Обединети на најдобриот пат на живот
Обединети на најдобриот пат на живот
Ако бројот на светското население продолжи да расте, наскоро на Земјата ќе има шест милијарди луѓе. Иако сите потекнуваат од еден заеднички предок, се чини дека повеќето не признаваат дека се членови на едно глобално семејство и дека се одговорни пред Творец кој е мудар и полн со љубов. Неединството и борбите меѓу нациите, расите и културите даваат тмурно сведоштво за оваа жалосна состојба.
СО ОГЛЕД на сегашните светски околности, се чини дека глобалното единство е недостижна цел. The Columbia History of the World наведува: „На прашањето како да се живее заедно, кое е многу важно, современиот свет нема да понуди ниту една единствена нова идеја, ниту една“.
Меѓутоа, за да се постигне единство меѓу сите жители на Земјата, не треба некоја нова идеја. Патот до единството е изложен во Светото писмо. Тој се сосредоточува на обожавањето на Оној кој ја создал Земјата и целокупниот живот на неа. Вистинското единство во мислењето, целта и начинот на живот, веќе постои меѓу Божјиот народ. Броејќи над пет и пол милиони луѓе во 233 земји, тие се обединети во своето уверување дека Божјиот пат на живот е најдобриот пат. Слично на псалмистот, тие се молат: „Поучувај ме, о Јехова, за твојот пат. Ќе одам во твојата вистина. Обедини ми го срцето да се плаши од твоето име“ (Псалм 86:11, NW).
Ова обединување на луѓето во чистото обожавање уште одамна го претскажал пророкот Исаија. Тој напишал: „И ете, во последните дни гората на домот Господов ќе биде поставена на врвот од планините и ќе се возвиси над ридовите, ќе појдат кон неа сите народи. Исаија 2:2, 3).
Ќе тргнат многу народи и ќе речат: ‚Дојдете, да се искачиме на гората Господова, во домот на Бога Јаковов; Он ќе нѐ научи на Своите патишта, и ќе одиме по патеките Негови‘“ (Единството на Јеховините сведоци е нешто посебно. Од седмица во седмица тие се хранат со истата духовна храна на своите состаноци во над 87.000 собранија ширум светот (Матеј 24:45—47). Меѓутоа, од средината на 1998 па сѐ до почетокот на 1999, Сведоците го покажаа своето единство и на еден друг начин — ширум светот се собраа на своите тридневни конгреси „Божјиот пат на живот“. Во 13 земји овие собири вклучуваа големи делегации од различни земји и беа наречени меѓународни конгреси. Другите беа назначени како обласни конгреси. Но, на сите овие конгреси беше изнесена истата програма на духовно добри работи.
Колку само беше пријатно да се видат среќните, убаво облечени делегати кои се слеваа во аудиториумите и стадионите за да бидат поучени од Јехова! Карактеристично беше она што го изјави една жена делегат на меѓународниот конгрес што се одржа во Мичиген (САД). Таа рече: „Беше многу радосно кога гледавме како наши браќа од целиот свет — Република Чешка, Барбадос, Нигерија, Унгарија, Англија, Холандија, Етиопија, Кенија и од многу други земји — се прегрнуваа едни со други! Беше прекрасно да се види како браќата живеат заедно во единство, леејќи солзи радосници поради љубовта која ја имаат еден кон друг и кон својот голем Бог, Јехова“. Следната статија ќе ја разгледа конгресната програма во која уживаа милиони лица ширум Земјата.
[Извор на слика на страница 3]
Mountain High Maps® Copyright © 1997 Digital Wisdom, Inc.