Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Таа ја пронашла смислата на животот

Таа ја пронашла смислата на животот

Објавителите на Царството известуваат

Таа ја пронашла смислата на животот

ИСУС вели дека ги познава своите овци (Јован 10:14). Ако некој има добро срце и љубов кон мир и праведност, ќе биде привлечен кон следбениците на Исус и ќе ја пронајде смислата на животот, како што ја пронашла една жена од Белгија. Таа раскажува:

„Кога Јеховините сведоци ми затропаа на врата, бев многу депримирана и размислував како да си го одземам животот. Ми се допадна она што Сведоците го рекоа како решение за проблемите на овој болен свет, но не ми се допадна идејата дека и Бог е вмешан во сето тоа. Во црква престанав да одам уште пред осум години, бидејќи го мразев лицемерството кое го видов таму. Меѓутоа, кај Сведоците препознав звук на вистина во она што тие го зборуваа и сфатив дека, на крајот на краиштата, дека без Бог е тешко да се живее.

За несреќа, после неколку посети, го загубив контактот со Сведоците. Се чувствував мизерно. Пушев по две кутии цигари дневно и почнав дури да земам дрога. Со желба да комуницирам со мојот мртов дедо, почнав да се занимавам со спиритизам. Колку бев преплашена кога, како последица на тоа, ноќе сама ги доживував нападите на демоните! Тоа траеше со месеци. Секоја вечер бев ужасена од помислата да бидам сама.

Еден ден, кога одев на работа по друг пат, а не по оној по кој обично одев, дојдов до едно огромно здание. На мое изненадување, видов едно големо мноштво. Кога се приближив, забележав дека тоа беа Јеховини сведоци кои работат на изградба на Царска сала. Се сетив кога Сведоците ме посетуваа дома и си помислив колку би било прекрасно кога целиот свет би живеел како овие луѓе.

Навистина сакав Сведоците повторно да дојдат кај мене дома, па затоа зборував со еден од оние кои работеа на салата. Се молев на Бог, и десет дена подоцна човекот со кого стапив во контакт на почетокот, беше на мојата врата. Предложи да продолжиме со библиска студија, и јас радосно се согласив. Веднаш ме покани на состаноците во Царската сала. Прифатив. Никогаш немав видено таква глетка! Толку долго барав луѓе кои меѓусебно се сакаат и се среќни, и најпосле ги најдов!

Оттогаш почнав да одам на сите состаноци. После отприлика три недели, престанав со лошата навика да пушам. Ги фрлив книгите со астрологија и плочите со сатанистичка музика, и можев да почувствувам дека демоните повеќе немаат моќ над мене. Го подложив својот живот на Јеховините библиски мерила и, после три месеци, почнав да ја проповедам добрата вест. После шест месеци се крстив. Два дена после крштението започнав како помошен пионер.

Му благодарам на Јехова за сите добри работи кои ги сторил за мене. Мојот живот конечно има смисла. Да, Јеховиното име е цврста кула во која јас најдов засолниште и заштита (Соломонови изреки 18:11). Навистина се чувствувам како и псалмистот кога го напишал Псалм 83:10: „Зашто еден ден во Твоите дворови е подобар отколку — илјада дни надвор. Повеќе сакам да бидам на прагот пред Божјиот дом, отколку да живеам во населбите на грешниците“.

Оваа жена со кротко срце ја пронашла смислата на животот. Така може и секој кој има добро срце и кој го бара Јехова.