Книга на мудрост со порака за денес
Книга на мудрост со порака за денес
„ПОЛНА торба со мудрост е повредна од торба полна со бисери“ (NW), забележал древниот патријарх Јов, кој несомнено бил еден од најбогатите луѓе во негово време (Јов 1:3; 28:18; 42:12). Точно, кога станува збор да му се помогне на некое лице да го направи својот живот успешен, мудроста е далеку повредна од материјалните поседи. „Мудроста служи за заштита, исто како што и парите служат за заштита“, рекол мудриот цар Соломон, „но предноста на спознанието е во тоа што мудроста ги чува во живот оние што ја поседуваат“ (Проповедник 7:12, NW).
Но, каде може да се најде таква мудрост денес? За совет во врска со своите проблеми луѓето се обраќаат кај советници во весници, психолози, психијатри, па дури и кај фризери и таксисти. А безброј експерти се спремни да делат совети на речиси секоја тема — за прикладен хонорар. Но честопати, таквите зборови на „мудрост“ воделе само до разочарување, па дури и до катастрофа. Тогаш, како можеме да најдеме вистинска мудрост?
Исус Христос, кој имал голем увид во човечките работи, еднаш рекол: „Се оправда Премудроста со своите дела“ (Матеј 11:19). Да обрнеме внимание на некои општи проблеми во животот на луѓето и да видиме кои зборови на мудрост навистина им помогнале и се докажале како повредни од ‚торба полна со бисери‘. Можеби и ти можеш да ја најдеш таа „торба полна со мудрост“ и да извлечеш корист од неа.
Дали страдаш од депресија?
„Ако 20-от век најавил Ера на тегобна грижа, тогаш неговиот крај сведочи за осамнување на Ерата на меланхолија“, забележува International Herald Tribune од Лондон. Тој додава дека „првата меѓународна студија за сериозна депресија открива рамномерен пораст на тоа растројство ширум светот. Во нации кои се толку различни како, на пример, Тајван, Либан и Нов Зеланд, секоја наредна генерација станува сѐ поранлива на таа болест“. Се вели дека кај оние кои се родени после 1955 година постои трипати поголема веројатност да страдаат од напади на сериозна депресија отколку нивните баби и дедовци.
Тоа било случај со Томое која страдала од сериозна депресија и поголемиот дел од времето го минувала в кревет. Бидејќи не можела да се грижи за својот двегодишен син, повторно се преселила во домот на нејзините родители. Наскоро една сосетка, чија ќерка била врсничка на синот на Томое, се спријателила со неа. Кога Томое ѝ кажала на сосетката колку безвредно се чувствува, сосетката ѝ покажала текст од една книга. Тој гласел: „Не може окото да ѝ рече на раката: ‚Не си ми потребна‘, ниту, пак, главата на нозете: ‚Не сте ми потребни‘. Напротив, оние органи од телото, кои ни изгледаат послаби, се многу попотребни“. a На Томое ѝ навреле солзи на очите кога сфатила дека секој си има свое место во светот и дека е потребен.
Сосетката ѝ препорачала да ја испита книгата во која се наоѓале тие зборови. Томое кимнала во знак на одобрување, иако сѐ дотогаш не била во можност да направи ништо, па дури ни да се обврзе да даде едно обично ветување. Исто така, сосетката ѝ помагала во купувањето и секој ден подготвувала оброци со Томое. После еден месец, Томое веќе станувала секое утро, перела, ја чистела куќата, купувала и ги подготвувала оброците како и секоја друга домаќинка. Морала да совлада многу тешкотии, но рекла: „Бев уверена дека само ако ги следам зборовите на мудроста што ја најдов, ќе ми биде добро“.
Применувајќи ја мудроста што ја нашла, Томое ги пребродила мрачните денови на својата депресија. Сега таа работи полновремено помагајќи им на другите да ги применуваат истите зборови кои ѝ овозможиле да излезе на крај со своите проблеми. Тие зборови на мудрост се наоѓаат во една древна книга која има порака за сите луѓе денес.
Дали се соочуваш со домашни проблеми?
Ширум светот се зголемува стапката на разводи. Домашните проблеми се зголемуваат
дури и во ориенталните земји, каде што луѓето некогаш биле горди на своите тесно поврзани семејства. Каде можеме да најдеме мудро водство за бракот, а кое во исто време е делотворно?Разгледај го случајот на Шуго и Михоко, брачен пар кој имал бескрајни брачни проблеми. Се карале за секаква ситница. Шуго бил избувлив, а Михоко му се нафрлала секогаш кога тој ќе ѝ најдел грешка. Таа дури си помислувала: ‚Не е возможно да се сложуваме во сѐ‘.
Еден ден кај Михоко дошла една жена и од една книга ѝ ги прочитала овие зборови: „Сѐ она што сакате да ви прават луѓето, правете им го и вие“. b Иако не била заинтересирана за религија, Михоко се сложила да ја проучува книгата во која се наоѓале тие зборови. Била заинтересирана да го подобри својот семеен живот. Затоа, кога била поканета да присуствува на еден состанок каде што се дискутирало за публикацијата со наслов Породични живот учинити срећним, Михоко — а и нејзиниот сопруг — спремно прифатиле. c
На состанокот, Шуго забележал дека присутните всушност го применувале она што го учеле и дека изгледале среќни. Решил да ја испита книгата што ја проучувала неговата сопруга. Наскоро, една изјава го пленила неговото внимание: „Кој е бавен на гнев, има изобилство на проникливост, а оној кој е нестрплив, ја возвишува глупавоста“. d Иако му било потребно време за да го примени тоа начело во својот живот, постепената промена кај него била видлива за оние околу него, вклучувајќи ја и неговата сопруга.
Гледајќи ги промените кај својот сопруг, и Михоко почнала да го применува она што го учела. Едно начело кое се покажало како посебно корисно за неа било ова: „Не судете, за да не бидете судени; оти, со каков суд судите, со таков ќе бидете судени“. e Така, Михоко и нејзиниот сопруг решиле да разговараат за своите добри страни и за тоа како би можеле да се подобрат, а не да си наоѓаат грешки. Каков бил резултатот? Михоко се сеќава: „Тоа вистински ме усреќи. Така правиме секоја вечер за време на вечерата. Дури и нашиот тригодишен син ни се придружува во разговорот. Тоа навистина нѐ освежува!“
Кога ова семејство го спровело во пракса смисловниот совет што го добило, можело да ги преброди проблемите кои го затегнувале нивниот однос до критична точка. Зарем за нив тоа не било повредно од торба полна со бисери?
Дали сакаш да го направиш успешен својот живот?
За мнозина денес, трупањето богатство е животна цел. Сепак, еден богат бизнисмен од Соединетите Држави кој раздал стотици милиони долари за добротворни цели, еднаш рекол: „Парите се привлечни за некои луѓе, но никој не може да носи два пара чевли истовремено“. Малцина се оние кои го признаваат овој факт, а уште помалку се оние кои престануваат да се стремат по богатство.
Хитоши пораснал во сиромаштија, па затоа имал силна желба да биде богат. Откако видел како кредиторите ги вртат луѓето околу својот мал прст, одлучил: „Победник е оној кој ќе фати повеќе пари“. Хитоши толку многу верувал во моќта на парите што мислел дека со нив може да се купат дури и човечки животи. За да натрупа богатство, се посветил на својот водоинсталатерски бизнис и работел во текот на целата година, без да земе ниту еден слободен ден. Иако многу се трудел, наскоро Хитоши сфатил дека тој, како кооперант, никогаш нема да биде толку моќен како набавувачите кои му давале работа. Секој ден се борел со фрустрација и страв од банкротство.
Потоа, на вратата на Хитоши дошол некој човек кој го прашал дали знае дека Исус Христос умрел за него. Бидејќи Хитоши мислел дека никој не би умрел за човек како него, тој бил љубопитен и се сложил на понатамошни дискусии. Следната седмица присуствувал на едно предавање и бил многу изненаден кога ја чул опомената да се ‚задржи едноставно око‘. Говорникот објаснил дека „едноставно“ е она око кое е далекувидо и сосредоточено на духовните работи; од друга страна, пак, едно „злобно“, т. е. „завидливо“ око е сосредоточено само на моменталните телесни желби и е кратковидо. Силно бил трогнат од советот: „Каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше“. f Постои нешто што е поважно од стекнувањето богатство! Никогаш немал чуено такво нешто.
Импресиониран, почнал да го применува она што го учел. Наместо да ринта за пари, почнал духовните вредности да ги става на прво место во својот живот. Исто така, поминувал време грижејќи се за духовната благосостојба на своето семејство. Се разбира, тоа значело помалку време за работа, а сепак бизнисот доживеал поволен пресврт. Зошто?
Како што се одѕивал на советот што го добивал, неговата агресивна личност се менувала во блага и мирољубива. Особено бил импресиониран од опомената: „А сега g Следењето на овој совет не го збогатило, но неговата „нова личност“ им оставила добар впечаток на неговите муштерии и ја здобила нивната доверба и сигурност. Да, зборовите на мудроста што ја нашол, му помогнале да го направи успешен својот живот. За него, тие дословно биле далеку повредни отколку торба полна со бисери или пари.
и вие отфрлете сѐ од себе: гневот, лутината, злобата, хулењето, срамните зборови од својата уста! Не лажете се еден со друг, откако веќе го соблековте стариот човек со неговите дела, и се облековте во новиот [нова личност, NW], кој се обновува во познанието, според образот на својот Создател“.Дали ќе ја отвориш торбата?
Дали можеш да ја идентификуваш торбата полна со мудрост која се покажала толку вредна за поединците во претходно споменатите примери? Тоа е мудроста која се наоѓа во Библијата, книга која има најголем тираж и е најлесно достапна на Земјата. Можеби и ти имаш примерок или можеш лесно да ја набавиш. Меѓутоа, исто како што поседувањето торба полна со вредни бисери и нивното некористење не би му вредело многу на сопственикот, така и самото поседување Библија би било од мала вредност. Зошто, така да се каже, да не ја отвориш торбата и да не го примениш мудриот совет на Библијата и навременото упатство и зошто да не видиш како таа може да ти помогне успешно да се справиш со животните проблеми.
Ако некогаш ти се даде торба полна со бисери, зарем не би бил благодарен и зарем не би се обидел да откриеш кој е твојот добротвор за да можеш да му се заблагодариш? Дали знаеш кој е Дарителот во случајот со Библијата?
Библијата го открива Изворот на мудроста која се наоѓа во неа, кога вели: „Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно“ (2. Тимотеј 3:16). Таа ни кажува и дека „Речта Божја е жива и врши моќ“ (Евреите 4:12, NW). Затоа мудрите зборови кои се наоѓаат во Библијата се навремени и делотворни за нас денес. На Јеховините сведоци ќе им биде драго да ти помогнат да научиш за овој великодушен Дарител, Јехова Бог, со цел да можеш да стекнеш изглед да бидеш корисник на ‚торбата полна со мудрост‘ која се наоѓа во Библијата — книгата на мудрост со порака за луѓето денес.
[Фусноти]
a Цитатот е од 1. Коринтјаните 12:21, 22.
c Објавена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.
d Изреки 14:29 (NW).
f Матеј 6:21—23 (фуснота, NW).
[Рамка/слика на страница 4]
Зборови на мудрост за да се задржи емоционална рамнотежа
„Господи, ако гледаш на беззаконијата, — тогаш кој ќе се одржи, Господи? Но во Тебе има простување“ (Псалм 129:3, 4).
„Весело срце го прави лицето весело, а при срдечна жалост — тоа е натажено“ (Изреки 15:13).
„Не станувај преправеден, ниту се покажувај претерано мудар. Зошто да си нанесеш опустошување?“ (Проповедник 7:16, NW).
„Поблажено е да се дава, отколку да се зема“ (Дела 20:35).
„Гневете се, но не грешете: сонцето да не зајде во гневот ваш“ (Ефесјаните 4:26).
[Рамка/слика на страница 5]
Зборови на мудрост за среќен семеен живот
„Без советување [доверлив разговор, NW] намерите се растураат, а при многу советници тие успеваат“ (Изреки 15:22).
„Срцето на разумниот се здобива со знаење, и увото на мудрите бара знаење“ (Изреки 18:16).
„Како златни јаболка во сребрени резби е збор кажан во вистинско време за тоа“ (Изреки 25:11, NW).
„Трпете се еден со друг и проштавајте си. Ако некој има поплака на некого, како што Христос ви прости, така и вие направете! А над сето тоа облечете се во љубов, која е врска на совршенството“ (Колосјаните 3:13, 14).
„И така, мои возљубени браќа, секој човек нека биде брз во слушањето, а спор во зборувањето, и бавен на гнев“ (Јаков 1:19).
[Рамка/слика на страница 6]
Зборови на мудрост за да се направи животот успешен
„Неисправните мерила се одвратни пред Господа, а точните мерки Нему Му се угодни“ (Изреки 11:1).
„Пред погибел гордоста врви, и пред паѓање — надуеноста“ (Изреки 16:18).
„Она што е разрушен град, без ѕидови, таков е човекот, кој не владее со духот свој“ (Изреки 25:28).
„Не станувај со духот свој брз на гнев, зашто гневот почива во пазувите на безумните“ (Проповедник 7:9).
„Пуштај го лебот свој по водите, зашто по многу дни пак ќе го најдеш“ (Проповедник 11:1).
„Никаков лош збор да не излегува од устата ваша, туку само добар, за издигање каде што треба, за да им принесе благодат на оние што слушаат“ (Ефесјаните 4:29).
[Слика на страница 7]
Проучувањето на Библијата е првиот чекор за да се стане корисник на ‚торбата полна со мудрост‘