираме кога имаме несогласување со некој? Дали ни е тешко да попуштиме или сме познати како „оние што творат мир“? (Јак. 3:18).
20. Зошто сакаш да продолжиш да напредуваш во духовен поглед?
20 Ова се само некои примери кои покажуваат како библиските начела можат да ни помогнат да носиме одлуки од кои се гледа дека нѐ води Божјиот дух. Ако се трудиме да бидеме духовни личности, ќе имаме посреќен и посмисловен живот. Роберт, кој го спомнавме претходно, вели: „Откако станав вистински близок со Јехова, станав и подобар сопруг и татко. Конечно бев задоволен и среќен“. Ако даваме сѐ од себе за да напредуваме во духовен поглед, и ние ќе добиеме многу благослови. Уште денес ќе имаме посреќен живот, а во иднина ќе го добиеме „вистинскиот живот“ (1. Тим. 6:19).