Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Дали сте знаеле?

Дали сте знаеле?

Дали начелата од Мојсеевиот закон навистина се применувале при решавање на секојдневни законски спорови во древниот Израел?

ПОНЕКОГАШ се применувале. Да разгледаме еден пример. Во 5. Мојсеева 24:14, 15 пишува: „Не мами го наемникот кој е страдалник и сиромав, било да е твој брат било да е дојденец што живее со тебе во твојата земја... за да не го повика на помош Јехова поради тебе, и тоа ќе ти биде грев“.

Глинената плочка на која била запишана молбата на земјоделскиот работник

Во близина на Азот е пронајден пишан извештај за молба поврзана со еден таков случај. Тој извештај датира од седмиот век пр.н.е. и се однесува на еден земјоделски работник кој наводно не ја доставил бараната количина на жито. Во овој документ, напишан на глинена плочка, стои: „Откако вашиот слуга [барателот] ја складираше жетвата пред неколку денови, Хошајаху, синот на Шобај, дојде и ја зеде наметката на вашиот слуга... Сите оние што работеа со мене на жешкото сонце можат да посведочат... дека ја зборувам вистината. Јас не сум виновен за никаков престап... Ако управителот смета дека не е негова обврска да се погрижи да му биде вратена наметката на неговиот слуга, направете го тоа од сожалување! Не смеете да молчите додека вашиот слуга е без својата наметка“.

Оваа молба „не ни укажува само на очајното барање на еден работник да ја добие [својата наметка]“, вели историчарот Симон Шама. „Таа укажува и на тоа дека на барателот веројатно му биле познати законите од Библијата, особено упатствата кои се запишани во книгите 3. Мојсеева и 5. Мојсеева со кои се забранувало сурово постапување со сиромашните.“