Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Живејте мудро со оглед на светот

Живејте мудро со оглед на светот

Живејте мудро со оглед на светот

„Живејте мудро спрема оние кои се надвор“ (КОЛОШАНИМА 4:5, „Даничиќ-Караџиќ“).

1. Со што биле соочени раните христијани, и кој совет му го дал Павле на собранието во Колосе?

 РАНИТЕ христијани кои живееле во градовите на Римскиот свет, постојано биле соочени со идолопоклонство, неморално тежнеење по задоволства и пагански ритуали и обичаи. Оние кои живееле во Колосе, град во западниот централен дел на Мала Азија, без сомнение биле соочени со обожавањето на мајка-божица и спиритизмот на месните Фригијци, паганската филозофија на грчките доселеници и јудаизмот на еврејската колонија. Апостолот Павле го советувал христијанското собрание ‚да се однесува благоразумно [мудро, NW]‘ спрема таквите „надворешни“ (Колосјаните 4:5).

2. Зошто треба Јеховините сведоци денес мудро да живеат спрема оние однадвор?

2 Денес Јеховините сведоци се соочуваат со слични погрешни практики, па дури и со полошо. Затоа, и тие треба да покажуваат мудрост во нивните обноски со оние кои се надвор од правото христијанско собрание. Многумина во религиозните и во политичките установи, како и во медиумите, им се спротивставуваат. Некои од нив, било преку отворен напад или, многу почесто, скриено, се обидуваат да го извалкаат добриот глас на Јеховините сведоци и да предизвикаат предрасуди спрема нив. Исто како што раните христијани неправедно биле сметани за фанатичка, па дури и опасна „секта“, Јеховините сведоци денес често се мета на предрасуди и погрешни сфаќања (Дела на св. апостоли 24:14; 1. Петрово 4:4).

Премавнување на предрасудите

3, 4. а) Зошто нема правите христијани никогаш да бидат сакани од светот, но што треба да се трудиме да правиме? б) Што напишала една авторка за Јеховините сведоци кои биле затворени во еден нацистички концентрационен логор?

3 Правите христијани не очекуваат да бидат сакани од светот кој, според апостолот Јован, „лежи во власта на Злобниот“ (1. Иванова 5:19Стварност). Меѓутоа, Библијата ги охрабрува да настојуваат да придобијат поединци за Јехова и неговото чисто обожавање. Тоа го правиме преку директно сведочење, како и со нашето добро однесување. Апостолот Петар напишал: „Имајќи помеѓу себе добри односи среде незнабошците, па тие, кога ве напаѓаат како злотворци, штом ќе ги видат вашите добри дела, да Го прослават Бога во денот на посетата“ (1. Петрово 2:12).

4 Во својата книга Forgive—But Do Not Forget (Прости, но не заборавај), авторката Силвија Салвесен рекла за жените Јеховини сведоци кои биле нејзини цимерки во еден нацистички концентрационен логор: „Овие две, Кете и Маргарете, и многу други, ми помогнаа многу, не само со нивната вера, туку и со практични работи. Тие ни ги набавија првите чисти крпи што ги имавме за нашите рани . . . Накратко, се наоѓавме меѓу луѓе кои ни сакаа добро и кои пријателските чувства ги покажуваа преку нивните постапки“. Какво извонредно сведоштво од „надворешните“!

5, 6. а) Кое дело го врши Христос во денешно време, и што не треба да заборавиме? б) Каков треба да биде нашиот став спрема луѓето од светот, и зошто?

5 Можеме многу да сториме за да ги скршиме предрасудите со мудриот начин на кој се однесуваме кон надворешните. Вистина, живееме во време кога нашиот владејачки Цар, Христос Исус, ги раздвојува луѓето од народите „како што овчарот ги одделува овците од козите [јарците, NW]“ (Матеј 25:32). Но никогаш не смееме да заборавиме дека Христос е Судијата; тој е оној кој одлучува кои се „овците“ а кои „јарците“ (Јован 5:22).

6 Тоа треба да влијае на нашиот став спрема оние кои не се дел од Јеховината организација. Би можеле за нив да размислуваме како за световни луѓе, но тие се дел од светот на човештвото којшто „Бог толку го возљуби . . . што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има вечен живот“ (Јован 3:16). Далеку е подобро луѓето да ги сметаме за потенцијални овци отколку арогантно да одлучиме дека се јарци. Некои кои порано насилно се спротивставувале на вистината, сега се предадени Сведоци. А многумина од нив, пред да одговорат на какво и да е директно сведочење, прво биле придобиени преку дела на доброљубивост.

Ревносни, а не агресивни

7. Каков критицизам изразил папата, но што би можеле да се прашаме?

7 Папата Јован Павле II ги критизирал сектите во глобала, а посебно Јеховините сведоци, кога изјавил: „Скоро агресивната ревност со која некои бараат нови приврзаници, одејќи од куќа до куќа, или запирајќи минувачи на аглите од улиците, претставува секташки фалсификат на апостолската и мисионерската ревност“. Би можело да се постави прашање: Ако нашето е „фалсификат на апостолската и мисионерската ревност“, тогаш каде може да се најде вистинска евангелизаторска ревност? Сигурно не меѓу католиците, ниту пак, што се однесува до тоа, меѓу протестантите или членовите на православните цркви.

8. Како треба да го вршиме нашето сведочење од куќа до куќа и на каков резултат можеме да се надеваме?

8 Сепак, за да го побиеме секое обвинение за агресивност во нашето сведочење, треба секогаш да бидеме љубезни, полни со почит и учтиви кога им пристапуваме на луѓето. Ученикот Јаков напишал: „Кој е меѓу вас мудар и умен, нека ги покаже преку своето добро однесување делата свои во кротост и мудрост“ (Јаков 3:13). Апостолот Павле нѐ опоменува ‚да не се караме‘ (Тит 3:2). На пример, наместо веднаш да ги осудиме верувањата на некое лице на кое му сведочиме, зошто да не покажеме искрен интерес за неговите или нејзините гледишта? Потоа кажи му ја на лицето добрата вест како што стои во Библијата. Ако усвоиме позитивен пристап и покажеме должен респект спрема луѓето кои имаат поинакви верувања, ќе им помогнеме да имаат подобар мисловен став да слушаат и можеби ја распознаат вредноста на библиската порака. Резултатот може да биде некои да почнат да го ‚слават Бога‘ (1. Петрово 2:12).

9. Како можеме да го примениме советот што го дал Павле а) во Колосјаните 4:5? б) во Колосјаните 4:6?

9 Апостолот Павле советувал: „Спрема надворешните однесувајте се благоразумно, ползувајќи го времето“ (Колосјаните 4:5). Објаснувајќи го последниов израз, Џ. Б. Лајтфут напишал: „Не пропуштајте ниедна прилика да кажете или да направите нешто што би можело да го унапреди Божјето дело“ (нагласено од нас). Да, мораме да бидеме спремни со зборови и дела во погодното време. Таквата мудрост исто така вклучува да избереме прикладно време од денот за правење посети. Ако нашата порака е одбиена, дали е тоа затоа што луѓето не ја ценат или затоа што ние сме дошле во време кое веројатно било неприкладно? Павле исто така напишал: „Зборот ваш секогаш да биде благодатен, зачинет со сол, за да знаете како треба на секого да му одговарате“ (Колосјаните 4:6). Тоа бара промисленост и вистинска љубов кон ближниот. Секогаш да ја нудиме пораката за Царството со благодат.

Полни со почит и „готови за секое добро дело“

10. а) Кој совет им го дал Павле на христијаните кои живееле на Крит? б) Како биле примерни Јеховините сведоци во следењето на Павловиот совет?

10 Не можеме да правиме компромиси со библиските начела. Од друга страна, не би требало непотребно да се препираме околу прашања кои не вклучуваат христијанска беспрекорност. Апостолот Павле напишал: „Напомнувај им [на христијаните на Крит] да се покоруваат на началствата и властите, да бидат готови за секое добро дело, никого да не хулат, да не се караат, туку да бидат мирни, и да покажуваат секаква кротост кон сите луѓе“ (Тит 3:1, 2). Библичарот Е. Ф. Скот за овој извадок напишал: „Не само што христијаните требало да ги слушаат властите, туку тие морале да бидат спремни за секакво добро дело. Тоа . . . значи кога околностите тоа го барале, христијаните требало да бидат меѓу првите кои покажуваат грижа за општото добро. Секогаш ќе има избувнувања на пожари, епидемии, несреќи од разни видови, кога сите добри граѓани ќе сакаат да им помогнат на ближните“. Низ светот имало многу примери кога се случувале несреќи и кога Јеховините сведоци биле меѓу првите кои пружиле помош. Тие не им помагале само на своите браќа, туку и на надворешните.

11, 12. а) Како треба христијаните да постапуваат спрема властите? б) Што вклучува подложноста на властите кога се работи за градење на Царски сали?

11 Истиот овој извадок од Павловото писмо до Тит ја подвлекува важноста да се усвои став на почит кон властите. Младите христијани кои поради својот став спрема неутралноста излегуваат пред судии, би требало посебно да имаат на ум мудро да се однесуваат спрема оние однадвор. Тие можат многу да направат за да го поправат или расипат добриот глас на Јеховиниот народ со својот изглед, држењето и начинот на кој зборуваат со властите. Би требало ‚да му даваат чест на оној што му должат чест‘, а нивната одбрана да ја изнесуваат со длабоко почитување (Римјаните 13:1-7; 1. Петрово 2:17; 3:15).

12 „Властите“ ги вклучуваат локалните владини службеници. Сега кога се градат сѐ повеќе и повеќе Царски цали, службените односи со месните власти се неминовни. Често, старешините наидуваат на предрасуди. Но било забележано дека таму каде што собраниските претставници воспоставиле добар однос со властите и соработувале со урбанистичката комисија, тие предрасуди можело да се разбијат. Честопати било дадено убаво сведоштво на луѓе кои претходно знаеле само малку или ништо за Јеховините сведоци и нивната порака.

‚Ако е можно, имајте мир со сите‘

13, 14. Кој совет им го дал Павле на христијаните во Рим, и како можеме да го примениме во нашите односи со надворешните?

13 На христијаните кои живееле во паганскиот Рим, Павле им го дал следниот совет: „Никому не враќајте зло за зло, а размислувајте за тоа што е добро пред сите луѓе. Ако е можно, доколку тоа зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе. Не одмаздувајте се, возљубени туку дајте му место на Божјиот гнев. Оти е напишано: ‚Одмаздата е Моја. Јас ќе отплатувам — вели Господ‘. И така, ако непријателот твој е гладен, нахрани го; ако е жеден, напој го; оти, правејќи го тоа, ти ќе му натрупаш жар на главата негова. Не позволувај злото да те победи, туку победи го злото со добро“ (Римјаните 12:17-21).

14 Во нашите односи со надворешните, како прави христијани неизбежно наидуваме на противници. Во горниот извадок, Павле покажува дека мудар пат е да настојуваме противењата да ги свладаме преку љубезни постапки. Како огнен жар, овие љубезни дела можат да го стопат непријателството и да го придобијат противникот да има пољубезен став спрема Јеховиниот народ, можеби дури и да го поттикнат неговиот интерес за добрата вест. Кога тоа ќе се случи, злото е победено со добро.

15. Кога треба христијаните особено да внимаваат да живеат мудро спрема оние однадвор?

15 Мудрото живеење спрема оние однадвор е особено важно во домови каде што едниот од брачните партнери сѐ уште не ја прифатил вистината. Придржувањето кон библиските начела прави подобри сопрузи, подобри сопруги, подобри татковци, подобри мајки и деца кои се попослушни и кои помарливо учат во училиштето. Неверникот треба да биде во можност да го види здравиот учинок што го имаат врз верникот библиските начела. Така, некои би можеле „да бидат придобиени без збор со однесувањето“ на предадените членови на семејството (1. Петрова 3:1, 2Ст).

‚Да им правиме добро на сите‘

16, 17. а) Со кои жртви му се угодува на Бог? б) Како треба „да им правиме добро“ на нашите браќа а и на оние однадвор?

16 Најголемото добро што можеме да им го направиме на нашите ближни е да им ја пренесеме пораката на животот и да ги поучиме за помирувањето со Јехова преку Исус Христос (Римјаните 5:8-11). Затоа апостол Павле ни вели: „Преку Него [Христа], пак, секогаш да Му принесуваме на Бога пофална жртва, односно плод од усните, што го прославуваат [даваат јавна изјава за, NW] името Негово“ (Евреите 13:15). Павле додава: „А доброчинството и милосрдноста [делењето на работите, NW] не ги заборавајте, зашто таквите жртви Му се угодни на Бога“ (Евреите 13:16). Покрај нашето јавно сведочење, не би требало да го заборавиме „доброчинството“. Тоа е составен дел од жртвите со кои му се угодува на Бог.

17 Се разбира, им правиме добро на нашите духовни браќа кои можеби се во емоционална, духовна, физичка или материјална тегоба. Павле го покажал тоа кога напишал: „Додека имаме [поволно, NW] време, да им правиме добро на сите, а најмногу на своите по вера“ (Галатјаните 6:10; Јаков 2:15, 16). Меѓутоа, не би смееле да ги заборавиме зборовите: „Да им правиме добро на сите“. Еден чин на доброљубивост спрема некој роднина, сосед или колега на работа би можел многу да придонесе да се скрши предрасудата и да му се отвори срцето за вистината.

18. а) Кои опасности би требало да ги избегнуваме? б) Како можеме нашата христијанска доброта да ја употребиме како поддршка за нашето дело на јавно сведочење?

18 За да го постигнеме тоа, не мораме да склопуваме блиски пријателства со оние однадвор. Таквите дружења претставуваат потенцијална опасност (1. Коринтјаните 15:33). А немаме намера да се спријателуваме со светот (Јаков 4:4). Но нашата христијанска доброта може да го поддржи нашето проповедање. Во некои земји станува сѐ потешко да се зборува со луѓето во нивните домови. Некои станбени згради се заштитени со уреди кои нѐ спречуваат да контактираме со станарите. Во развиените земји телефонот нуди широки можности за проповедање. Во повеќето земји може да се сведочи на улица. Сепак, во сите земји, со пријатноста, учтивоста, љубезноста и помагањето на другите се отвораат прилики да ги скршиме предрасудите и да дадеме извонрено сведоштво.

Да се замолчат противниците

19. а) Бидејќи не бараме да им угодуваме на луѓето, што можеме да очекуваме? б) Како би требало да настојуваме да го следиме Даниеловиот пример и да го применуваме Петровиот совет?

19 Јеховините сведоци ниту им угодуваат на луѓето ниту се плашат од нив (Соломонови изреки 29:25а; Ефесјаните 6:6). Тие потполно увидуваат дека и покрај сите нивни напори да бидат примерни даночни обврзници и добри граѓани, противниците ќе шират злобни лаги и ќе говорат за нив со омаловажување (1. Петрово 3:16). Имајќи го ова на ум, тие се трудат да го имитираат Даниел, за кого неговите непријатели рекле: „Нема да најдеме причина против Даниила, ако не најдеме против него нешто во Законот на неговиот Бог“ (Даниил 6:5). Никогаш нема да се компромитираме со библиските начела за да им угодиме на луѓето. Од друга страна, ние не бараме мачеништво. Настојуваме да живееме мирољубиво и да го следиме апостолскиот совет: „Ова е волјата Божја: правејќи добро да ги замолчите неоснованите дрдорења на безумните луѓе“ (1. Петрова 2:15Ст).

20. а) Во што сме уверени и какво охрабрување ни дал Исус? б) Како можеме да продолжиме мудро да живееме спрема оние однадвор?

20 Ние сме уверени дека нашиот став на одделеност од светот е во потполн склад со Библијата. Тој е поткрепен со историјата на христијаните од првиот век. Охрабрени сме со Исусовите зборови: „Во светот ќе имате маки; само не бојте се, зашто Јас го победив светот“ (Јован 16:33). Ние не се плашиме. „Всушност, кој е тој што може да ви наштети ако бидете ревносни за доброто? Но, дури и ако треба да трпите заради праведност, среќни сте. Меѓутоа, не плашете се од она од кое се плашат тие, ниту се вознемирувајте. Туку светете го Христос како Господ во вашите срца, секогаш готови за одбрана пред секого кој бара причина за надежта во вас, но тоа правете го со благост и длабоко почитување“ (1. Петрово 3:13-15NW). Додека постапуваме на овој начин, ќе продолжиме да живееме мудро спрема оние однадвор.

За повторување

◻ Зошто Јеховините сведоци треба да живеат мудро спрема оние однадвор?

◻ Зошто правите христијани не можат никогаш да се надеваат да светот да ги сака, но што треба да се трудат да прават?

◻ Каков треба да биде нашиот став спрема луѓето од светот, и зошто?

◻ Зошто би требало ‚да им правиме добро‘ не само на нашите браќа туку и на оние однадвор?

◻ Како може мудрото живеење спрема оние однадвор да ни помогне во нашето дело на јавно сведочење?

[Прашања]

[Слика на страница 18]

Лево: Правите христијани во Франција им помагаат на своите соседи после една поплава

[Слика на страница 20]

Христијанските дела на доброљубивост можат многу да сторат за да се скршат предрасудите

[Слика на страница 23]

Христијаните треба да бидат „готови за секое добро дело“