Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Дали размислуваш за брак?

Дали размислуваш за брак?

Дали размислуваш за брак?

Ако глобалниот феномен на разводи го споредиме со земјотрес, тогаш Соединетите Држави се наоѓаат во епицентарот. Во една од изминатите години, таму биле раскинати повеќе од еден милион бракови — просечно по два секоја минута. Но, веројатно ти си свесен дека Соединетите Држави не се единствени по брачната мизерија.

СПОРЕД една студија, од 1970 па наваму, стапките на развод во Канада, Англија и Велс, Франција, Грција и Холандија се зголемиле за повеќе од двапати.

Ја имаме секоја причина да веруваме дека повеќето парови стапуваат во брак бидејќи се љубат и сакаат остатокот од животот да го поминат заедно. Меѓутоа, за жал, сонот за среќен брак честопати се покажува само тоа — сон. Откако се разбудиле во стварноста, многумина рекле дека се венчале пребрзо или се венчале со погрешна личност или, пак, и едното и другото.

Зошто толку многу бракови пропаѓаат? „Главна причина е недостигот на подготовка“, вели авторката на една книга за додворувањето. Таа додава: „Додека работам со парови кои се мачат со брачни неволји, ме обземаат две чувства — сожалување и лутина. Сожалување чувствувам бидејќи не ги откриле своите сништа за взаемен задоволителен однос. Лутина чувствувам поради нивното непознавање на сложеноста на таа задача“.

Навистина, многумина стапуваат во брак со мала или никаква претстава за тоа како да се направи истиот успешен. Сепак, тоа воопшто не изненадува. Еден воспитувач забележал: „Колкумина од нашите младинци поминуваат низ факултетот учејќи за однесувањето на стаорците и гуштерите, но пропуштаат да научат за однесувањето на двајца луѓе кои се викаат сопруг и сопруга?“

Дали размислуваш за брак — било за можен иден брак било за бракот во кој веќе си? Ако да, треба да бидеш свесен дека стварниот однос е далеку поинаков од оној кој се прикажува во филмовите, на телевизиските шоу-програми и во љубовните романи. Истовремено, бракот на двајца зрели луѓе кои навистина се љубат може да се смета за благослов од Бог (Изреки 18:23; 19:14). Тогаш, како можеш да бидеш сигурен дека ти си подготвен да ги задоволиш барањата за брак? Кои фактори треба да ги разгледаш кога избираш партнер? Или, ако веќе си во брак, како можеш да ја зголемиш веројатноста да најдеш трајна среќа во својот брак?