Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Борба околу едно „свето“ место

Борба околу едно „свето“ место

Борба околу едно „свето“ место

НА 15 јули 1099, Првата крстоносна војна овластена од римскиот папа, ја постигнала својата цел — ја презела контролата над Ерусалим. Колежот бил ужасен! Единствени преживеани жители биле управителот и неговиот телохранител, и тоа откако било платено големо мито. Во својата книга The Crusades, свештеникот Ентони Бриџ известува што се случило со останатите муслимански и еврејски жители: „Штом на крстоносците им било дозволено да се олабават во градот, тие подлегнале на една огромна и ужасна страст за крв . . . Го убивале секој маж, жена и дете кое ќе го нашле во градот . . . Кога веќе немало кого да убиваат, победниците отишле во поворка низ градските улици . . . до Црквата на светата гробница за да му изразат благодарност на Бог“.

Од победата на крстоносците, присуството на христијанскиот свет во Ерусалим било одбележано со неслагање меѓу римокатоличката, источната православна и другите таканаречени христијански религии. Во 1850, еден спор меѓу водачите на различни цркви заради светите места во Ерусалим и неговата околина, бил главниот фактор кој водел до Кримската војна. Англија, Франција и Отоманската држава се бореле против Русија по цена на половина милион животи.

Војната не донела крај на недоразбирањата во христијанскиот свет околу Ерусалим и неговите свети места. Турците, кои ја контролирале земјата тоа време, се обиделе да донесат мир на тој начин што ги поделиле светите места меѓу различните вери. „Ова начело“, објаснува д-р Менаше Хар-ел во својата книга This Is Jerusalem, „беше прифатено . . . од Обединетите нации со Резолуцијата за поделба од ноември 1947. На тој начин, тоа е дел од меѓународниот закон“. Како резултат на тоа, Црквата на светата гробница била поделена меѓу римокатолиците, православните Грци, Ерменците, Сиријците и Коптите. На крај, Етиопјаните полагале право на оваа црква бидејќи некои нивни членови живееле во колиби на покривот. Многумина гледале на Црквата на светата гробница како на најсвето место во христијанскиот свет. Таа е полна со олтари, слики и икони. Некои протестанти почитуваат едно друго таканаречено свето место, Гордонова калварија, како наводна локација каде што Исус бил погубен и погребан.

На една жена која верувала во светите места, Исус уште одамна ѝ кажал: „Иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате на Отецот . . . вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот со дух и вистина“ (Јован 4:21—24). Затоа, вистинските христијани не ги возвишуваат светите места. Уништувањето на неверниот Ерусалим од страна на римските војски во 70 н. е. стои како предупредување за христијанскиот свет. Неговото идолопоклонство, поделби и вина за крв го побиваат неговото тврдење дека е христијански. Затоа, тој ќе ја доживее судбината која ја претскажал Бог за сите религии кои го сочинуваат Големиот Вавилон (Откровение 18:2—8).