Помагај им на децата на доселениците
За мене нема поголема радост од тоа да чујам дека моите деца живеат според вистината (3. ЈОВ. 4)
1, 2. а) Со каков проблем се соочуваат голем број деца на доселеници? б) Кои прашања ќе ги разгледаме во оваа статија?
ЏОШУА, чии родители се доселеници, вели: „Како мал, и дома и во собранието зборував на јазикот на кој зборуваа и моите родители. Но, откако тргнав на училиште, почнав повеќе да зборувам на локалниот јазик. По неколку години, го користев само тој јазик. Веќе не можев да ја разберам програмата на состаноците, а културата на моите родители ми стана потполно туѓа“. Истото го доживеале и многу други деца на доселеници.
2 Денес, повеќе од 240 милиони луѓе живеат надвор од земјата во која се родиле. Ако ти си доселеник, како можеш на најдобар начин да им помогнеш на своите деца да научат да го сакаат Јехова и да „живеат според вистината“? (3. Јов. 4). И како можат другите да им помогнат?
РОДИТЕЛИ, ОСТАВЕТЕ ДОБАР ПРИМЕР
3, 4. а) Како можат родителите да им остават добар пример на своите деца? б) Што не треба да очекуваат родителите од своите деца?
3 Родители, ако сакате вашите деца да станат блиски со Јехова и да живеат вечно, мора да им оставите добар пример. Мат. 6:33, 34). Наместо најважни да ви бидат материјалните работи, на прво место во животот нека ви биде службата за Јехова. Живејте скромно и трудете се да не запаѓате во долгови. Немојте да си собирате материјално богатство ниту да барате слава од луѓе, туку собирајте си „богатство на небото“, односно трудете се да зачувате добар однос со Јехова. (Прочитај Марко 10:21, 22; Јован 12:43.)
Кога гледаат дека најнапред го барате Царството, вашите деца учат да имаат доверба дека Јехова ќе се грижи за нивните секојдневни потреби (4 Не дозволувајте да станете толку зафатени што нема да имате време за децата. Кажете им дека се гордеете со нив кога ќе одлучат да го стават Јехова на прво место наместо да трчаат по слава или по пари, било за нив или за вас. Чувајте се од небиблиското гледиште дека децата треба да им обезбедат на родителите удобен живот. Имајте на ум дека „децата не треба да стекнуваат имот за родителите, туку родителите за децата“ (2. Кор. 12:14).
РОДИТЕЛИ, ОБИДЕТЕ СЕ ДА ЈА НАДМИНЕТЕ ЈАЗИЧНАТА БАРИЕРА
5. Зошто родителите мораат да им зборуваат на своите деца за Јехова?
5 Како што било проречено, луѓе „од сите јазици што ги зборуваат народите“ стануваат дел од Јеховината организација (Зах. 8:23). Но, ако децата не го разбираат добро вашиот јазик, тоа може да ви отежни да ги поучувате за вистината. Тие се најважните лица со кои некогаш ќе ја проучувате Библијата. Нивниот живот зависи од тоа дали ќе го запознаат Јехова (Јован 17:3). За да можете да ги поучувате децата за Јехова, мора често да им зборувате за него. (Прочитај 5. Мојсеева 6:6, 7.)
6. Како може да им користи на децата тоа што ќе го научат јазикот на родителите? (Види ја сликата на почетокот од статијата.)
6 Децата веројатно ќе го научат локалниот јазик на училиште и преку разговор со други луѓе. Но, вашиот јазик ќе го научат само ако редовно зборувате со нив. Ако децата го знаат и вашиот јазик, ќе можат полесно да разговараат со вас и да ви кажат како се чувствуваат. Освен тоа, ако зборуваат повеќе од еден јазик, тоа ја подобрува нивната способност за размислување и им помага полесно да ги разберат гледиштата на другите. Исто така, тоа им отвора можности да прават повеќе во службата. Каролина, чии родители се доселеници, вели: „Многу е интересно да се служи во собрание на друг јазик. Баш е возбудливо да помагаш таму каде што има поголема потреба“.
7. Што можете да направите ако јазикот е пречка во вашето семејство?
7 Сепак, додека децата на доселениците ги учат културата и јазикот во местото каде што живеат, на некои од нив можеби ќе им згасне желбата, па дури и ќе ја изгубат способноста да комуницираат на јазикот на нивните родители. Ако тоа е случај и со вашите деца, дали можете вие да научите барем нешто од локалниот јазик? Ќе ви биде полесно да ги воспитувате своите деца во склад со библиските начела ако ги разбирате нивните разговори, нивната забава, она што го учат на училиште, и ако можете лично да разговарате со нивните наставници. Се разбира, за да се научи нов јазик треба време, труд и понизност. Но, сето тоа ќе се исплати. На пример, ако вашето дете од некоја причина го изгубило слухот, зарем нема да научите знаковен јазик за да можете да комуницирате со него? Зарем не би требало да го сторите истото и за едно дете кое комуницира најдобро на друг говорен јазик? *
8. Како можете да им помогнете на своите деца ако не го зборувате добро локалниот јазик?
8 На некои доселеници може да им 2. Тим. 3:15). Но, дури тоа да е случај и со вас, можете да им помогнете на децата да го запознаат и да го засакаат Јехова. Еден старешина, по име Шен, вели: „Нашата самохрана мајка слабо го познаваше јазикот што јас и сестра ми најдобро го разбиравме, а ние не го зборувавме добро нејзиниот јазик. Но, кога ја гледавме како проучува, како се моли и како дава сѐ од себе за редовно да ја одржуваме Семејната вечер, сфаќавме дека е многу важно да го запознаеме Јехова“.
биде тешко да научат течно да го зборуваат новиот јазик на нивните деца. Ова може да им отежни на родителите да им помагаат на децата да ги разберат „светите списи“ (9. Како можат родителите да им помагаат на своите деца кои можеби треба да проучуваат на два јазика?
9 Некои деца можеби ќе треба да учат за Јехова на два јазика. Зошто? Бидејќи на училиште зборуваат еден јазик, а дома друг. Затоа, некои родители користат литература, аудиоснимки и видеоматеријали на двата јазика. Јасно, доселениците мора повеќе да се трудат за нивните деца да станат блиски со Јехова.
ВО КОЕ СОБРАНИЕ ТРЕБА ДА СЛУЖИТЕ
10. а) Кој треба да одлучи во кое собрание ќе служи семејството? б) Што треба тој да направи пред да донесе одлука?
10 Кога во близина на доселениците нема собрание на нивниот јазик, треба да одат во собрание во кое се користи локалниот јазик (Пс. 146:9). Но, ако во близина има собрание во кое се користи нивниот јазик, поглаварот на семејството мора да одлучи во кое собрание е најдобро да служат. Пред да ја донесе одлуката, тој треба внимателно да размисли и да се моли во врска со тоа. Исто така, треба да разговара со својата сопруга и со децата (1. Кор. 11:3). Што треба да земе предвид? Кои библиски начела може да му помогнат да донесе мудра одлука?
11, 12. а) Како влијае јазикот врз тоа колку детето ќе извлече корист од состаноците? б) Зошто некои деца не сакаат да го учат јазикот на нивните родители?
11 Родителите мораат да ги земат предвид вистинските потреби на своите деца. Точно е дека, за да можат добро да ги разберат библиските вистини, на децата не им се доволни само неколку часа поуки од седмичните состаноци. Сепак, размисли за следново: На состаноците кои се одржуваат на јазикот што најдобро го разбираат, децата ќе научат многу со самото свое присуство, можеби и повеќе отколку што се свесни родителите. Но, тоа нема да е случај ако децата не го разбираат јазикот добро. (Прочитај 1. Коринќаните 14:9, 11.) Освен тоа, можно е да се случи јазикот на родителите да престане да влијае врз размислувањето и чувствата на детето. Всушност, некои деца можат да научат да даваат коментари, да учествуваат во прикази и да држат говори на јазикот на нивните родители, но тоа да го прават само механички а не од срце.
12 Исто така, врз срцето на детето не влијае само јазикот. Токму ова било случај со Џошуа, кој го спомнавме претходно. Неговата сестра, Естер, вели: „Врз малите деца не влијае само јазикот на нивните родители туку и нивната култура и религија“. Ако децата не се чувствуваат дел од културата на родителите, можеби нема да сакаат да го учат нивниот јазик и да ја прифатат нивната религија. Што можат да направат родителите кои се доселеници?
13, 14. а) Зошто еден брачен пар доселеници со своите деца се префрлиле во собрание на локален јазик? б) Што правеле родителите за да останат духовно јаки?
13 Родителите кои се Сведоци ги ставаат потребите на своите деца пред своите лични желби (1. Кор. 10:24). Самуел, таткото на Џошуа и Естер, вели: „Јас и жена ми ги набљудувавме децата за да видиме на кој јазик вистината допира до нивното срце, и го молевме Јехова да ни даде мудрост. Одговорот не беше она што ние го посакувавме. Но, кога сфативме дека извлекуваат многу малку корист од состаноците на нашиот јазик, одлучивме да се префрлиме во собрание на локалниот јазик. Редовно одевме заедно на состаноци и во служба. Исто така, каневме браќа и сестри од тоа собрание на ручек и на излети. Сето тоа им помогна на децата да се запознаат со браќата и да го запознаат Јехова, но не само како нивни Бог туку и како нивни Татко и Пријател. Сметавме дека тоа е многу поважно отколку добро да го научат нашиот јазик“.
14 Самуел додава: „За да останеме духовно јаки, јас и жена ми одевме и на состаноците на нашиот јазик. Бевме многу зафатени и изморени. Но му благодариме на Јехова за тоа што ги благослови нашите жртви и нашиот труд. Денес, нашите три деца се во полновремена служба“.
ШТО МОЖАТ ДА СТОРАТ МЛАДИТЕ
15. Зошто Кристина сметала дека ќе биде подобро да служи во собрание на локалниот јазик?
15 Кога децата ќе пораснат, можеби ќе сфатат дека можат подобро да му служат на Јехова во собрание во кое се користи јазикот кој најдобро го разбираат. Во таков случај, родителите не треба да се чувствуваат како децата да ги отфрлаат. Кристина се сеќава: „Имав основно познавање на јазикот на моите родители, но тешко ја разбирав програмата на состаноците. На 12 години присуствував на конгрес кој се одржуваше на јазикот што се користеше во моето училиште. Тогаш за првпат сфатив дека тоа што го слушам е вистината! Друга позитивна промена се случи кога почнав да се молам на јазикот што се зборуваше во моето училиште. Конечно можев од срце да му се молам на Јехова!“ (Дела 2:11, 41). Кога наполнила 18 години, Кристина разговарала со родителите и одлучила да се префрли во собрание на локалниот јазик. Таа вели: „Тоа што учев за Јехова на јазикот што се користеше на училиште ме поттикна да правам повеќе“. За кратко време, Кристина почнала да служи како општ пионер и е многу среќна.
16. Зошто Надја е среќна што останала во собранието во кое се користел јазикот на нејзините родители?
16 Млади, дали мислите дека е подобро да се префрлите во собрание на локалниот јазик? Ако е така, зошто го сакате тоа? Дали ќе ви помогне да се зближите со Јехова? (Јак. 4:8). Или можеби сакате да се преселите за родителите да не гледаат сѐ што правите или за да вложувате помалку труд? „Кога влеговме во тинејџерски години, јас, брат ми и моите сестри сакавме да се преселиме во собрание на локалниот јазик“, вели Надја, која сега служи во Бетел. Но, нејзините родители знаеле дека тоа лошо ќе се одрази врз духовноста на децата. „Сега сме благодарни што нашите родители многу се трудеа да нѐ поучат за нивниот јазик и што останавме во собранието на тој јазик. Тоа ни го збогати животот и ни даде повеќе можности да им помагаме на други да го запознаат Јехова.“
КАКО МОЖАТ ДРУГИТЕ ДА ПОМОГНАТ
17. а) Кому Јехова му ја дал одговорноста да ги воспитуваат децата? б) Кој може да им помогне на родителите да ги поучат децата за вистината?
17 Јехова им дал одговорност на родителите да ги поучуваат своите деца за вистината. Тој не им ја дал таа одговорност на нивните дедовци и баби, ниту на некој друг. (Прочитај Изреки 1:8; 31:10, 27, 28.) Сепак, на родителите кои не го знаат локалниот јазик можеби ќе им треба помош од некој друг за да допрат до срцето на децата. Кога ќе побараат таква помош, не мора да значи дека сакаат да ја избегнат својата одговорност. Тоа може да го прават со желба подобро да ги воспитаат своите деца во склад со Јеховините мерила (Еф. 6:4). На пример, родителите можеби ќе ги замолат старешините во собранието да им дадат предлози како да ја водат Семејната вечер и да им помогнат да најдат добри пријатели за своите деца.
18, 19. а) Како можат други духовно зрели браќа и сестри да им помагаат на децата? б) Што мора и понатаму да прават родителите?
18 За да им помогнат на децата, родителите можат повремено да поканат други семејства на Семејната вечер. Исто така, многу млади учат од другите браќа и сестри кога одат со нив во служба и кога прават други работи заедно (Изр. 27:17). Шен, кој беше спомнат претходно, вели: „Добро се сеќавам на браќата кои ми посветија многу внимание. Кога ми помагаа околу говорите за состаноците, секогаш учев нешто ново. А ми беше убаво и кога се дружевме во слободно време“.
19 Се разбира, оние што се избрани од родителите да им помагаат на децата треба секогаш да ги поттикнуваат децата да покажуваат почит кон своите родители. Ова можат да го направат така што ќе зборуваат позитивно за родителите и нема да ја преземат нивната одговорност да ги воспитуваат децата. Исто така, треба да внимаваат на своето однесување за да не остават впечаток некому во собранието или надвор од него дека прават нешто неисправно во морален поглед (1. Пет. 2:12). Иако родителите можат да побараат помош од другите, сепак тие имаат одговорност да ги поучуваат своите деца за Јехова. Затоа, мора да бидат во тек со она што го прават другите додека им помагаат на нивните деца.
20. Како можат родителите да им помогнат на своите деца да станат верни слуги на Јехова?
20 Родители, молете го Јехова да ви помогне да ја всадите вистината во срцата на вашите деца и дајте сѐ од себе да го направите својот дел. (Прочитај 2. Летописи 15:7.) Нивното пријателство со Јехова нека ви биде поважно од вашите лични желби. Направете сѐ што можете за Божјата Реч да допре до нивното срце. Никогаш немојте да престанете да верувате дека вашето дете може да стане верен слуга на Јехова. Ако децата живеат во склад со Божјата Реч и го следат вашиот добар пример, и вие ќе се чувствувате како апостол Јован кој го рекол следново за своите духовни деца: „За мене нема поголема радост од тоа да чујам дека моите деца живеат според вистината“ (3. Јов. 4).
^ пас. 7 Види ја статијата „Можеш да научиш друг јазик!“ во Разбудете се! од март 2007, страници 10-12.